CISS системи (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата Zakon4eto
  • Време на започнување Време на започнување

Zakon4eto

ПОЧЕСЕН ЧЛЕН
Член од
27 август 2011
Мислења
1.377
Поени од реакции
292
Локација
Скопје, Карпош
Барав на форумов ваква тема, но немаше. Имаше чат пат по некое мислење и толку.
Значи темава е за CISS системи кои се вградуваат во принтерите и кога ќе се потроши бојата се надополнува со полнење на тубичките. CISS системите највеќе се користат за Epson принтерите, но постојат и за HP.
Мое прашање е дали некој има принтер со CISS систем, дали е задоволен, дали добро функционира, дали брзо се троши бојата, дали негде во Македонија се продаваат за HP принтери...? :)
 
јас користев ciss системи за мојот епсон R320 и бев презадоволен пошо го користев само за штампање слики и цедејки :) бојата си ја купуваш на литро ... боја и системи имаш во года компјутери зависи од моделот.. единствена мана е кога треба да ги дополнуваш... обично се дополнуваат со шприц и тоа е малце зезнато али со тек на време ке стекнеш искуство и ке треба да пазиш цисот т.е резервоарчето да ти е на место каде што ке биде стабилно... ако нејкеш да кречиш или мењаш теписон :D
 
CISS системи има и во ланком принт, верувам за повеќе брендови. Супер се луѓето.
 
Барав на форумов ваква тема, но немаше. Имаше чат пат по некое мислење и толку.
Значи темава е за CISS системи кои се вградуваат во принтерите и кога ќе се потроши бојата се надополнува со полнење на тубичките. CISS системите највеќе се користат за Epson принтерите, но постојат и за HP.
Мое прашање е дали некој има принтер со CISS систем, дали е задоволен, дали добро функционира, дали брзо се троши бојата, дали негде во Македонија се продаваат за HP принтери...? :)
По ова заклучувам дека само епсон и хп имаат можности за ЦИСС, така?
 
Колку што знам да, ама кај нас нема за HP, гледав само на странски сајтови: http://www.inksystem.com/
--- надополнето: 13 февруари 2013 во 13:08 ---
Имало и за Canon и Brother:

  • CISS for Epson
  • CISS Canon
  • CISS HP
  • CISS for Brother
 
Еј немој да се подадеш случајно да истражуваш повеќе, да не се изненадиш од фактот дека имало и универзални. Ќе ти се урне светот, во депресија ќе паднеш.
 
Ќе може ли некој да ми каже каде во СК може да ми вградат ciss за hp?
 
Види на следниве места.....Анфил, Лаки, Ланком и имаше еден во Кисела Вода кај економското (не ми текнува името на фирмата).
Не секој ХП може да поддржи цисс, зависи од главата на принтерот, ќетриџите и сл. Ако треба да се бушат оригиналните кетриџи (што се глава+танк....се во едно) чест проблем е да прелива, да се запушува главата и други проблеми. Кај Епсон е друга приказна.
Како и да е, јави се на овие места (тие ги знам) и консултирај се дали ќе ти поддржува цисс баш твојот модел што го имаш, види што понуда ќе ти дадат и слично.
 
Ти благодарам друже за советот. Мојот модел е 2130 и има по нет дека може да се надгради со ciss. Знам дека има и соодветна опрема баш за овој модел така што не би требало да прелива, ама сепак у право си - друго е афтермаркет отколку фабрички инсталирано ciss. Ама и ова со цениве нема смисла - за две капки црна боја да не можам ни 10-тина страни обичен текст да испечатам. Имам забележано со боиве буквално за сите модели на печатари се нереални.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom