Ipsissimus
P.I.
- Член од
- 23 јули 2010
- Мислења
- 15.582
- Поени од реакции
- 12.949
1. Не знам зошто воопшто ми аргументираш дека телемата не била иста со науката....каде воопшто сум рекол такво нешто? Телемата се фокусира на субјективното, не на објективни и мерливи категории и затоа неможе да биде наука. Нема единица мерка за волја па да ја ставиме во епрувета....1. Јас не реков дека прифаќањето на Законот е како одење на нотар и потпишување договор. Ова е Strawman.
Повторно кажуваш дека Законот се интерпретира субјективно и преносно. Во ред, се сложивме околу тоа. Но јас ти велам друго нешто...
Науката и догмата се разликуваат бидејќи научните сознанија се менуваат со нови истражувања. Научникот не им дава 100% точност на теориите, дури и на тие најсилните. Научникот ги менува и методите со кои добива информации.
Догмите, од друга страна, се базираат на готови списи/доктрини кои се издиктирани од некој непобивлив извор кој знае повеќе од било кој, бил тој Ајваз, Џибрил или Јахве со плочите на Мојсеј. Без разлика дали тие списи ќе бидат толкувани буквално или како формули (Кабалата) кои му влијаат различно секому, кога тие правила и Закони не смеат да се побијат, станува збор за догма. Мислам дека сум доволно разбирлив. Сите учења кои почнуваат од недокажливи премиси кои не може да се тестираат, се псевдонаука според демаркацијата на фалсификација. Ајваз е еквивалент на Џибрил. Верувањето дека Ајваз дало некакви упатства е верување во работи кои се контрадикторни со сегашните сознанија и за кое немаш доказ.
Зборови што доведуваат до различни свесни состојби кај различни луѓе кои различно ги интерпретираат, ја губат својата епистемиолошка вредност. Ако слободата на интерпретација на еден исказ е преголема, а интерпретација преинклузивна, тогаш тој исказ нема никакво значење. Истиот може да значи „Сите китови летаат“ и „Јас јадам палачинка“. Тоа значи дека било кој исказ, колку и да е отворен на интерпретација, не може да биде интерпретиран секако.
Но дали секој ги интерпретира законите како што сака или има подобри начини за нивна интерпретација од други?
2. Ова е спинување. Јас не те прашав како ти го гледаш тоа. Еве, повторно ќе ги поставам прашањата, по определен редослед за да биде појасно прецизирано.
а) Зошто, според тебе, Редот би советувал таква работа?
б) Дали мислиш дека таквиот совет е шовинистички?
в) Доколку некое салафистичко братство би го имало истово начело, само за кафирите, дали би го оценил како нетолерантно?
2. Каде пишува дека телемата треба да биде толерантна? Дека треба да исполнува нечии етички норми и слично? Многу предрасуди имаш.... Јас можам да посочам што е вистина а што не во врска со одредено тврдење или став, не да оставам впечатоци дека сите ги сакам, гушкам....дрн, дрн
Поентата беше да воочам дека нема наложување дека мора да сметаш некого за животно само затоа што не бил член. Објаснив и во кој случај јас сметам некого за животно. Дали некој ќе го смета тоа за нетолерантно, неетичко, шовиностичко и слично е негов проблем.
Последно уредено: