Кладилница (Генерална дискусија)

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.256
Поени од реакции
2.248
На Спортлајф онлајн обложувањето може да се играат и натпревари во живо?

И уште нешто, дали во некоја наша кладилници ги поместуваат натпреварите кои што се одложени? На пример сега Роланд Гарос во Спортлајф тие што ги ставија да почнат во 14:30 ги рачуна како почнати и не ги дава во понуда.
 
B

Beginner

Гостин
На Спортлајф онлајн обложувањето може да се играат и натпревари во живо?

И уште нешто, дали во некоја наша кладилници ги поместуваат натпреварите кои што се одложени? На пример сега Роланд Гарос во Спортлајф тие што ги ставија да почнат во 14:30 ги рачуна како почнати и не ги дава во понуда.
Да може

Евротип до некаде се најок за тоа.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.489
Поени од реакции
5.516
Ливерпул - Арсенал 2&ГГ ( 7.3 квота)
Последниве дуели меѓу Пул и Арсенал делуваа доста изедначено и двете екипи, Ливерпул се тука поквалитетна екипа на хартија, сака да доминира на терен, напаѓа 90 минути. Арсенал се препороди од кога дојде Артета. Човекот знае како да постави игра против големите екипи како Пул и Сити. Очекувам да биде доста тешка утакмица, нијанси да одлучуват кој ќе ги освои трите бода. Мислам дека Арсенал преку контри и полу контри ќе успее да ја добие утакмицава. Вреди да се проба на ситно.

ГГ3+ (1.76квота) е посигурната опција, последните 7 утакмици имаат завршено со барем по 1 гол во двете мрежи. Од последните 5 меѓусебни само 1 не завршила со повеќе од 3 гола. Треба да гледаме убава утакмица со доста надигрување и доата голови.


Болоња - Парма ГГ (1.73 квота)
И двете екипи имаа лош старт.
Болоња изгубија од Милан а Парма од Наполи.
Болоња ќе биде без Дијкс (суспензија) а Парма без Жервињо. На последните три меѓусебни утакмици имаат паднато 13 гола. И дете екипи ќе сакаат да ги освојат трите бода, очекувам отворен фудбал со доста шанси и барем по еден гол од двата тима.

Фулам - Астон Вила Х2 (1.4 квота)
Фулам ми се фаворити за испаѓање сезонава, класична Чемпионшип екипа. Имаа лош старт на сезоната, некако не делуваат баш убедливо на терен. Астон Вила според многу исто така е еден од главните фаворити за испаѓање, изиграа сосема солиден натпревар против Шефилд, Мартинез е одлично засилување, доста постабилно очекувам да делуваат во дефанзивата. Сосем океј тим имаат за сезонава, очекувам индивидуалните способности на Трезаге и особено Грилиш да им донеат барем 1 бод.

Ливерпул - Арсенал ГГ3+
Болоња - Парма ГГ
Фулам - Астон Вила Х2

Вкупна квота 4.35 (спорт лајф)
 
Член од
24 октомври 2014
Мислења
2.803
Поени од реакции
2.446
Ерани-Пуиг 2 2.20

Ерани порано беше доста добар играч на спорите подлоги, има и финале овде, плус уште пар добри резултати и куп успеси на земја. Но, она е веќе минато и веќе неколку сезони е очајна и не знае кај тера. Мора да се напомене дека Ерани не поминува баш добро со ударачите, а Пуиг е дефинитивно таква. Има Моника мали проблеми со резултатите али не игра толку лошо, башка според мене новиве услови на РГ совршено одговараат на ударачите, пошо реално многу е споро, ама кога ќе мавнеш рамен удар мавнато е. И меѓусебните се на страна на Пуиг, очигледно е дека и лежат ваквите ко Ерани. Реално Ерани има катастрофален сервис, само префрла преку мрежа колку да започне поен и толку. Пуиг е преагресивна на ритерн и очекувам да и направи милион брејкови. Едино лошо е ако Пуиг влезе во некоја црна серија, ама да се надеваме дека ќе е наштелувана утре како што треба.
34-5 неизнудени за Мониче..
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.069
Поени од реакции
84.685
Е за НФЛ денеска е интересна понудата. Има толку добри утакмци што ме влечат, а знам дека пар од нив ќе заебат работа, така да мора да се бира паметно..

Така да... ќе одам со два дубла за дуплирање, во надеж дека нема да ги утнам паровите.... (што ми се има десено многу пати :D )

Филаделфија - Синсинати 1 @1.5
Денвер-Тампа Беј 2 @1.4

Филаделфија имаат на хартија солиден тим. Синсинати на хартија имаат лош тим.Нема тука што многу да се збори, Филаделфија е подобрата екипа, ама почнаа со 0-2. Не одиграа добро на стартот, ама 0-3 е веќе сериозно лош резултат и не смеат да си дозволат против лоша екипа да изгубат. Бенгалс покажаа дека не се најлоши во лигава, ама сепак се дел од екипите што ни на сон не би барале плејоф. Иглс дефинтивно очекуваат подобар остаток од сезоната и борба за плејоф. Двете екипи започнаа со 2 порази, мислам дека Филаделфија нема да си дозволи ваква шанса против противник што е баш по мерка.

Денвер го изгубија квотербекот минатата недела поради повреда. Купија нов КБ оваа недела и чисто сумњам деак е уигран со тактиките на екипата пошто ипак ова е сериозен спорт. Тампа од друга страна полека влегуваат во ритам. Пола тим на Денвер е со повреди, а Тампа дури и да играат лошо најмногу што би им дале на Денвер е израмнет меч. Не гледам како Денвер со нов КБ и милион повреди би победиле или би имале шанса.

Друг дубл:

Сиетл-Далас 2 со 8.5 хендикеп @1.5
Њу Орлеанс-Грин Беј 2 со 6.5 хендикеп @1.57

Сиетл се фаворити против Далас, ама и двете екипи бараат плејоф годинава. Сиетл игра таков тактички фудбал што можат секој натпревар да го направат израмнет. Без разлика дали играат против срање или квалитетна екипа. Далас од друга страна не е наивна екипа. Имаат солидни оружја и дефинитивно можат да се носат со Сиетл. По секоја логика ова би требало да биде рововска битка. Далас миантата недела направија маестрален камбек и сигурно самодовербата им е премногу рипната. Сиетл минатата недела изиграа тврд меч против Њу Ингланд кои оваа година не се нешто надреално квалитетни... 8.5 е премногу (додатен хендикеп во спортлајф) за Далас да не покрие. Минатата недела покажаа дека ниту едно водство не е преголемо за нив. Дури и Сиетл да играат маестрално цел меч, уверен сум дека Далас лесно ќе стигнат до поени во garbage time. Би требало ова да е тврд меч. Последен пат играа овие две екипи плејоф во Јануари 2019, а тогаш победи Далас со 2 поена разлика.

Њу Орлеанс во првиве два меча....не импресионираа. Грин Беј...импресионираа. :D Ме чуди што Њу Орлеанс е фаворит, тотално го очекував спортивното. Квотербекот на Њу Орлеанс имаше два лоши меча, и нормално новинарите започнаа со муабети "is he washed out?" Е па, нема подобар тест за ова прашање од мечов денеска. Ако не...би требало Грин Беј да го искористат тоа. Ако не е....би требало Грин Беј да си играат добро во нападот како и што играа досега и да го направат овој меч тврд до самиот крај. Во двата меча до сега Грин Беј дадоа 42 и 43 поен т.е. најмногу во цела лига. Њу Орлеанс во првите два меча дозволија 23 и 34 поени. Мислам дека Грин Беј дури може и да победат, ама ајде, ќе играме вака...

И за крај, ако сака некој за кур-ташак да брка изненадување..

Бафало - ЛА Рамс 2ка @ 2.40

Во Спортлајф е падната квота на 2.18. Сигурен сум на интернет до после ќе падне до 2.10. Пак не ја сфаќам квотава. Бафало се солидна екипа што покажува потенцијал. Ама тоа е тоа, само потенцијал. Еве, ако сврзат пар победи после ова луѓе ќе почне да ги сметаат за "aaa., озбилни се овие, браво". Ама сега за сега се уште треба да го докажуваат потенцијалот. ЛА Рамс од друга страна ги знаеме и знаеме како играат. Имаат чинам пар повреди, и Бафало ако играат добро би можеле да победат, секеако дека да. Ама ако двете екипи играат добро.....ЛА Рамс е фаворит. Не ја сфаќам квотава. 2.05 е пореална квота од 2.4 секаеко...така да..ете, во Моцарт вреди квотата тотално. ЛА Рамс започнаа со две победи и тоа против солидни екипи, имаат дадено 57 поени а примено 36. Бафало до сега имаат две победи против едни од најлошите екипи во лигава. До сега нема посериозен противник и ова денеска им е прва позезната утакмица. Не знам со што заслужија Бафало да бидат сметани како фаворити против екипа што има сериозен ростер и сериозен тренер. Бафало играат добро, интеерсна екипа се..ама рано им е да бидат ставени во ситуација каде што се фаворити после две победи против Долфинс и Џетс.

Со среќа и се надевам нема по една од двата дубла да погодам :D

Еден дубл фатен, дај шта даш.

Судијата на 15 секунди досуди сомнителен фаул против Ремс..

Фили.....мамицата у пичка.

Дали по некоја случајност некој од вас играше ова онлајн?
Нели, онлајн НФЛ ако играте нема икс и се важат и продолженија.

Арно ама....ова заврши Х и после продолженијата...
Како паднато ви го дава? Како 1 квота?
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Еден дубл фатен, дај шта даш.

Судијата на 15 секунди досуди сомнителен фаул против Ремс..

Фили.....мамицата у пичка.

Дали по некоја случајност некој од вас играше ова онлајн?
Нели, онлајн НФЛ ако играте нема икс и се важат и продолженија.

Арно ама....ова заврши Х и после продолженијата...
Како паднато ви го дава? Како 1 квота?
Screenshot_20200928_144403_com.android.chrome.jpg
Dodeka ne zaeba Arizona, Filadelfija ne ja kazuvase ni kako pogodena ni kako promasena.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.256
Поени од реакции
2.248
Мучова во живо да тепа @ 2.40

Од тоа што го гледам јас снема сила во McHale, сервисите до крај ќе бидат очај, како во последниот гем.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.069
Поени од реакции
84.685
Член од
1 март 2010
Мислења
7.887
Поени од реакции
14.379
А бе ова е Спортлајф, тука има икс како игра, ја зборев за Бет365 и слично каде претпоставувам дека нема икс како опција за кладење?
Има икс опција во регуларно време во 3-way bets, ама ако играш Money line, што најчесто и се игра од сите, тогаш 1 квота е ако и по продолженија заврши нерешено, а ако има победник во продолженијата тогаш исто како во регуларно време да имало победник.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.069
Поени од реакции
84.685
Има икс опција во регуларно време во 3-way bets, ама ако играш Money line, што најчесто и се игра од сите, тогаш 1 квота е ако и по продолженија заврши нерешено, а ако има победник во продолженијата тогаш исто како во регуларно време да имало победник.
Е па тоа е тоа, лапајте си добитни тикети вие што игравте онлајн :D
...уште ме нервира што флопнаа против Бенгалс еј...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom