Јас сум за секаде во светот да има фер избори од Белорусија па до Боливија... Што им е тоа сложено?
Тоа е неприфатливо решение за западните демократорски и слободарски држави кои се водат според принципот на Хенри Кисинџер, кој гласи:
" Ова прашање е премногу важно за да го оставиме во рацете на гласачите за самостојно да го решат " .
Боливија која ти ја спомна е одличен тазе пример за тоа, прво организираа некакви квази-протести против ре-изборот на Ево Моралес врз основа на наводни изборни нерегуларности и додека човек да трепне, војската и` откажа послушност на демократски избраната влада и без воопшто да се организира било каква јавна дебата или правен процес со цел да се оспорат изборните резултати.
Откако Моралес и владата поднесоа оставки, од никаде власта во државата ја превзеде заменик-претседателката на Парламентот Џанин Ањез, која експресно ги прекина дипломатските односи на Боливија со Венецуела и Куба и ја суспендираше ратификацијата на трговски договори на Боливија со странски држави - наводно додека не се одржат нови парламентарни и претседателски избори, кои постојано ги одлагаат.
Еден од овие трговски договори е договорот со Кина - сеуште нератификуван, а после државниот удар во Боливија во ноември 2019 најверојатно слободно може и да се третира како отпишан - кој Моралес го договори во февруари 2019, едно 9 (ДЕВЕТ) месеци пред државниот удар, а кој требаше да предвидува изградба на кинеска фабрика за производство на литиумски батерии во Боливија, во која Боливија би имала мнозински сопственички удел од 51%.
Според Геолошкиот Институт на САД, Боливија наводно е држава со најголеми резерви на литиум во Јужна Америка, а социјалистот Моралес направи смртен грев кога се осмели да им посака добредојде на Кинезите на боливиска територија, откако им кажа НЕ на германските инвеститори, исто така заинтересирани за експлоатација на боливискиот литиум.
Со оглед на фактот дека целиот свет се подготвува за напуштање на фосилните горива и префрлување кон електрични возила, литиумот е новата нафта за која допрва ќе се водат нови крвопролевања во децениите кои следуваат.
Аргентинците, како втора држава со најголеми резерви на литиум во Јужна Америка, исто така треба да му ја мислат, настрана фактот дека се банкротирани како држава, туку и перонистичко-киршнеристичката влада на Алберто Фернандез и Кристина Фернандез де Киршнер не е баш по меракот на САД и западните демократорски и слободарски држави, што значи дека и тие треба да пазат со кого ќе потпишуваат договори за експлоатација на аргентинските резерви на литиум.
Кристина Фернандез де Киршнер едно време ја токмеа за во затвор додека беше на власт претходната аргентинска влада на чело со Маурицио Макри - миленик на САД - во периодот помеѓу 2015 и 2019 година. Како претседателка на Аргентина, за време на нејзиниот втор претседателски мандат од 2011 до 2015 година, Кристина беше во посета на Виетнам, па дури и се прошета низ тунелите во кои се засолнувале силите на Виетконг за време на Виетнамската војна, поради што можеби сега како заменичка-претседателка на Аргентина може да и` текне да погледне кон западните брегови на Тихиот Океан во потрага по трговски партнери за експлоатација на аргентинските резерви на литиум.
Така да, убаво е тоа што ти си за фер избори насекаде низ светот од Белорусија до Боливија, но сложена е ситуацијата, бидејќи Кисинџеровата доктрина и понатаму е одлучувачка во надворешните политики на САД речиси 50 (ПЕДЕСЕТ) години.