Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Може ќе има, а може нема да има. Одличен заклучок на професорот Вело.
Тогаш зашто државата не ја сфати ситуацијата посериозно па да преземат мерки имаа цело лето да се организираат за секаков тип на сценарио но битно беше да се поделат ваучери за одмор и други предизборни ветувања зборам и за СДСМ која сега е на власт како и за ВМРО ,и доколку го слушаш мислењето на Вело постојано сака да ја смири ситуацијата и сите заклучоци да се базираат на наука
 
Човеку, прочитај неколку страници поназад какви се зборови се пишуваат за медицинскиот персонал, па после кажи ми дали тоа е почитување на истиот?!
Јас не одам против револтираноста на народот, напротив, ја сфаќам, но дали затоа е виновен малиот број на лекари кои останаа во државата да работат во никакви услови и речиси за беспари? Дали заради тоа, лекарите заслужуваат да бидат понижувани, деградирани и именувани со најразлични зборови? Никој не заслужува таков третман, никој! Значи, за 30 годишното крадење кое го прават политичарите, не се криви ниту лекарите, ниту обичниот човек. Тоа е поентата на мојот пост.
А што сакаш да се пишува за сестрите од јавно здравје кои не сакаа да и ги примат брисевите на жена 7ми месец бремена со уште едно 3 годишно дете у рака на која и се слоши од истоштеност? Кур ги боли здравствените работници за пациентите знаеш,ете така
 
А што сакаш да се пишува за сестрите од јавно здравје кои не сакаа да и ги примат брисевите на жена 7ми месец бремена со уште едно 3 годишно дете у рака на која и се слоши од истоштеност? Кур ги боли здравствените работница за пациентите знаеш,ете така
Зошто секогаш имаш негаторски став кон соговорникот и ги заобиколуваш поентите на соговорникот со своите пасивно агресивни прашања?! Не знам што ти е поентата Наќо, ама освен ку* ме боли, те боли, ги боли, друго ништо не изаргументира. На најпрост и едноставен начин ти ја образложив поентата на мојот пост, а ти упорно со својата агресија се обидуваш да изманипулираш со значењето на моите реченици. Премногу фушерајска дискусија.
 
Како и да е,мојот став за мафијата у бели мантили го делат голема вечина од луѓето.
 
Океј, да сумираме. Вистинскиот доктор треба да биде хуман и да работи бесплатно. Нема врска тоа што има дома две деца за гледање, не е тоа битно, докторот не е човек и никако не смее да има приватен живот. Впрочем, изборот на професијата е целосно личен и сите сме свесни дека во еден момент од животот можеби ќе бидеме принудени да ги оставиме своите дома болни, за да лекуваме други кои се поболни, но, дали тоа значи дека егзистенцијата на докторот не е воопшто битна? Никако не смее да јаде, да пие, да спие, мора 24/7 да биде буден и да биде на располагање на пациентите, не само во работно време туку и надвор од истото на Viber, Facebook, Whatsup и сл. Значи, докторот треба да биде робот, компјутерска машина, а не човечко битие.
Tocno taka
 
Јас мислам еднаш кажав за една ситуација (ги имало повеќе)
Немаше ниту Ковид, ниту ништо (некој месец пред пандемијава)....се "најнормално", ако тоа можеме да го именуваме нормално.
Девојче со камења во жолчка, мора итно да се оперира. Ситуација пред прснување, доколку прсне жолчката знаеме што следи.
Во стара градска лежи четири дена, без да влезе на програм за операција кај хирургот што ја прими.....едноставно не ја прима на операција.
Во меѓувреме се бркаат врски за да се оперира, петтиот ден стигнува одговор (од врската) дека треба мито....солидно и тоа. За да ја искасапи со класична метода, не лапароскопски....зошто дотичниот немал време да се занимава во сала 2 саати.
Потоа девојчето се транспортира во приватна клиника, каде што под итна постапка ја оперираат секако лапароскопски....и се е како што треба.
Имаш пари ОК, немаш пари....кој те врти....тоа е државното здравството, со чест на ретки исклучоци.
Здравство плаќаме секој месец....за што? За да плаќаме и мито. Инспекција, да го пријавиш лекарот?.....тоа е виц....не функционира тоа кај нас.
Таквите лекари....камшик само
 
и доколку го слушаш мислењето на Вело постојано сака да ја смири ситуацијата и сите заклучоци да се базираат на наука
Што има Вело кажано салам на пример досега?

Од она што го имам слушнато досега во различен период од епидемијава 70% од работите што ги кажа излегоа глупости.

Вело со паметот излезе на ниво на една Инстаграм инфлуенсерка желна за слава.
 
Како и да е,мојот став за мафијата у бели мантили го делат голема вечина од луѓето.
Епа токму тоа де. Вие сметате дека докторите и другиот медицински персонал треба да работи бесплатно, само заради фактот хуманост. А медицинскиот персонал бара само пристојна егзистенција.

Студирањето медицина е најмалку 6 години (околу 6 илјади евра школарина), ами книгите? Не зборувам за скрипти од по 100-200 страни, туку книги од 800-1000 страни. Потоа државен испит за лиценца (500 евра). Ами специјализација? 9 600 евра за четири години, до 13 600 евра за шест години во хируршки гранки, односно 3 300 евра за три години, до 11 200 евра за шест години во нехируршки гранки.

И зошто? Немаат статус на вработени лица, не им тече работен стаж, немаат здравствено и пензиско осигурување.

Дали студирањето медицина треба да биде привилегија на богатите?

Мора да се направи целосен ресет на оваа дисторзија на општествените вредности. И мора да се регулира и кој се завршува за да биде доктор или медицинско лице, за да нема такви испади како погоре.
 
Последно уредено од модератор:
И да, исто викаше дека немало да има есенски бран, како што викаше дека во Шведска умрено било вирусот и како што викаше дека на автопат го бркале некои со фантомки. Типот е изгубен во свемирот. Веројатно излапел, немам појма.
Возило со странски регистарски таблички неколку пати го претекнало во саат време возење. Предходно и дома му влегле да го опоменат. Не му ги извртувај зборовите, сериозни тврдења изнесе! :D
Во 2010та, или кога да беше птичјиот грип викаше дека не смее да каже што знае за него, во спротивно ќе заврши како Качински. И од тогаш многу луѓе сфатија за што се работи, и влезе во целосна изолација, се дружеше со Бачевци и Интегри. Ама сега го вратија на голема врата. :D
 
Преку глава ми е од милион доктори што искочија од нигде никаде и сега солат памет по социјални мрежи. И обавезно во име стои Д-р, MD, слика во мантил или со некој и јас носам маска беден филтер.
 
Што има Вело кажано салам на пример досега?

Од она што го имам слушнато досега во различен период од епидемијава 70% од работите што ги кажа излегоа глупости.

Вело со паметот излезе на ниво на една Инстаграм инфлуенсерка желна за слава.
Медицинското знаење не му е за потценување. Теориите за заговор кон кои е многу склон се проблем.
 
Последно уредено:
Епа токму тоа де. Вие сметате дека докторите и другиот медицински персонал треба да работи бесплатно, само заради фактот хуманост. А медицинскиот персонал бара само пристојна егзистенција.

Студирањето медицина е најмалку 6 години (околу 6 илјади евра школарина), ами книгите? Не зборувам за скрипти од по 100-200 страни, туку книги од 800-1000 страни. Потоа државен испит за лиценца (500 евра). Ами специјализација? 9 600 евра за четири години, до 13 600 евра за шест години во хируршки гранки, односно 3 300 евра за три години, до 11 200 евра за шест години во нехируршки гранки.

И зошто? Немаат статус на вработени лица, не им тече работен стаж, немаат здравствено и пензиско осигурување.

Дали студирањето медицина треба да биде привилегија на богатите?

Мора да се направи целосен ресет на оваа досторзија на општествените вредности. И мора да се регулира и кој се завршува за да биде доктор или медицинско лице, за да нема такви испади како погоре.
Правен е дури и поскапо, со оглед на тоа дека 4-та и 5-та година по 500 еура е семестарот, па потоа треба да бараш некаде пракса 1 година, па да полагаш правосуден. Па ако сакаш да си судија уште 2 години работно искуство и академија во период од 2 години итн. итн. Да не прајме муабет дека шансите за да се пробиеш без грб се минимални, што не е случај со медицина, каде што доктори се мањак и плус имаат можност за странство. Така што не плачете дека само вие сте најобесправени. Напротив после ИТ како најпросперитетна и најплатена професија доаѓаат доктори, па и останати медицински лица. И за беспари сте работеле? :pos: Кого лажеш за ова жити све? Дај малку приберете се, почнувате со плата од 35К во селска амбуланта, плус додатоци на плата за сменска работа и за ноќна смена. Дај ти кажи која професија е поплатена во Македонија освен ИТ од доктор? А да не прајме муабет дека секој во итна им дава по нешто под рака. Минимум 40К земаат месечно по селски амбуланти(грубо кажано) и севработени на неопределно работно време. Пример ИТ ако се курчиш или не ти се работи има под итно да те избркаат, додека вие можете да се куропецате(како што 90% прават) и да ги уживате сите работнички права, одмори и земање неплатено болување кога ќе ви пркне и пак на конто си имате сума која 90% од останатите рабтоници ја немаат.
 
Преку глава ми е од милион доктори што искочија од нигде никаде и сега солат памет по социјални мрежи. И обавезно во име стои Д-р, MD, слика во мантил или со некој и јас носам маска беден филтер.
Почнаа докториве за вирусот да солат памет, сеа глеам и за геополитика фатија да објаснуваат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom