Влада на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Darling
  • Време на започнување Време на започнување
А инаку околу пошти и железници чему потреба да се државни кога се загубари и се полнат со партиски пацови? Можда за државата Германија каде пошти имаат суфицит е океј тоа, но кај нас ние уствари со пари од Буџетот ги полниме тие институции за од време на време да им украдат по неколку милиони демек ,,кратци,, кои никогаш не се пронајдени. Знам срамно е но ебените јавни претпријатија кои продаваат вода се до гуша во долгови, па што остана за друго. И најинтересно е што никој директор не одговарал, ниту па ќе одговара.
Кога веќе народот нема никаков колективен идентитет и буџетот се користи за да се покриваат дупки на загубарите најдобро е све да си биде приватно.

Водењето на мали организации како пошти, железници транспорт, итн.. е само покажување колку се способни да водат нешто. Ако не можат да организираат монополи како пошта или железници транспорт и да ги водат со профит тогаш немаат што да бараат на власт и се неспособни. Не ни е потребна приватизација, потребно ни е симнување и тргнување на страна на овој човечки шлајм кој се етаблираше како политичка класа.

Има причина зошто со секоја нова генерација што се појавува шлајмот е се поголем и понеспособен, причината е деморализација и дезорганизација на општеството за олигарсите и странската дипломатија како пијавици да цицаат.

А на крајот на денот ако државата не е способна да дава какви било услуги и се треба да биде приватизирано тогаш не гледам и зошто е потребно да се собираат даноци. Ако нема услуги нека нема ни даноци. Неприфатливо е од една страна да се собира арач од народот за да се храни нивната гласачка машина и да се пунат нивните џепови, додека од друга страна за каква било услугу нардот е приморан да плаќа огромни цени кај олигарсите.
 
Апсолутно ништо нема да се смени и во иднина. Директорите кои ги водат сите претпријатија се благо кажано неписмени. Никој нормален не се нафаќа да оди во политика гледајќи колку е све хаотично и ќораво, а од друга страна никој директор не дошол на местото без партиска позадина. Оттука доаѓа да претпријатија како ЈП Водовод да имаат по 400 вработени во гратчиња од по 10-тина илјади жители, од кои пола не одат на работа, а администрација имаат по број на централата Шпаркасе во Германија(или каде и да е), мислиш таму се решаваат светски проблеми. И што се случува? Државата од буџетот им префрла пари на општините за да овие ги одглават претпријатијата, а има градоначалници-мангупи кои си купуваат Мерцедеси со тие пари и пак претпријатијата остануваат заглавени. Ние сме индивидуалистички народ, никогаш и никој не гледал да даде нешто на државата туку да земе од нејзе.
Еве пример пошти, чему потреба да се државни кога се загубар и згора на тоа цените им се поскапи и побавни се од приватните пошти? Сега значи секоја година ние од Буџетот треба да фрламе пари за непрофитно претпријатие. А тие пари одат за превработување на партиски кадри. Апсолутно, чим сме неспособни треба да батали све живо и диво(освен клучни гранки како пример здравство или школи) кое дава услуга од државно, а не да се трошат наши пари за нечива кампања. Значи, теоретски да може да се средат и да станат профитабилни, ама во пракса тоа никогаш нема да се случи, а посебно не со тендерчиња и кредитчињата без покритие на Еуростандард. Едноставно треба да сме свесни дека никој учен нема да дојде таму и на никого не му е гајле за државната имовина па поради тоа поисплатливо е место да оди пола буџет на ЈП да ги баталиме скроз на скроз. Сигурно така иако навидум поскапо сепак во суштина и поевтина и поквалитетна ќе ни доаѓа услугата.
Нормално, по повод злоупотреби никој директор/градоначалник никогаш не одговарал и нема да одговара, така што ако не се преземе нешто вакво ќе си оди пола буџет за плати на џаболебари по ЈП или уште полошо во џебовите на директори/градоначалници.
 
Последно уредено:
Каде може да се гледа расправата за Еуростандард што беше во Собрание денес?
 
Незнам дали знаете.....во предлог е амнестија на црни пари со плаќање на 10% такса кон државата, што е болја форма него да се перат парите низ кладилниците на копитото од Штип(Мијалков)
Не предлагаше еднаш одамна вакво нешто и Љубчо?
 
Незнам дали знаете.....во предлог е амнестија на црни пари со плаќање на 10% такса кон државата, што е болја форма него да се перат парите низ кладилниците на копитото од Штип(Мијалков)

Како и да се исперат парите преку кладилница мора да платиш данок, дали кладилниците како приход/профит дали тие што добиле 15% данок на игри на среќа.

До сега барем 90% од криминалциве ако не и више преку градежништво го внесуваа прљавиот кеш, и веројатно така и ќе продолжи да биде во иднина - бидејки така има за сите пари од маркици, корумпирани функционери на сите нивоа, а народот си плаќа солидни цени за м2 додека градот се гуши од непланско градење.
 
Последно уредено:
Привремено затворена.

Едит: Придржувајте се до правилата на форумов и дискутирајте во рамки на темава.
За односите помеѓу Македонија и Бугарија имате посебна тема.

Темава е отворена.
 
Последно уредено:
Дај Боже да е вето. Ако не е вето ќе има дополнително коленичење и лажно братсво. Не ни требаат уште 15 години чачкање во Устави и бришење, доволно и вака сме полузбришани.
 
Дај Боже да е вето. Ако не е вето ќе има дополнително коленичење и лажно братсво. Не ни требаат уште 15 години чачкање во Устави и бришење, доволно и вака сме полузбришани.
Не можете да го гледате видеото за шест минути и брзате да го дадете своето мислење!
Што разбра?
 
Проструи информација дека Денко Малевски бил советник на Бујар во споров, така да може да се претпостави за што преговараат тие двајца Македонисти.
Автоматски споено мислење:

Не можете да го гледате видеото за шест минути и брзате да го дадете своето мислење!
Што разбра?
Гомна ќе јадам со лажица попрво него да го слушам Ковачев Андреј, како да ти кажам.. :icon_lol:
 
Не можете да го гледате видеото за шест минути и брзате да го дадете своето мислење!
Што разбра?

Имам милион пати изгледано видеа од Ковачев и Каракачанов, нема што да гледам повторувања. Се работи за класичен диктат, или потпишете дека сте аморфна маса, т.е. дека немате ни историја, ни јазик, ни култура и сте продукт на Тито или нема ЕУ. Е па меѓу овие две јас сум 100% за да останеме уште 100 години без ЕУ отколку да му коленичиме на некој опинчар.
 
Гомна ќе јадам со лажица попрво него да го слушам Ковачев Андреј, како да ти кажам.. :icon_lol:
Во овој случај, не е важно кој зборува, туку што вели тој! Не мора да јадете ништо, само треба да го свртите умот.
 
Во овој случај, не е важно кој зборува, туку што вели тој! Не мора да јадете ништо, само треба да го свртите умот.
А демек Бугарите ја имаат 100% вистината на нивна страна па треба да се апдејтираме на вашата историја за настанување на нацијата во 1944 година? Треба ти да се преиспиташ малку, има и таму Бугарски историчари на кои им се смешни диктатите на Бугарската влада. Пример Стефан Дечев, Николај Василев или Чавдар Маринов. Ги има еден куп луѓе од струката кои проучуваат и сфаќаат како се креираат нациите и кажуваат колку се смешни барањата за апсолутна вистина и уценувањата и диктатите.
 
Свесни сте дека со цитирање на @Ники БГ, разговарате со гоогле транслате? Како не ве боли главата од неповрзаноста на се што има напишано, па уште го цитирате.

Очигледно имаат некаква поддршка од администрацијата на форумот кога на теми како Влада на РМ и Политиката на Бугарија спрема С. Македонија во 21 век непречено ја шират бугарската митологија од минатите векови, нема потреба дополнително да ја храните аждајата.

Да не бидам офтопик како што им се дозволува на бугарските митолози, аплауз за новиот директор на Пошта, очекувам да ги реши проблемите таму исто како што го реши и загадувањето.
Автоматски споено мислење:

Проструи информација дека Денко Малевски бил советник на Бујар во споров, така да може да се претпостави за што преговараат тие двајца Македонисти.
Јас не знам кому и зошто му се потребни овие гоогле транслате спамери кои изникна на форумот. Ако пак спамаат на лична иницијатива, уште полошо за нивното здравје.

Сите знаеме дека политичарите од нивниот Кипар ќе им потпишат СЀ ШТО САКААТ, само најпрво мора малку да се глуми дека бранат некакви национални интереси. Нема потреба од лигавење и на форумот.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom