- Член од
- 30 октомври 2020
- Мислења
- 1.465
- Поени од реакции
- 2.931
Прашање до христијаните:
Како вие ја објаснувате книгата "Ecclesiastes" или појасно "Проповедникот" или "Книга на Проповедникот" од Стар Завет.
Некои авторитети тврдат дека авторот е Цар Соломон,
но тоа не ми е битно
туку значењето на самата книга
и како тоа би го поврзале со
"Новиот Завет"?
Можеби е фина метафора во тој редослед - младост, средновечност, старост.
Пред се "стрaв од бога" земи го како метафора за почит, прифаќање, осознавање, интуитивно чувство за постоење на интелигентен принцип, невидлив но проткаен во реалноста и дека постои начин да се биде во синк со него. Може дри и паралела со Таоизам да направиш како достигнување на состојба на флоу со животот.
Ecclesiastes може да се гледа на почеток како отфрлање на тој принцип и влегување во материјализам, препуштање на земните задоволства и дека тоа води кон патење.
Паралела со нов завет - Исус како начин да се ставиш во синк со флоуто на животот.
Доколку ја препознаеш метафората има многу мудрост во се ова.