- Член од
- 18 декември 2019
- Мислења
- 600
- Поени од реакции
- 1.666
Фактот што Чупиќ игра бек и покрај тоа што сите бекови се здрави покажува колку се добри
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Јас па од ова се плашам,ако го стават Вујо мислам дека дури тогаш ќе настане хаос во екипата.Mislam deka ova e posleden natprevar za Alusevski. Se gleda deka vekje nema kontrola nad ekipata, gi ispusti koncite.
Se nadevam deka najdocna do ponedelnik Vujo ke bide promoviran kako staro-nov trener na Vardar.
Дечки, no-offense кон било кој играч кој играл за Вардар во било кој момент, но вакви криминални "перформанси" се недозволиви. Мака ми е сега да барам записници од мечеви ама Вардар во времиња во кои бил и играчки и организациски далеку послаб прикажувал далеку подобра игра и дисциплина, па и во одредени делови од мечот бил во егал. Или па мислите дека пред 10-тина години играчите кои сме ги имале биле подобри од овие сега?
Факт е дека клупата е кратка и дека ростерот е слаб ако споредиме со останатите години, ама онакво играње к*р, покажување НУЛА желба за да се одигра нешто, недисциплина во позиционен напад, во одбрана и при враќање назад сметам дека е одраз на нешто друго. Да, Јагуриновски, Мишевски, Векиќ, Талески се играчи на кои можеби не им е местото тука, ама еден Диско, Калараш, Валчак, Вујин, Гаџа, Јотиќ не се од вчера, играат со години на високо ниво. Факт е дека групата е ужасно тешка, дека кризата со Ковид и дефицитот на натпревари уште толку ја усложнуваат ситуацијата, ама мислам дека овој ростер може барем 40% подобро да игра и да не му служи на Келце да си ја подобруваат сопствената гол-разлика.
Не знам можеби грешам. Како и да е, некаков чекор мора да се превземе, а во ваква ситуација со знае чија глава лета прва.
Апсолутно. Ова е тоа што shweps збори. Значи на овие им порасна главата по две титули, сеа имаат некое его, при крај се со кариерата, народ ги сака, си го сметаат Вардар за нешто нивно, и си допуштаат некое вакво безвезе однесување. Сеа уште Вујо да им дојде, човек кој не го сакаат елитни тимови, да почне да ги пцуе, да им се понаша. Шансите дека они ќе му ќутат на 60 годишен балканец, кој искрено нема некоја сјајна репутација во последниве години, јас мислам дека е мала. Он со его, овие со его. Некој ќе ја почне, никоја нема да сака да се повлече, и хаос.Ако ги занемариме лошите резултати на екипата, кој што се сложувам дека се по најголема кривица на Алушевски, сакам да прокоментирам за непрофесионалното однесување на неколицина од староседелците. Чупиќ, Столе, Тимур, се несомнено легенди на екипата, но пцуење по соиграчи, по тренер, тоа не смее да е дозволиво на натпревар кој што го гледаат иљадници гледачи, посебно не во тим од реномето на Вардар. Тренингот, состаноците и слично се начин да се решат некои работи, на овој или оној начин и за некои нивни потези стварно не гледам објаснување.
![]()
Ристовски: Вардар ќе згаснеше, но се враќаме на стариот пат (ВИДЕО)
Ракометниот голман Борко Ристовски во емисијата „Вар во Офсајд“ истакна дека РК Вардар бил пред згаснување. Тој посочи дека доколку...dribling.mk
„Треба да сме свесни дека клубот беше на едно ниво минус пет, а сега сме на ниво 3,4 ако врвот е 10. Од година во година верувам дека клубот ќе расте, ќе се носат секоја година по две-три квалитетни засилувања. За 2-3 години ќе се врати на стариот пат. Очекувањата на навивачите по освоени две европски титули се оправдано огромни, меѓутоа треба да знаеме сите дека клубот тргна од пет скалила подоле и нормално дека секој почеток е тежок. Вардар почнува еден проекти од нула каде треба да се изгради екипата, а за тоа се потребни неколку години. На овие резултати кои сега ги постигнуваме, ќе имавме барем уште некој бод плус доколку беа нашите навивачи на трибините. "