Влада на Македонија

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Кога е во прашање Грција, мислам дека не им беше баш најјасно чисто од историска гледна точка. И никако не можеш да ги споредуваш двете ситуации. Во претходното барање можеби некој и може да најде некаква логика ова што се дешава со Бугарија е невиден примитивизам. Не зборам за процесите, за исходите...
Ова е врв на нерационалност и ментална ретардација.
Дел од проблемот со Грција, беше нашата шизофренија да бидеме и антички Македонци и Словени во исто време.
Не функционира тоа.

Колку порано расчистиме со сите нерационалности, толку подобро за нас.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Нема ништо рационално во спорот со Грција. Баш напротив преседан е во Светски размери и класично силеџиство промена на име, откажување од историја и малцинство под диктат на сосед. Се работи за класичен фашизам и кршење на сите меѓународни коонвенции.
Јас со години зборувам за национализмот на источните. Мизерија пар екселанс. Кој не беше убеден во тоа сега е. Си го покажаа правото лице источните.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.392
Поени од реакции
4.234
Се е точно што си напишал... Не мора да е државна порака ама е некаква порака. Ниедна земја согласно политиката и начелата на ЕУ нема да излезе со отворена порака, може само да „поздрави дипломатски напори“. На сите земји членки им е јасна небулозата на Бугарија и според неофицијалните коментари ниту една земја не ги поддржува во нивните измислици.
Некој постираше линк мислам од дописник на МИА...Кога Србија можеше да го помине чекорот со отворено прашање како Косово кое има и безбедносен карактер, целата приказна е трагикомична.
Србија го помина чекорот затоа што ниту Косово ниту Албанја се членови на ЕУ. Замисли Косово да беше член на ЕУ. Кога Србија ке почнеше преговори? Кај нас е проблемот што мечкариве се во еу и имаат право на вето и изгледа тука некаде е крајот на нашиот европски сон и аспирации. Барем за 20-30 години.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Да, секако ние бевме криви
Делумно бевме сами криви. Си имавме убава историја до 1990, не ни требаше тоа наметнување дека имаме потекло од античките Македонци.

Еве 30 години откако постои нашава држава и немам видено еден салам доказ дека ние имаме потекло од Александар и Филип.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Делмно бевме сами криви. Си имавме убава историја до 1990, не ни требаше тоа наметнување дека имаме потекло од античките Македонци.
Ако беше проблем до тоа што сме Словени, а не антички и до знамето од Вергина спорот ќе се решеше уште во 1995 кога го сменивме знамето и Киро кажа дека сме Словени.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Ако беше проблем до тоа што сме Словени, а не антички и до знамето од Вергина спорот ќе се решеше уште во 1995 кога го сменивме знамето и Киро кажа дека сме Словени.
Источниот и јужниот национализам е во спрега и коалиција од интерес. Сакаме во ЕУ ќе треба кичмата да ни ја местат и Источните... А ако чекаме може и западните па и северните.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Ако беше проблем до тоа што сме Словени, а не антички и до знамето од Вергина спорот ќе се решеше уште во 1995 кога го сменивме знамето и Киро кажа дека сме Словени.
Ние мора да расчистиме со Александар, да ни биди полесно, затоа што само џабе ќе се залажуваме.

А за спорот со Грција, тоа е покомплицирана работа, а Киро беше целосно потиснат за тоа што кажа дека сме словени. На крај сето тоа резултираше со создавање на комплекс кај народот.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Ние мора да расчистиме со Александар, да ни биди полесно, затоа што само џабе ќе се залажуваме.

А за спорот со Грција, тоа е по комплицирана работа, а Киро беше целосно потиснат за тоа што кажа дека сме словени.
Е што да расчистуваме да ги преселиме античките Македонци во Тибет? Тоа е имаме потекло сакале или не.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Е што да расчистуваме да ги преселиме античките Македонци во Тибет? Тоа е имаме потекло сакале или не.
Какво потекло имаме? Да не зборуваме ист јазик со Александар или користиме исто писмо?

Единствено потекло што имаме е генетски материјал, ама никој не прави држава спрема генетски испитувања.

Би бил најсреќен кога би се формирале граници на државите спрема генетскиот материјал на народот :D
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Какво потекло имаме? Да не зобруваме ист јазик со Александар или користиме исто писмо?

Единствено потекло што имаме е генетски материјал, ама никој не прави држава спрема генетски испитувања.

Би бил најсреќен кога би се формирале граници на државите спрема генетскиот материјал на народот :D
Културолоши многу малку е останато од античките во денешните. Генетски е генетски потекло е потекло. Имаме исто потекло и од Пеоните, Римјаните, Византиците, Турците, Викинзите итн. Тоа е тоа. Инаку културата ни е Византиско-турска во основа а јазикот словенски во главно.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.194
Поени од реакции
84.083
dali bea normalni tie sto go glasaa i pokraj se sto napravi se gleda deka e nenormalen ama jas gi krivam glasacite zaradi nekoi ke patime site ke go barate Grujo
Не. Никој, освен неговите куртони кои ни ги остаи тука, пред да кидне, нема да го бара Грујо.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Културолоши многу малку е останато од античките во денешните. Генетски е генетски потекло е потекло. Имаме исто потекло и од Пеоните, Римјаните, Византиците, Турците, Викинзите итн. Тоа е тоа. Инаку културата ни е Византиско-турска во основа а јазикот словенски во главно.
Видиш како добро знаеш.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Видиш како добро знаеш.
Нема ништо лошо во славење на античко минато и култура. Исто јас сум фан на римјаните. Баш биле кул. А во денешно време има и тенденција на англоамериканско влијание на секаде во светот. Децата да ги слушаш мислиш дека се полаамериканци. Културата е променлива категорија. Така да филмот на источните е патетично-бизарен и мизерен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom