На 11 јануари играме:smir:
По инерција де, во цитиранио пост пишуваше 10ти па ич не ми текна дека е на 11та јануари. :smir:
Според Дејли Мејл, парите од евентуалниот трансфер на Бриџ во Сити би се искористиле за доведување на Жирков во тимот.
Жирков ко шо знам е лев бек, не разбирам зошто би бил доведен во Челзи.
Од друга страна, еве шо е официјално:
Бриџ разговара за личните услови.
Вејн Бриџ има дозвола од денеска да преговара со Манчестер Сити околу личните услови за перманентен трансфер.
Фелипе Сколари потврди дека нема да му стои на патот ако дефанзивецот реши да се пресели во Манчестер Сити.
„Ако договорот е добар, нема проблем. Подобро би било да го прашате Питер (Кенион), бидејќи Питер знае што точно се случува. Не знам што се случило досега, и имам состанок со Питер после тренингот, за да дознаам каква е ситуацијата околу Вејн Бриџ.
Доколку било кој клуб сака да ангажира некој наш играч, треба да понуди голема сума на пари, бидејќи доколку играш за Челзи, ти си првокласен фудбалер и задоволителна е само богата понуда. Доколку се согласиме внатре во клубот и ако Вејн се согласува, тоа повеќе не е моја работа. Јас сум тренер, парите се работа на бордот и на газдата, но не и моја.“
Јануарскиот преоден рок стартува, и Сколари додаде дека не очекува ново име во својот тим.
„Време е за трансфери, шпекулации... Сега е времето, секој ден десет играчи си одат, десет доаѓаат; ама само според медиумите. Тоа е сосема нормално и очекувано, но ние ќе зборуваме само ога ќе има понуда за наш играч, или кога ние би испратиле понуда за некој играч. Дотогаш, ништо.
Ако сакам некој играч(и), прво би му кажал на Питер, секако не на медиумите.
Секое има е шпекулација, од мојата уста, ништо. Среќен сум со овие играчи, не сакам други.“
За дуелот со Саутенд, Сколари ќе повика тројца млади играчи во тимот, меѓу кои и Мајкл Мансиен кој се врати од Вулверхемптон каде беше позајмен.
20-годишниот стопер беше импресивен во Чемпионшип за Вулфс, поради што беше повикан и во Англиската репрезентација, и сега Сколари смета дека е време и тој да посвети внимание на Мајкл.
„Пристигнаа тројца млади играчи назад. Мансиен е еден од нив и тој ќе остане со мене, нема да биде позајмен пак. Му дадов време да напредува со тоа што ќе игра постојано, и сега е подобар отколку претходно.“
Се очекуваше да остане позајмен до крајот на сезоната, но повредите го натераа Сколари да замисли повторно.
„Имав четворица стопери, но во изминативе месеци постојано некој фалеше. Поради повреди, некогаш остануваа тројца, а некогаш и само двајца. Сега, нема потреба од страв бидејќи во случај на повреди, имам млади играчи.
Џефри Брума е млад играч кој настапува за Академијата, почна да тренира со нас, и нема да биде вратен меѓу младинците. Ќе биде или со нас, или ќе игра за резервниот тим.
И уште еден играч, кој се врати од Саутенд,
Ли Сојер, исто така тренира и ќе остане со нас. Исто така, ќе игра и за резервниот тим. Утре ќе биде во тимот за натпреварот со Саутенд.“
Накратко да ги претставам играчите:
1. Мајкл Мансиен:
Англија, 20 години, централен дефанзивец, порвиов дел од сезонава го помина во Вулферхемптон, каде одигра одлично. Дури и Капело го забележа тоа.
2. Џефри Брума:
Холандија, 17 години, во Феенорд почнал како играч на срдината, едно време за младинците на Челзи играше и лев бек, за сега да е најавен како централен дефанзивец. Искрено се надевам дкеа не е така, пошо нема шанси да заигра ко шо треба во Челзи. На друго место го најдов како ол-раунд играч во одбраната. Искрено се надевам дека е добар како лев бек, пошо то ќе ни треба сега. Пред две години е донесен во Челзи, почнал да тренира со првиот, и да игра за резервниот тим сезонава.
3. Ли Сојер:
Англија, од најмала возраст во Челзи, 19 години, по дефиниција е attacking midfielder, со неколку настапи за резервнииот тим на Челзи, но се покажа во добро светло сеознава во Саутенд.
Сколари кажа двајца кои секакоп стартуваат утре:
На голот ќе биде Карло Кудичини
Во шпицот на нападот - Дидие Дрогба