Епа баш тие двојни аршини го креираат целиот отпор кон било какви мерки, кои што се покажаа во голема мера неефективни, половично спроведени и селективни. Проблем исто е што не постои ниту глобална стратегија, се билдаат контрадикторни митови околу вакцината и очигледно се политизира целата работа а народот тоа го гледа и се чувствува како заморче, експериментален тест субјект врз кој што се врши катадневно медиумско малтретирање, сеење страв и паника. Некој збори за економски крах, ваму гледаш на богаташите им е подобро него било кога, излагаш надвор гледаш катанци на пола мали семејни бизнизи. Цело лето се делеа ваучери за одмор, се беше сведено на апели за почитување на мерки, сега се демонстрира моќ, казни фрчат.
Една новинарка му поставува прашање на министер - како ќе следат настава учениците чии семејства не се во можност да им обезбедат компјутери. Овој и враќа нешто во стилот - владата обезбеди викенд без ддв, граѓаните со ниски примања тогаш ќе можат да си купат компјутер за нивните деца. Тотално изгубен допир со реалноста.