- Член од
- 18 мај 2008
- Мислења
- 7.561
- Поени од реакции
- 17.594
Сериозно сеуште се расправаш со бачињава?Ти си ја видел со свои очи таа фамозна хиперсонична ракета, или само така си слушнал?
Сум имал прилика да се дружам повеќе месеци со Руси кои живеат во Ставропол и во Оренбург, и сум добро запознат со повеќе работи во поглед каков е животот таму, и да ти кажам искрено, не се разликува со оној што го имаме тука ние во Македонија, според нивните зборови.
Баш така. Да се послужам со басни како еден член тука што обожаваше басни да пишува. Работава мене ми изгледа како некој локален були, кој оди по комшии покажува мускули. Сите пари што ги има ги дава втеретана и на стероиди, и сите од него околу се тресат, а кога ќе си појди дома, на маса има само леб, масло и пипер и му дува од пенџерињата кои не се променети 203 години.
Тие што ги малтретира булито, кога ќе си појдат дома си одат во чисти и средени куќи, со ПВЦ дограма, со тв, интернет, со јадење и пиење итн..Нив не им е толку важно да се јаки во тепање, бидејќи не им е таква филозофијата, туку нив поважно му е да си се облечени убаво, да си имаат убав дом, да се нахранети и да си имаат услови за живот.
И доаѓаме до фактот дека булито впрочем, си ги лекува фрустрациите малтретирајќи други, а кога ќе дојди некој поголем батко од некое друго маало кој не само што е понавежбан доаѓа и убаво дотеран, со кола.И кога ќе добие по уши, локал булито почнува да се жали и да цвика кај својата тетка со закосени очи, а таа е толку тромава и гломазна, што да се помести ќе и требаат 32 години...
Бујрум сведочења од луѓе кои живеат на патот помеѓу Питер и Москва(што ќе рече далеку, далеку од длабоката провинција):
- YouTube
Enjoy the videos and music that you love, upload original content and share it all with friends, family and the world on YouTube.
Земаат пензија од 30-40 евра, живеат во куќи од дрва, серат во полско веце и црпат вода од бунар. Да не речам нема вакви работи во Македонија, а за од Хрватска нагоре да не коментирам. И тоа видеово е снимано пред Мајданот и санкциите. Ден денес живеат уште покатастрофално, а пензијава од 2400 рубљи на старецот му вреди 24 евра. Смешно и патетично е да се споредува Руската економија со ЕУ. Има луксуз, но тој е ограничен на олигарси и квартови од неколку града, останатото е беда и сиромаштија. А да не беше бизнисот од нафтата и природните ресурси БДП-то пер капита ќе им беше на ниво на Африканските земји, јер не произведуваат апсолутно ништо позначајно.
И тоа ова рачунајте на место кое што е не повеќе од 30 километри од Москва и на најпрометен пат со Петерсбург. Кој знае каква беда е таму на исток од столицата наспрема Сибир.
Само да победи Бајден, ваму ќе ги бркаме сите бачиња, па нека се фалат оттаму со руските хиперсуперсонични ракети.