- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 19.681
- Поени од реакции
- 34.919
... инфантилниот (бебешки) мускулен тортиколис е предизвикан од контракција и дегенерација на стерноклеидомастоидниот мускул со специфично наведнување на главата на една страна, како и можни деформитети како што се асиметрична глава, асиметрично лице (еден образ поголем од другиот) и истиот деформитет колку порано се почнува со соодветни вежби и методи, толку со растење на бебето ќе се намали, па дури можно да се изгуби деформитетот, а и не ќе има проблеми со жвакање на храната и со говорот доколку навремено се превземат соодветни мерки.
...последица на тортиколис кај бебето е можно уште како фетус во тесна матка или е во невообичаена положба, употребата на форцепс за време на породувањето можно да создаде кај новороденчињата т.н. torticollis неможност на вратниот мускул да работи како треба и бебчето најчесто има проблем со вртење на главчето, па и доењето го фаворизира на една страна т.е. една дојка или вратчето му е „позаглавено“ каде му е поголемо обравчето,
... мускулен тортиколис, најчесто е спазам на вратниот мускул, може да биде вроден, стекнат, акутен поради некоја инфекција на лимфните јазли на тоа место, од траума или од други причини, кај некого посилно кај некако поблаго застапено (со држење на главата малку странично или ете понекогаш поголемко обравче на таа страна за разлика од другото обравче), но многу опширна тема што може секој да ја има ова појава или да „ја доживее“ во текот на животот во било која возраст,
... тортиколис, често е поврзано со кукот на бебето и најчесто го приметуваат после две недели од раѓање зашто бебето ја држи малку настрана главата кон „проблематичниот мускул“ (но не мора да ја држи), погледот му е насочено кон здравата страна, рамото на страната каде е „проблематичниот мускул“ е малку подигнато од другото рамо,
најчесто спие на една страна и цица од една страна и само од една дојка и се решава со вежбање на таа страна (иако не сака да цица од другата страна-дојка), масажа па дури и физотерапија, користење на специјални перници за спиење, па дури некои носат фиксатор на вратот (Шанцова кравата),
зависно од причината на настанување на тортиколис (кај новородените како трета по распространетост вродена аномалија) може да биде поделено на :
- миоген (како последица на цикатрикс кој се развива во стерноклеидомастоидниот мускул заради кинење на мускулните влакна и образување на хематом за време на раѓање)
- артроген (како последица на вратна дисплазија и цервикално-торакален дел на рбетнит стол)
- невроген (како последица на спазам или парализа на стерноклеидомастоидниот мускул поради повреда на т.н нерв ацесориус),
*диференцијална дијагноза на тортиколис-
примарни симптоми:
главата наклонета повеќе на една страна, лицето и погледот свртено кон здравата страна, цервикални пршлени завртени кон засегнатата страна, цервикален рбет закривен на здравата страна,
секундарни симптоми:
промени во черепот, лицето и рбетниот столб, асиметрија на лицето и челото, сплескан тил на здравата страна, закривеност на горниот торакален рбет .
третман на тортиколис вклучува физикална терапија, електрофореза со раствор од 1% Калиум Јодит, кинезитерапија, парафин и примена на Туина масажа,
...лекувањето почнува уште во првите денови после раѓањето за успешна рехабилитација,
Последно уредено: