Има ли некакво значење што секој, буквално секој сон, било што и каде и да се случува дејството, тоа е ноќно време? Вака е една година.
Да, клучен е и моментот дека специфично си приметил дека е ноќно време (јас на пример ретко сум обрнала внимание дали сон се случува нешто денски или навечер бидејќи за мене немало некое значење). Треба да видиш што точно ти симболизира тебе, какви асоцијации ти буди, како ја доживуваш дихотомијата ден/ноќ итн. Како неколку архетипни насоки, ноќта кореспондира со било што што е неосознаено, мистериозно, потсвесно, често емоционално, смрт, студенило, одраз (како Месечината), мирување и слично. Воедно, ноќта кореспондира и со женската вулва (дихотомија: машки полови органи се јасно видливи, како ден, женските полови органи се, условно кажано, обвиени со темнина).
Синоќа имав убав сон. Се наоѓав во некој друг свет, кој не го сонувам прв пат односно често го сонувам, секогаш е темница таму, боите на градбите се секогаш психоделични но преовладува смарагдна, водата, ако е тоа вода а може и да е нешто радиоактивно, е секогаш дреч зелена и секогаш пазам да не згазам таму. Синоќа се наоѓав меѓу високи градби, имаше и пирамиди, и се искачував по едната, се качив на врв. Во сонот имав друштво од една особа, со која сум расчистил во животот, ми помагаше, и беше со мене на врвот. Валда на некое потсвесно ниво го решавам конфликтот со таа особа, и се ослободувам од теретот на аверзија која ја чувствувам.
Смарагдната боја генерално е асоцирана со смиреност, но тебе може да ти има поинакво значење, или пак да доживуваш некаква дихотомија, амбивалентност во однос на бојата, односно она што го симболизира (објаснето е со текот на текстот). Колку што читам, ја има во 2 тона - на градбите е смарагдна, а водата е дреч зелена. Водата има неколку слични конотации и со ноќта, како што се емоции, потсвест, интуиција и општа феминина енергија. Повторно имаме поистоветување со вулвата (дихотомија: оган - фалус, продира, проектира; вода - вулва, прима, рецептира, како што водата ја „прима“ светлината и ја одразува).
Високите градби, повторно, имаат фалусна конотација. Воедно тоа кореспондира со свеста, свесноста за нешто. Пирамидата ако ја сведеме на 2D, е триаголник (повторно фалусен знак, знак на свест, симболот за оган - триаголник свртен нагоре).
Тоа се горе долу засебните елементи. Е веќе кога таа особа влегува во миксот, јас да би го имала сонот вака би си го интерпретирала: Мојот ум се труди да ја донесе оваа личност во мојата свесност. Имам емоции за неа, но бегам од нив. Се плашам да се соочам со нив бидејќи се чувствувам дека се радиоактивни, односно токсични. Имам потреба да избегам од емоциите што ги имам, од целиот оној несвесен материјал кој го загадува мојот емоционален живот. Им имам ставено негативна конотација на чувствата кои ги имам кон оваа личност. Со искачувањето на пирамидата, мојот ум ја носи оваа личност во мојата свесност. Ме насочува да ја најдам причината зошто водата е радиоактивна. Односот со оваа личност е премногу сведен на рационализирање и она за кое сме свесни, додека емоциите си остануваат тука и, колку пирамиди и да искачиме заедно, водата нема да се прочисти.
Освен тој свет, често сонувам и една палата - смарагдна боја, пак нормално се е темно таму, на многу спратови е, и во средината на секој спрат има коцка, така што од било кој спрат можеш да гледаш нагоре или надоле. Значи сите сонови ми се или во таа палата, или во тој светот со пирамиди и други високи градби.
Да се надополнам дека зелената боја исто така го симболизира елементот на земја, со тоа има силна поврзаност со мајката (земјата - раѓа; мајката - раѓа). Со оглед на тоа дека куќата, во случајов палата, исто така има силна поврзаност со жената, со симболичко влегување во неа преку вратата. На некој начин, влегувањето во таа палата ми симболизира влегување во мајката, во комфортот на утробата каде што нештата се материјализираат (коцката/квадратот/ромбот е од древните времиња симбол на вулва, материјалното, материјализацијата, матер односно мајка, која култивира во својата утроба нешто што е материјално, кое излегува преку вулвата). На крај може да се сведе на несвесното или емоционалниот живот како психички фактор - машко/женските симболи односно симболите за свесно/несвесно и сите останати кореспонденции кои ги имаат, изгледаат особено значајни од ова што го опиша.
Ова со спратовиве е интересно и ме потсетува на mind palace. Различни аспекти од тебе, различни емоции... не знам што се крие на поединечните спратови, тоа што се се гледа од еден до друг спрат може да симболизира дека со една информација, можеш да ги имаш и другите информации, ми дава до знаење дека кога ќе влезеш во простор каде се чувствуваш на одреден начин, веројатно безбедно (како утробата на мајката, нашиот прв дом), ќе имаш уште појасен увид во тоа што се крие на секој спрат, кои емоции, мисли, шеми доведуваат едно до друго.
Види си, врати се свесно во тој или друг сон и живеј го одново, лоцирај ги мислите кои ти прелетуваат, кои сензации ги добиваш во телото, кои емоции ги чувствуваш. Влези во активна, свесна интеракција со сонот (active imagination). Толкувањето на соништа зависи многу од индивидуалните искуства и симболи, така да ете тоа се некои архетипни симболизации кои се појавуваат кај повеќето од нас луѓето уште од почетоците на времето.