Препораки за доктори специјалисти/супспецијалисти

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Сакаш приватен физиотерапевт?
И приватен нека е, само да е добар.
Мајка ми правеше операција на колк и истовремено и беше направена интервенција и на карлицата, лежиштето на колкот. Ќе оди на физитерапија кај што се правеше операција, ама ќе ни треба и плус нешо за да научи дополнително вежби и да научи правилно да вежба. Некој предлог?
 
Ако правела операција во државна установа и следи бесплатно лекување во бања, а колку што имам чуено, банското лекување е средно, ниту лошо ниту добро...најдобро е да си праша физиотерапевт(кога ќе оди на бања) што вежби и предлага и сама нека си прави дома, а приватни ги има многу,зависи од кој град си, незнам.
 
Кој го препорачуваш од приватните за Скопје?
познавам многу, но од ниту еден имам лично искуство..ке си прашаат кога ќе почнат со терапија, тие таму вработените знаат кого да препорачат.
 
Ако правела операција во државна установа и следи бесплатно лекување во бања, а колку што имам чуено, банското лекување е средно, ниту лошо ниту добро...најдобро е да си праша физиотерапевт(кога ќе оди на бања) што вежби и предлага и сама нека си прави дома, а приватни ги има многу,зависи од кој град си, незнам.
Скопје или Прилеп. Да, ќе си ги прави дома потоа ама мислам дека на почеток мора да има некој што ќе го следи процесот на вежбање и во случај некои вежби да не ги прави доволно добро да и укаже на тоа и мислам дека и помотивирана ќе биде. Несакам да генерализирам, ама во државните установи многу често не се премногу заинтресирани пациентот да добие квалитетна рехабилитација.
 
Pocetokot ke I bide vo banja so strucni med.lica, edinstveno ako ne odi, moze vo drzavnite kabineti za fizikal.terapija...dobro rabotat, ne se se sekiraj.
 
Мислење за ортопеди од гоб 8ми септември кај Костадиновски и Петков и дали работат во амбулантите ?
 
Здраво дечки,имам големи болки во желудникот.Направив лабараторија крвта ми е во ред, а матичниот ми вели дека е на нервна база.Јас не сум сигурна во тоа и сакам да направам преглед на желудникот.Болките не ми се секојдневни ама кога ги имам траат и по неколку дена.Може да ми препорачате некоја приватна ординација која би ми помогнала.Ви благодарам
 
Бил некој на комплетен преглед кај доктор Златко Чипуровски во Промедика Офталмологија? Претходно мислам дека беше во Европска Очна Болница.
 
препорака доктор за ревматоиден артиртис и во која болница може да се прегледа човек. Во Велес на неколку прегледи кај ортопеди и физиотерапеди никакво фајде, ги мрзи шо живеат...
 
Кардиолог ( претпоставувам ) за стент кај постар пациент? На државна многу долго се чека и со оглед на возраста и моменталните услови пациентот нема приоритет. Систина, Жан Митрев ?
 
Хирург за операција на колено (лигаменти, менискус) партал е напраено?
 
Здраво на сите. Ме немаше подолго време на форумов и еве во оваа тема почнувам со пишување, за жал.
Имам двомесечно бебе. Последниот месец добивав напади на жолчка и на последниот специјалистички преглед ми рекоа што побрзо да ја вадам жолчката и дека од бременоста ми настанале камења внатре...
Немам време за чекање и најверојатно во Ремедика ќе се оперирам кај доктор Александар
Митевски. Ве молам ако имате било какво искуство со овој доктор да ми пишете и дали ќе се исплатат средствата за во таа болница.
 
Кардиолог ( претпоставувам ) за стент кај постар пациент? На државна многу долго се чека и со оглед на возраста и моменталните услови пациентот нема приоритет. Систина, Жан Митрев ?
За приватно спремајте едно 5 000 евра, најмалку за еден стент. Иначе во денешно време тоа е рутинска процедура.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom