Оти во реалност се случува, голем дел од тие „опулените“ вегани не се ни блиску до веганство, затоа и го повторувам
Малку патетично. Пошто имаш толку против веганизам, за некоја причина која нема да ја кажам, и напаѓаш. Ова ти беше најнизок "удар" шо можеше да го дајш зошто ни ја познаваш
@Darling ни па кој било друг на темава. Туку збораш за "некои". Зборај со тие некои каде ќе забележиш вакви однесувања инаку ти е ептен, ептен ниско. Да идеа другите по теми да те бркаа - не. Ти дојде на темава и се најде навреден.
А и тој другар ти шо е 20 години веган - некогаш му бил прв ден. Па 100 дена, па година, па после и над то. И нема лошо во то само да си почнал. За да стигниш до одредена бројка, прво мора да почниш. Нема ништо срамно во то. Минатото е то шо е, минато. Не напрај чоекот шо сме денес и со одлуките кои ги носиме денес макар и најлоши одлуки да сме носеле претходно. Не ова само за јадење вс не јадење месо. Општо го спомнав јер спомнуваш поединечно минато.
Па и да е тренд, преку. Секогаш се пратат трендој и подобро тие трендој да се позитивни наспроти негативни како шо рече
@Bodhidharma. И иако е то субјективно, шо е позитивно, а шо не, моја субјективна реалност е дека ако нешто не е повредено и да не повредваш и измачуваш живи суштества како тренд - тоа е огромен чекор напред и не позитивна, препозитивна промена. Пошто неповредување некој, не можам да најдам ни една причина како е лошо. Да не се повтори tide pod challenge само ќе речам. Пошто и то беше тренд.
----------
И веќе да дам нов правец на темата оти смачено ми е да се тегнам со ниски удари, си земавте нешто за НГ? Малку позитивно.
Мене миксот ленено семе, тиква и орев ми се испразна. Орев имам во огромни залихи па си земав другото и сега ќе ги ставам во сечко. Земав и варен наут конзервиран за салата и од грицки солен сончоглед и индиски орев печен.
Се думав да прам печурка карито шо ставив некоја страна наназад ама некако денес не ми е ден за готвење и веројатно ќе одмрзнам нешто од "резервите" ( имам болоњезе веган, имам meatless meatloaf и веган колбаси). Инаку се думам од кикирите да напрам и домашен путер од кикири ама немам засладувач и некако на "суво" не ми се прај. Имате праено домашен путер од кикири?