Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Да се надоврзам, не знам шо формација игра тотнем сеа, можно е 5-3-2 да проба, така ќе има логика за трансферите на Дохерти и Регуилон, и зашо бараат на пазарот уште еден шпиц
Повеќе ми иде на 3-4-3 со Сон, Кејн и Бејл напред. Дохерти и Регилон вингбекови. Напаѓач мора да земат затоа што немаат замена за Кејн, не смеат пак да си го дозволат тоа што се случи сезонава. Очекував после Бејл да не зимаат напаѓач. Интересно ако се спремни уште да инвестираат.
 
Со среќа да ви е Дест :D Барса мислам дека е уфрлена во муабетов колку да ви кренат цена, иначе Куман си кажа дека ростерот е тој што е и со него ќе ја почнат лигата. Нема буџет за трансфери, а нема ни пари од продадени играчи. Семедо особено спаѓа во оние кои се недопирливи според претседателот на клубот.
 
@Донев
Земале позајмица од 175м фунти од банка за трансфери
Не верувам да се согласи Ингс да седи на клупа, нема логика, зашо би прифатил ваков трансфер кога лани беше еден од најдобрите шпиц играчи во ПЛ.
 
Кој глупости бе акнат?
Јас ти реплицирам во новава сезона или уште сме во 2019-2020?
Убаво ти пишаа, се рачунаат последните пет сезони, во моментов кога мериш курови, италијанската има подобар коефицент од германската.




Абе објективен пристап според тебе значи дека шпанската последниве 10 години е подобра од англиската.
Нема везе, престанав да мерам муда на лигите тука, бесцелно е.
Кој е фан на германски тим, нормално дека германската ќе е втора најдобра, кој е фан на Реал и Барса за него шпанската е најдобра а сите се сложуваме дека ПЛ е без конкуренција. Барем се надевам сите се сложуваме, ма да нема да ме чуди и да има некој што ќе тврди различно.

Oti Spanskata da ne bide podobra? Ocigledno povekje uspesi imaat na Evropsko nivo. Ili deka PL e najgledana, najmnogu lupaat za igraci i drugi ne sportski kriteriumi se presudni?
 
Дали УТД ќе ги вратат парите што ги имаат земено од реклами и од продажба на дресови за Санчо ако не успеат да го донесат?

Она кога ќе си снимиш филм дека нешто е речено а не е, само за лајкчиња.

Од идеја до реализација фали мноогу.Во случајов фалат 120м.Ама пресмешно, секоја чест, само напред и поздрави по дома.
 
Ne. TV pravata ne kazuva nisto za kvalitetot tuku kolku e sledena i kolku pari vagjaat so niv. Kvalitetot se gleda isklucitelno od sportski aspekt. UEFA listata meri sportski uspeh i dvete ligi se gore dolu isti.

Тв права за која е поинтересна, пошто има и еден таков сегмент у расправиве :)
Имаше едно време Примера е појака лига, а ПЛ е поинтересна за гледање. И така си беше, факт.
 
Џабе му е на Тотенхем било каков трансфер ако Мурињо го остават на клупа. Едноставно човекот е веќе пропаднат, му помина мандатот.
Инаку Сон Кејн Бејл е одличен напад, ама пак ќе речам, со Мурињо џабе и Меси да го донесат.
Не знам со кој памет Покетино го испуштија за да го донесат Мурџо,најдебилен потег им беше тоа
 
Џабе му е на Тотенхем било каков трансфер ако Мурињо го остават на клупа. Едноставно човекот е веќе пропаднат, му помина мандатот.
Инаку Сон Кејн Бејл е одличен напад, ама пак ќе речам, со Мурињо џабе и Меси да го донесат.
Не знам со кој памет Покетино го испуштија за да го донесат Мурџо,најдебилен потег им беше тоа
Ај што е пропаднат Моу. Назначувањето на Моу му беше последната надеж да се крени клубот според мене со кадар на играчи(6 години ист тим).
Да не беше "корона криза" мислам дека најдобрите фигури на Тото че заминеа во подобри клубови.
Ај вгодина.
Негде денес читав дека заминувањето на Покетино било ради доста недоразбирања во внатрешноста на клубот, плус Амазон. Не ради слабите резултати.
 
Имал клаузула наредно лето Халанд :eek:
Ќе има тепачка.
Како тепачката за Санчо? Години ќе поминат додека Борусија сфати дека пазарот не е веќе тој, умре Барса случајот и тешко дека некогаш ќе се повтори!
 
Како тепачката за Санчо? Години ќе поминат додека Борусија сфати дека пазарот не е веќе тој, умре Барса случајот и тешко дека некогаш ќе се повтори!

Борусиа не е Торино или Виола за да "сфати"...тие се финансиски стабилни и не му требаат да продаваат играчи...не сме повеќе 2014 година за да прајте ваков муабет...Дортмунд продаваат играчи само под голема цена или ако запнат самите играчи да заминат за поголема плата
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom