Локација за изградба на куќа во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Harko
  • Време на започнување Време на започнување
Некој случајно дане има информација колкави се комуналиите за припор ?
 
Дај луѓе пишете некоја локација, некој плац за градба на куќа...видете по комшии може некој продава плац до вас, во комшии :D .
Малку бизнис да се прави :D Ако продава некој плац за куќа нека прати информации и цена по ПП.
Јави ми се на 075464-110. Јас имам плац за продавање.
 
Дечки дај споделете некој шо има плац за продавање или па е заинтересиран за купување, здружено да се купат помали квадратури :D
Како се движат комуналиите моментално низ Скопје пошо на нет нема многу информации
 
Некој подетално да ми каже општо за Усје. Дали вреди да се гради куќа таму. Дали има некој информација колку се комуналиите за ова село-населба. Дали вреди овде или во Драчево, Пинтија, Марино или Трубарево? Ве молам за побрз одговор
 
Има ли некој искуство со становите на „Глобал“ во Аеродром (квалитет, топлинска и звучна изолација ...) ?
 
Ako nekoj e zainteresiran se prodava plac so kukja vo Vlae do gradinkata mirna e naselbata.Za povekje pisete mi inboz
 
Да ја освежам малку темава, Гледам сум ја отворил пред повеќе од 9 години па ме интересира дали нешто во меѓувреме се сменило (подобило или влошило).
Од она што го следам, Сопиште и Соње добија на атрактивност но Соње го следи проблемот со водоснабдување.
Пинтија и Драчево добиваат на вредност, иако не ми е јасно зошто, особено Пинтија.
Волково за жал останува пренатрупано и хаотично. Особено ми е жал за делот околу Лепенец.
Бардовци и Злокуќани продолжуваат со статусот на елитен дел, иако и таму нема баш најдобро планирање.
Не можам да коментирам за Радишани бидејќи не сум поминал поодамна - можеби некој ќе може да каже повеќе.
Би рекол дека за разлика од пред 9 години, сега и чистиот воздух е многу важен елемент во изборот на локација.

Како заклучок, изборот на добра локација за изградба на куќа во Скопје е навистина предизвик. Изгледа дека малку се води сметка за планирањето и има премногу куќи на мал простор со што се нарушува приватноста и комфорот.
 
Кога ние баравме плацови наидовме во Општина Ѓорче на проблеми во Орман, Стопански двор и Волково од карактер Далноводи недислоцирани или без дислоцирани заштитни зони. Се откажавме од Ѓорче иако ни привлече внимание Кучково доста и доста имаше заинтересираност, ама лоша патна инфраструктура имаат, многу лоша. Случајно сопруг наиде на еден плац на Водно од мајка му одамна заборавен па таму градиме, ама не ми е по ќеиф, ми остана во памет еден плац во Трнодол ама немаше чист ИЛ. Мораме да финансираме изградба на пристапен пат и кога ќе се среди се сигурно ќе ми легне целата ситуација, засега уште сум неодлучна. Мада како се внесува мебел, како се средува двор, се повеќе се замислувам таму. Моментално живеам во Аеродром и ќе ми биде интересно освежување ова.
 
Да, забележав дека Орман и Кучково стануваат атрактивни но се прашувам дали таму има училишта за децата или треба да се носат на училиште „во градот“?
Инаку Трнодол е одличен но безобразно скап.
За сега Сопиште ми изгледа најпривлечно, но само ако има пристап до градски водовод. Вода од бунарите не доаѓа во предвид.
 
Орман има школо, Кучково не, во Орман одат децата или во Даме Груев и Ново село. И тоа ни беше едно од прашањата. Во Сопшиште живеат кумовите наши, на сопругот пријател од детство, зимо одење во Сопиште мене искрено ми е смрт, па секој ден тоа да го праам, не фала. Тоа калови, тоа снегови, мразови, не фала. Јас како дете сум живеела во Пржино, сеуште имам таму куќа која не ја користам бидејќи не ја сакам, а и моментално Пржино е таков хаос од изграденост и нула сообраќајна култура, не фала.
 
а ја продаваш куќата ? :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom