Под итно пиши рецепт колку и да е офтопик....
1 квасец свеж, 3 јајца, половина литар млеко, 1/4 од маргарин, 3 лажици зејтин, 1 рака шеќер (а може и повеќе по вкус), 2 ванилин шеќер, брашно по потреба (да не е тестото тврдо) и ако сакаш додаток махлепи (специјален додаток за милиброд, го има во Веро). Потоа во тестото по желба може да се стави суво грозје киснато во млеко и рендана кора од лимон или пак џем. Тестото стасува, потоа се размесува во плетенки или како ролат и повторно стасува пред печење. Од озгора може да се нароси прав шеќер кога е пооладено за да не се стопи.