- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.578
- Поени од реакции
- 10.591
Не велам ништо за партијата и нивните моментали политики. Ќе видиме што реално можат да направат ако успеат дополнително политички да се факторизираат во иднина.Не сум толку запознаен со сите нивни внатрешни превривања али не би рекол дека се сите истите луѓе. Апасиев и уште неколку да, али единственото нешто што им го пере образот е дека во 2016 излегоа одвоени од СДС, и ако се сеќавате тогаш СДС фрлаа со камења и дрва по нив како ете го спасиле Груевски. Ако беа сите комплетно шарени куртони не верувам дека ќе излегуваа одвоено од СДС на тие избори. Луѓето што денеска ги видов во нивниот дел на протестот, дефинитивно не се од типот на шарените куртони. Ама навистина не се.
Доста разнолика група на луѓе. Разликата во енергија помеѓу нивниот дел и делот на ДПНЕ беше драстична. Да не ги карактеризирам луѓето таму али најлесно е да се опише дека имаше доста радикални луѓе кои не верувам дека би ги трепеле сорос куртоните. Таква коалиција на луѓе ќе биде пеколно тешко да ја одржат заедно. Каков било лапсус во воља за борба би бил недопустлив.
Зборувам за оние ,,шарени револуционери" кои што откако го устоличија Заев останаа извисени, односно не ги добија ветените награди, па едно време коси кубеа по медиуми како биле изиграни во штабските дворски игри, пишувајќи реферати по социјални медиуми контра моменталната власт. Знаејќи го нивниот профил знам дека има и такви кои што се прешалтаа во Левица откако остнаа со стапот во раце. Е за таквите ми е муабетот кога велам ќе ја искористат партијата за да си ги исперат гревовите.