liberij
ТЕРИРЕМ
- Член од
- 3 април 2012
- Мислења
- 2.037
- Поени од реакции
- 1.018
Уф! Претпоставувам знаеш дека кажуем од Православен, Христијански аспект ова што ќе го кажам, ако ти е ок, зш засега така знам?@liberij имам едно лаичко прашање.
Ако Бог ја знае иднината, како јас имам слободна волја?
По Христијанството:
Слобода не е просто избор
Слобода = постоење како личност во дијалог, реалција... со друга личност.
Е сеа потешкиот дел, да пробам колку толку да објаснам.
Со тоа што праиш, а Он знае шо ќе направиш, а и ти знаеш дека Он знае, т.е. ствар договор, прецизно дијалог(малку Платон , се зезам), односно Христијанството така Бог го конципирал како заедничко дело, живот-Литургија во есхатонот. Во таа Литургиска Заедница сите сме Едно, но посебни личности воедно со слобода да излезеш кога сакаш од Заедницата, но реално кај би “излегле“ надвор од БОГ..., освен шо му “вртиме грб“. Ова му иде ко трансхуманистички идеал у комбинација со артефишл интелеџенс, само што го праиме без Некој Кој е Совршен(од Христијански агол, Света Троица -Бог), тераме инат на Бог, можеме еве сами да постоиме без Тебе..., иако реално “свесни“ сме и гледаме можна лична човечка трагедија, катастрофа на самоуништување од овој трансхуманистички проект, кој просто е пуста егзистент-желба на човекот да обезбеди вечен живот.
Е сега во историјава наша, која по Христијанство линерано си тече кон Целта, Бог, ние си имаме “приватност“ по дома, праиме ѕидови..., се криеме еден од друг итн., но трансхуманизмот гледаме дека кај да е ќе го ускрати тоа право... итој човечки, цивилизациски порив е своевиден “доказ“ дека сме дијалошки битија, што мене ми се уклапа со Христијанското учење, неможеме да “бегаме“ еден од друг и Другиот(Бог).
Значи во Христијанството, слободата е поставена како личносна категорија што подразбира Вистинска, онтолошка слобода преку која и се постои на слободен начин. Во темата Метафизика го спомнав примерот со Сартр, кој во ресторанот го чека својот пријател што доцни, а тој додека седи во преполната просторија со луѓе, ја доживува како празна, а воедно исполнета со личноста на приајтелот кој сеуште го нема, отсутно-присутен. Ова е само еден егзистенцијален аспект, карактерискитка на личноста..., која вистински се остварува во дијалог, однос, релација..., ова учење тек сега го пелтечи современата психологија, а е синтеза на кападокиските отци од 4 век.
Поентата е како Личност со личност, во дијалог, однос слободно преку сопствената личност да се ОТКРИВАМЕ Еден на друг и едни со други..., ова е наше секојдневие, но за жал немаме сеуште доволно СВЕСТ за ова, дека постоиме буквално на овој начин, не само како материјални тела, биомеханички, единици...Ако Бог ја знае иднината, како јас имам слободна волја? Бог знае точно што ќе направам за пет мин. Како јас одбирам кога тој точно знае што ќе сторам?
На крај, ТИ одбираш, Бог знае, немора да се сложите(во историјава така “функционира“), секој продолжува по свое..., но, ко што спомнав, во есхатонот ( Царстовото Божјо) нема да има такви пречки, бидејќи едноставно ќе се САКАМЕ, разбираме, сложуваме, креираме..., по примерот на Отецот, Синот и Светиот Дух- Света Троица, која така и постои и функционира, а ние сме нејзина „творба“(богови-бесмртни,слободни), која треба да влезе во Таа Заедница-Вечен Живот...