... не е решение да се напиеш соодветна таблетка да „се смири“ срцето, треба да ја најдеш причината која ти предизвикува таа тахикардија, па дури и во мирување, барем додека се јавиш кај матичната, што мислиш дали нешто во твојот дом нешто „ти пречи“, оти веќе неколку дена мируваш, а ти се јавува тахикардија ?
... да речеме прашина, куче, маче, храна нешто, што би рекле некој алерген што тебе те иритира ...ти се чувствуваш добро, ама алергенот ти предизвикува тахикардија, како ете еден вид алегриски симптом што делува на твоето дишење, а ти го чувствуваш како тахикардија? дали пиеш антиалергиски лекови, да речеме?
и веќе кога сакаш да го „смириш“ срцето еден диазепам од 2мг или можеби лексилим 1,5мг би било дополнително со Вит Б6 поубедливо да се смири покаченото срцево отчукување, додека не се консултираш со матичната!
... ете три во едно,
прво, имаш инфекција/воспаление - коњуктивит, но не е прецизиран причинителот затоа што може да биде бактериски, алергиски или вирусен, за првото треба да се примени антибиотик, за второто антихистаминик (антиалергик), а за третото - ништо, евентуално ако има промена на рожница се дава некој ден кортикостероид со антибиотик,
...тебе ти се дадени капки „Тобрадекс“ (тоа е комбинација од антибиотик тобрамицин и кортикостероид дексаметазон) да аплицираш 3х на ден од 5-7 дена, јас би ти предложила да препрашаш дали е во ред со хиперемија на око толку често во текот на денот и толку долго скоро недела, да капнуваш кортикостероид на око, дали не би било подобро само антибиотик како капките „Тобрекс“ кој содржи само антибиотик тобрамицин, да не прави повеќе штета кортикостероидот?!но не знаеме каков коњуктивит имаш, па можеби добро ти е препишано, ама пак препрашај за сигурно!
„Визол“ преставуваат витамински капки за суви очи, во својот со состав имаат декспантенол (витамин Б5) и хијалуронат, има двоен ефект, го навлажнуваат (подмачкуваат) окото и ја регенерираат површината на надразнетото и иритирано око.
... второ, ти треба подршка за корекција на видот за далеку (кратковид) па ти се дадени наочари со соодветната диоптрија,
...трето, одреден е општо (H52,2) астигматизам, најчесто се носат очила кои имаат цилиндрични стакла (овие стакла изгледаат исто како и сите други, но имаат различна диоптрија под различни агли, затоа имаш х 2 вредности за лево и десно око),