Тоа дали се живее подобро или не е субјективна работа. Некој лапал од едните, некој од другите, некој од никого. Така што може да биде исто, полошо или подобро. Демек кај нас пред шарената револуција рози цветаа и све транспарентно беше. Побогу најглупиот проект во историјата на човештвото-Скопје 2014, заради кој до ден денес сите ни се смеат беше плод на баграта на Груки. Горе долу, грубо кажано исти курац е според мене. Некаде има плусови, некаде минуси. Ништо спектакуларно не се смени ни на подобро, ни на полошо.
Е сега можда на некој му се стемни, можда на некој му се раздени, има милион и кусур гласачи и секој си има субјективно мислење. Не можеш ни ти, ни јас да коментираме во име на сите.
Друга работа, никој не навива тука, туку се спорелуваат факти. Еве јас лично мислев и пишував на темава слично на тебе на почетокот, т.е. дека е фолс флег на минорна група, јер немав појма што се случува во БЕЛ и гледајќи ги резултатите од близу 85% поддршка мислев дека се работи за минорна група. Но, после тие 180К на улиците на главниот град, 12К испоапсени од политички причини(меѓу кои и 2 кандидати за претседател) очигледно е дека изборите се крајно нерегуларни и дека на народот му е преку курац од диктатурата на актуелниот Претседател.