...не знам кој ви препорачува да дневно треба толкава доза (4000 ИЕ) без докажување лабораториски недостаток на Витамин Д3 во организмот, висока позиција не секогаш значи пошироко понавање, освен во својата специјалност,
да се внесе по вештачки пат Вит Д3 (суплименти), без да се земе во предвид внесениот Вит Д3 со исхрана, па и сончањето додека се вози велосипед или прошетка во сончево време би била грешка што за кратко време ќе покаже несакани дејства во телото и Да! токму возење на велосипед во сончев ден и исхрана ќе биде покорисен тој создаден Витамин Д3, од тој вештачкиот внесен, телото ги препознава природните (биолошки) од хемиски супстанции, па и ресорпцијата не е иста, а со тоа и биорасположливост различна!
... така да дневна доза се мисли вкупно Витамин Д3 внесен со суплименти со исхрана и со сончање, а не само да сметате хемискиот внес на Д3, при што се предозирате и создавате хипервитаминозна ситуација зашто овој витамин не е хидросолубилен (растворлив во вода) како Вит Ц, па да се излачи побрзо со мокрача ако е во повисока концентрација во телото,
... (мое мислење) е да се примени Вит Д3 во вид на раствор 4000 ИЕ во мл (20 капки), односно се прилагодува дозата зависи дали сте испешачиле на сонце, сте изеле храна која содржи во себе Вит Д (млеко, јајца, рибино масло...итн) или тој ден сте биле на построга диета, па ќе дозирате 10 капки (2000ИЕ), или само 5 капки(1000 ИЕ) или некој ден само ќе се прескочи, така телото ќе има бенифит, а не пумпање со високи дози секој ден, а и да се прескочи ден два не е рамномерен Вит Д3 даден во еден ден ударна доза,
(капките Пливит Д3 може да го препише матичниот на рецепт ( или100 ден да се купат), цел месец ќе имате во тие 10 мл правилно распределен Вит Д3 во различни капки пиени зависно каков ви бил денот)