Баш зошто имаш Win 10, добро си ја врши работата интегрираниот антивирус......односно Microsoft Defender....бидејќи се сметаш за внимателен корисник, односно внимаваш што отвараш, симнуваш, не ти треба ништо дополнително.
Ако веќе сакаш да имаш друга заштита на Avast ништо не му фали, но твој компјутер, твој избор.
Еве ти една
анализа околу заштита, па направи избор.
100% заштита на Win OS немаш, тоа биди сигурен....за безбедно роварење по секакви сајтови и слично само Linux! Отварај што сакаш, каде сакаш, колку сакаш
Можеш и dual boot да си направиш, на една партиција WinOS, на друга LinuxOS.