Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
12 декември 2007
Мислења
4.858
Поени од реакции
10.333
90% пишал хахахах

Добар сон и врв на кариерата да те шљакаат со осумка.
Очигледно помило му е да губи 8-2 во Барса отколку да тепа 8-2 во Баерн Ми ја потврдуваш тезата.

Во Германија има повеќе со дресови од Реал и Барса отколку од Баерн. Во Шпанија нема да најдеш 5 души севкупно со дрес од Баерн. Формата е пролазна, Барса и Реал ќе си останат институции и брендови.

Крос на пример си млатеше со Баерн, ама кога тропна Реал на врата се качи на првиот авион, во лига кајшто ништо не му беше гарантирано и кајшто Реал освојуваше на секои 5 години. Милион примери :)
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.965
Поени од реакции
8.185
Налет што Реал и Барса се институции, и Шпанија како држава е сто пати поатрактивна отколку врнежлива Англија пример или пак безживотна Германија. Колку и да имаат катастрофални години, ќе си останат најдобри дестинации.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.327
Поени од реакции
15.586
Океј, ако малце ја тргнеш еуфоријата од освојување на ЛШ која очигледно се уште те држи, ќе мораш да се согласиш дека е така.

Нема ништо лошо или срамно во тоа, откако гледам фудбал било така, најатрактивна дестинација за скоро сите фудбалери се Барса и Реал.
Од кога гледаш фудбал?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813
Тоа што ти навиваш за тим кој пропадна како жетон на фудбалската мапа и не е атрактивен - не значи дека 90% и "скоро сите" фудбалери сакаат да заиграат во Барса и Реал, па се тешиш.

Ова се тешки глупости и некоја затуцана теорија на фанчиња на Реал и Барса.
Помина тоа време кога фудбалерите сакаа да играат во Галактикос или со прајм Роналдо (овој и сега е атрактивен како соиграч во Јуве) или сакаа да играат со прајм Роналдињо, Чави, Иниеста, Меси...
Реал колку толку се држи, сепак освоија триплета во ЛШ, плус Зидан им е магнет.
Барса е скроз пропадната сезони наназад, никаква привлечност, умрена екипа и уште поумрена управа.

Се повеќе се потонати и ќе тонат овие екипи во тој поглед, наспроти Сити, Ливерпул, Баерн, ПСЖ (покрај парите, Нејмар и Мбапе се страшни магнети да ги имаш како соиграчи), Јувентус, Челзи (остај јас што ги дупам, имаат интересен проект)...
Супер пост, секако дека фудбалските мислења што ги имам се стриктно поврзани со тоа во каква состојба е клубот за кој навивам.

Не треба да се тешам јас туку ти треба да станеш малце пореален, Бундесот никогаш не бил толку атрактивен ко дестинација за кремот на фудбалери и тие секогаш ќе изберат да одат во Реал или Барса, барем досега било така.

Јас воопшто не планирам да ти го навредам Баерн или да му го оспорам успехот ама ко последен пример за тоа играчите кои клубови ги преферираат мислам дека е Хазард, го одби Баерн за да оди во Реал.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.676
Поени од реакции
14.559
Очигледно помило му е да губи 8-2 во Барса отколку да тепа 8-2 во Баерн Ми ја потврдуваш тезата.
Очигледно си мазохист или навиваш за клуб кој е таков. Мизерен.

Крос на пример си млатеше со Баерн, ама кога тропна Реал на врата се качи на првиот авион, во лига кајшто ништо не му беше гарантирано и кајшто Реал освојуваше на секои 5 години. Милион примери :)
Крос си отиде од Баерн затоа што не сакаа да му дадат плата како што бараше и сметаа дека не ја заслужува. Тоа е грешка на управата на Баерн.
Не ми продавај на мене вакви приказни дека се качил во првиот авион затоа што Реал го побарал.
Реал не ни беше во игра се додека не пропаднаа преговорите за нов договор.
Информирај се малку пред да тресеш зелени. И напиј се 7Up, ќе ти помине.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.858
Поени од реакции
10.333
Очигледно си мазохист или навиваш за клуб кој е таков. Мизерен.



Крос си отиде од Баерн затоа што не сакаа да му дадат плата како што бараше и сметаа дека не ја заслужува. Тоа е грешка на управата на Баерн.
Не ми продавај на мене вакви приказни дека се качил во првиот авион затоа што Реал го побарал.
Реал не ни беше во игра се додека не пропаднаа преговорите за нов договор.
Информирај се малку пред да тресеш зелени. И напиј се 7Up, ќе ти помине.
Заеби, моја вина е што фатив со тебе да дискутирам. Ок Румениге, во право си.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.676
Поени од реакции
14.559
Јас воопшто не планирам да ти го навредам Баерн или да му го оспорам успехот ама ко последен пример за тоа играчите кои клубови ги преферираат мислам дека е Хазард, го одби Баерн за да оди во Реал.
Зошто лажеш и измислуваш работи? Никогаш Баерн не преговарал со Хазард.

Убаво знам од релевантни извори блиски до клубот (германски новинари) како се движат гласините околу Баерн со години наназад и никогаш немало шпекулации за Хазард како сега што имаше за Дест, затоа немој да лажеш, пак ќе кажам.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813
Зошто лажеш и измислуваш работи? Никогаш Баерн не преговарал со Хазард.

Убаво знам од релевантни извори блиски до клубот (германски новинари) како се движат гласините околу Баерн, затоа немој да лажеш за Хазард.
Де бе Стелт, ко да ти опцув мајка, олабави се, сум читал шпекулации(ко и ти, ко и сите други) и според мене мислам дека Баерн беа заинтересирани за Хазард.

Ете, небитно, нека е и по твое дека никогаш не сте биле заинтересирани за него, пак стои фактот дека во однос на Барса/Реал сте далеку понеатрактивни(ќе напоменам пак, не значи дека не сте добар и јак клуб).
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.392
Поени од реакции
26.385
Супер пост, секако дека фудбалските мислења што ги имам се стриктно поврзани со тоа во каква состојба е клубот за кој навивам.

Не треба да се тешам јас туку ти треба да станеш малце пореален, Бундесот никогаш не бил толку атрактивен ко дестинација за кремот на фудбалери и тие секогаш ќе изберат да одат во Реал или Барса, барем досега било така.

Јас воопшто не планирам да ти го навредам Баерн или да му го оспорам успехот ама ко последен пример за тоа играчите кои клубови ги преферираат мислам дека е Хазард, го одби Баерн за да оди во Реал.
Баерн не ни преговарал за Хазард. Не знам од каде тоа сега испадна.
Автоматски споено мислење:

Очигледно помило му е да губи 8-2 во Барса отколку да тепа 8-2 во Баерн

Крос на пример си млатеше со Баерн, ама кога тропна Реал на врата се качи на првиот авион,
Исто како и Рибери и Левандовски ;)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.327
Поени од реакции
15.586
Супер. И мислиш дека најдобрите играчи играле во Барселонa?
Какви се не играчите играле низ тие 20 годините откако гледаш фудбал, мал дел од нив помислиле на трансфер во Барса.
Добро, разбирам дека големиот талент Дембеле правеше драми за да оди во Барса, или пак Кутињо, а да и големиот Малком кој смени авион за да отиде во Барса. Еве и Верати на кој му удрија заушки за да легне на брашното.

Сите тимови си имале своевремени блесоци, а и зависи од играчот, дали оди по пари, по титула или по градот кај што сака да живее, по тренер, по првотимски статус.

Ботом лајн, Барса е далеку од најпосакуваната дестинација.
Реал може да се земе како таков зашто цело време е на врвот, се останато е според мене x2 помалце привлечно и зависно од периодот.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813
Баерн не ни преговарал за Хазард. Не знам од каде тоа сега испадна.
Океј, во ред е, реков дека според шпекулациите пред да си оди што сите ги читавме и Баерн беше наведен ко заинтересирана страна, огин беше Хазард тогаш а они имаа потреба од крило.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Стелт не прај намерно да го замразам Баерн. Иам страшно поштовање за клубот ама од вакво курчење ќе ми стане одбивен.
Исто со оној Миа Сан Миа се расправав едно време. Кај е тој бе?

Не се курчи толку, во ред е.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.028
Поени од реакции
36.813
Супер. И мислиш дека најдобрите играчи играле во Барселонa?
Какви се не играчите играле низ тие 20 годините откако гледаш фудбал, мал дел од нив помислиле на трансфер во Барса.
Добро, разбирам дека големиот талент Дембеле правеше драми за да оди во Барса, или пак Кутињо, а да и големиот Малком кој смени авион за да отиде во Барса. Еве и Верати на кој му удрија заушки за да легне на брашното.

Сите тимови си имале своевремени блесоци, а и зависи од играчот, дали оди по пари, по титула или по градот кај што сака да живее, по тренер, по првотимски статус.

Ботом лајн, Барса е далеку од најпосакуваната дестинација.
Реал може да се земе како таков зашто цело време е на врвот, се останато е според мене x2 помалце привлечно и зависно од периодот.
Мислам дека Роналдињо и Меси ја направија Барса да биде доста атрактивна дестинација, има куп трансфери кои завршиле таму поради тоа што биле атрактивни за титули и слава.

Нејмар, Фабрегас, Анри, Суарез, Виља и куп други веројатно само сега ме мрзи да се присетувам што се имаат земено низ годините.

Кутињо и Дембеле ти се исто така примери, колку и да испаднале ко флопови.

На страна бродоломот во кој се сега Барса, тоа е мое мислење.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom