Од Есиен ништо сезонава. Очекувам да се врати во март-април, ама сезоната завршува во мај, така да поарно скроз нека се доопорави отколку да се ризикува нешто уште полошо. На Микел добро му оди, Минеиро само треба да влези во натпреварувачки ритам пошто долго време ич не играл, и Белети во некои утакмици да покрива.
Според гол.ком, играч на натпреварот е Малуда. Потоа Анелка, Џо Кол, Лампард и Алекс.
Како што реков вчера, Малуда инзвонредно работи на теренот. Трча постојано, се обидува да се пробие, додава... Ништо конкретно од негова страна нема, голови, удари на гол, ама очигледно залагањето делува на изданието на Челзи, гледно како една целина.
Алекс феноменално, и по не знам кој пат се прашувам како Карваљо сеуште има предност пред Алекс, па и Ивановиќ.
Анелка ебаго, добро издание вчера, ама ни треба и Дрогба назад за некои нетпревари. Мидлзбро и Сандерленд ги поминавме.
Лампард, ако има простор на средината на теренот, е незапирлив. Ако е добро затворен, ништо од него. Вчера, за среќа, имаше доволно простор.
Дрогба и Минеиро конечно заиграа сезонава. Во решена утакмица како вчера не може да се види нешто повеќе, ама и двајцате се многу потребни за понатаму. Особено Дрогба. Бриџ, не можам да речам дека е лош, ама со Ешли не ми се споредува. Се андевам на брзо враќање на Кол.