Не е толку важно името, важно е да знаеш да го носиш. Јас пример имам еден внук од блиски роднини, и сега овој дедото негов мерак внукот да се вика како него, демек да се продолжи семејната традиција, да го памтат внуците и правнуците. Нејсе, старински работи. Е арно, младиве одлучуваат да му ја исполнат желбава на дедото, да му направат мерак, да не му кршат атер и.т.н. Името старо, скроено за заебанции во школо, слично на оние Стојко, Петко, Трајко и остали варијации од време турско и остали лоши времиња, кога старите им давале такви имиња, демек Трајко, да дотраее, да го издржи животот тежок.
Домашните, коси кубат, абе како такво име ќе му давате на детето, ќе го сакатите за навек, ќе го зафркаваат во школо, цел живот ќе се подбиваат со него, дајте му нешто модерно, Леон, Лука, Алек и остали "модерни" имиња. Родителиве си достојаа до ветувањето и на синот му го дадоа името Станко, по името на дедото. Се разбира, дедото ќефови, родителите дипломати.
Фаст форврд, иди време, детево трга на училиште. Спротивно на очекувањата, дека заради името ќе биде предмет на подбив од другарчињата, овој се погоди отракан, карактерно стабилно дете, дружељубив, што се вели - со таква ѕвезда, главен во друштво. Името во позитивна смисла му помогна да се издвои во морето Луки, Ањи, Патриции и остали веќе здодевни, неиновативни, еднолични варијации од кои што скоро по дифолт, инстинктивно очи ти се превртуваат штом ги чуеш.
Затоа и велам, името не мора да значи ништо, важен е карактерот на човекот што го носи.
Можеш да имаш и најмодерно име, џабе, нема да те спаси ако не научиш сам да пливаш во овој заебан свет на искривени вредности. Ќе ти измислат некаква варијација во деминутив, некаков гаден прекар и џабе ќе ти биде и модерно име и се.