Многу страници испишани за мојов проблем.
Ќе повторам уште еднаш.
Договор за дејт, во парк.
Каде што има многу луѓе исто така.
Сакав да биде на јавно место, јас го избрав местото.
Враќање дома покрај 22 часот затоа што не смеам сама во темница да поминувам на плоштад каде што има глутница кучиња и тоа не доаѓа во предвид.
Влагање во автомобил, возење кон мојот дом и прва кривина менување на правец и носење мидл оф ноувер.
прифаќање на разговор само ако ми вети дека ќе ме врати дома затоа што очигледно нема шанси да скокам додека колата е во движење.
Немаше кој да ме земе од парк, другарка на работа, домашните на пат, на брат ми уште незавршена самоизолација.
Единствениот роднина на кој што можев да се ослонам е мојот братучед кој исто така беше на пат.
Толку околу тоа.
Обичен муабет околу работа, мал бакнеж на кој му возвратив.
Бакнеж е, не драпање и лапање, бакнеж, краток.
Престанете со вашите приказни дека сум провоцирала, толку ви е здодевно што секакви теории имате само за да го свртите муабетот како ви вам одговара.
При што следеше вадење на полов орган, допирање, меѓу нозе и на гради при што два пати го отргнав.
Од нервоза не знаев што да правам и гледав да останам смирена без да паничам и да не покажам страв кога се јави другарка ми при што испаничи типот и конечно прифати да ме носи дома.
По пат дознав околу девојка му, калкулирав за да не го налутам повеќе, не знаев што да зборувам затоа што бев преплашена.
На сето брзање го заборавив мобилниот, беше фер околу тоа да ми го врати при што се правдаше дека ништо лошо не направил.
Прекинување на контакт.
Ми дадовте идеа да го побарам типот, да се сретнеме уште еднаш, да си го направиме ќеифот барем да ви држат муабетите на пола од овде дека си го барав.