Потценети играчи

Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Проценката дали определен играч е потценет или преценет, секогаш ќе зависи од субјективен став на тој што проценува. Генерално, мислам дека играчи од пред-интернет ерата се попотценети од аспект на фудбалски квалитет, зошто го немаат бенефитот од модерната технологија и exposure-от што модерниве играчи го добиваат, со монтажи на најдобри моменти и пратење на секој потег.
Anyway, би го спомнал Тијаго Мота тука. Имаше огромна улога во тимот на Интер што освои тројна титула, а никогаш не го доби потребниот кредит, иако играше на високо ниво и во следните сезони во Интер и после тоа во ПСЖ. Многу стабилен играч, тактички дисциплиниран и интелигентен играч, одлична техника и предобар пасер. Одлично ја вршеше улогата на дистрибутор во Интер и во ПСЖ, иако тоа не му беше примарна улога. Одличен беше како ДМ, секогаш добро позициониран и ради тоа прекинуваше многу напади.
Во Барса важеше за голем талент, али како и на многу други играчи, повредите му го скратија потенцијалот, па кариерата ја спасуваше во Џенова, од каде дојде во Интер. Сега речиси никој не го спомнува како играч, а според мене беше еден од најдобрите ДМ во тој период.
Fun fact, пред да си отиде од Интер во јануари 2012 година, Интер, трениран од тактичкиот мастермајнд и воедно римски бог- Клаудио Раниери, имаше серија од 7 победи по ред. Откако го продадоа Мота следеше серија од 7 порази по ред, а продажбата се случи откако тренерскиот гладијатор Раниери, им побара уште еден играч во средина, како подршка на Мота.:pos:
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.443
Поени од реакции
7.726
Тони Мицевски, битолскиот Дејвид Бекам, мајстор за слободни и еден од најгрдите играчи икада.

Бонус елегантното џогирање на играчот со број 19 после голот... Класата е вечна.
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.608
Поени од реакции
22.620
Ако бараме специфичен тип на играчи, тоа секад ќе се оние ДМ или ЦМ играчи без flair, некаков фенси дриблинг талент и слично. Сите тие играчи се потценети, и нема поента темата ако само по тоа гледаме.
Не баш.
На пример, еве ти двајца напаѓачи кои вака на прва ми текнуваат а целосно припаѓаат на темава:
Хенрик Ларсон и Горан Пандев.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Един Џеко. Бабо. Босански дијамант. Дете на Железничар од Сараево, официјален член на фан клубот и деклариран фан на истиот. Потценет може не е, ама доволно ценет дефинитивно не е.
Член на шампионската екипа на Волсфбург, генерацијата со Графите и Звјездан Мисимовиќ. Најдобар стрелец во историјата на клубот.
Шампион на Англија со Манчестер Сити после 44 години.
Топ 3 стрелец во историјата на Рома, капитен на клубот после 22 години италијански капитени, римјани.
Рекордер по број на настапи и прв стрелец на Босна и Херцеговина.

Висок и снажен напаѓач, доста подвижен со големо чувство за простор. Голгетер. Одличен во играта со глава и воздушните дуели. Покрај Манџукиќ, дефинитивно еден од најдобрите 9ки на Балканов.
 
Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846

Џеко има ист стил на игра како Ибрахимович само малце послаб фудбалски....баш кога замина од Сити помислив тогаш да го ангажираа Реал досега 150 гола ќе даеше за нив....еве веќе 5 години игра топ и не паѓа во форма.

Додека Манџукич во стилот е повеќе како Жиру...и тој е не е ценет доволно...додуша сите што идат од балканот не се ценети доволно бидејќи се мал фудбалски маркет за разлика од Шпанија,Франција,Германија и Јужно Америчките држави.
Автоматски споено мислење:

Тони Мицевски, битолскиот Дејвид Бекам, мајстор за слободни и еден од најгрдите играчи икада.
Јас ја имав таа чест и да му судам и да играм против него....што да кажам играчиште на 45+ години незадржлив за деца од 20+ години...иако не е благодарно да споредва поранешен професионален играч со непрофесионалци ама сепак зачудувачки е колку беше надмоќен над сите ...кога играв против него како од камен се одбивав иако бев/сум прилично физички спремен...со Горан Ставревски навлезени во длабоко пензионерски години газат низ битолските села...поим за фудбалери...штета што немаме таков сличен квалитет во денешната репрезентација ...и штета што тие кога беа во нивниот prime лутавме со играчи и тренери како репрезентација
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.264
Поени од реакции
2.261
Диего Милито

Ова го пишував и во заборавени играчи. Играч што му донесе ЛШ на Интер и исчезна од фудбалската мапа. Палеше и гасеше во нападот на Интер 2-3 години, а ниедно дете никогаш нема негов дрес да купи бидејќи не знаат дека постои :)
 
Па, рака на срце просечен напаѓач, се моткаше по слаби екипи ко Сарагоса и Џенова, блесна една сезона во Интер и тоа е тоа. Во следните неколку се мачеше со повреди.
Иначе за сезоната со Интер нема збор, пар екселанс шпиц. Штета што не направи поголема кариера. Ил Принчипе.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Џеко од никого не е потценет... :unsure:

Сега со Лидс ми текна на Дени Милс ќелавицата.

Кога ќе се спомне тој Лидс од „претходната ера“ први асоцијации се Видука, Милнер, Алан Смит ама и Дени Милс беше еден од клучните. После замина у Сити за и таму да биде стандарден 2-3 сезони. Дури и беше редовен репрезентативец и бележеше настапи колку што можеше покрај Гери, Фил и останатите...
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.168
Маркос Љоренте од по ново, дечкото е питбул кој треба да игра прва постава за Шпанија.

Томас Парти е играчина која може да игра прва постава во секој клуб на планетава!

Фабињо од Ливерпул. Се крева многу фама за играчи кои играат на таа позиција а се полоши од него.
Ван Бисака. Можеби не е потценет ама не се цени колку што вреди детето. За мене класа подобар од Трент.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.555
Поени од реакции
18.804

Маркос Љоренте некни пркна, не верувам некој да го потценил него, едноставно е млад и дури сега му се даде салам шанса.
Мислам дека темата е за играчи кои играле веќе некое време на ниво, имале направено нешто во нивната кариера а не се крева фама за нив.
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.109
Поени од реакции
25.171
Маркос Љоренте од по ново, дечкото е питбул кој треба да игра прва постава за Шпанија.

Томас Парти е играчина која може да игра прва постава во секој клуб на планетава!

Фабињо од Ливерпул. Се крева многу фама за играчи кои играат на таа позиција а се полоши од него.
Ван Бисака. Можеби не е потценет ама не се цени колку што вреди детето. За мене класа подобар од Трент.
Сите овие заедно немаат 5 сезони професионален фудбал изиграно.
Али добро, се гледа дека ја имаш погодено темата.
Во следниот пост напиши ги Феликс, Ансу Фати и Феде Валверде како потценети.
 
Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Салах. Никој никад нема да го цени колку што стварно е добар. Извини, перфектен.
Салах е најценет од сите......кога ќе се спомни Ливерпул само за него се пиши и по него се отсликува клубот....да го спомнеше Фирмињо ќе разберев...ама Салах или Мане нема смисла.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom