Кокино -'рона едишн

  • Креатор на темата Креатор на темата Лопов
  • Време на започнување Време на започнување

Лопов

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.548
Поени од реакции
4.390
Има ли некој видено/поминато во кокино?
Како е состојбата со пристапност?
Колку луѓе има/
Знам дека има отворено тема, ама никој ја нема чепнато 7 години.
 
Има ли некој видено/поминато во кокино?
Како е состојбата со пристапност?
Колку луѓе има/
Знам дека има отворено тема, ама никој ја нема чепнато 7 години.

За чудо бев денеска со точак. Имаш две продавници доле во Драгоманце, мислам дека работат до 7 не сум поминувал ноќе. Пристапност секако дека има, патот не баш нај нај, ама можеш да отидеш со што сакаш. Луѓе ке видиш, преку ден некој што чува стока или стражарите горе на опсерваторијата, мада има и луѓе кои работат со дрва, ама во подалечните села. И имаш комбе кое оди два пати натаму наваму и остава пред опсерваторијата. А поаѓа од автобуската станица.

П. С. Ако одиш денски со кола, намини и во црквата Св. Ѓорѓи во Старо Нагоричино, а ако имаш време можеп и до АСНОМ спомен центарот да идеш.
 
Треба да испланираме еден ден. Намеравам во околијата...друга беља да барам...
 
Треба да испланираме еден ден. Намеравам во околијата...друга беља да барам...

Во околијата ги имаш само водопадите во Длабочица, изгуглај ги. Мада знаат и да ги пресушат и загадуваат. :)
 
Имаш тесен али солиден пат, углавно ако не си бил вреди да се посети местото.
 
Вака пошто не сум влогер/блогер и сите тие глупости..
Кондензирана верзија
20201003_120833.jpg
Бев октомври 2020. Се пентариш, трасата е малце напорна на кичма. Гледаш куп карпи, и на некој претпоставувам дека исклесани камења или што и да е. Дали вреди да се посети? Повеќе како геолошка формација него локалитет.
Преферабилно на суво време на пролет/есен оти сега гарант е пекол врело ^2
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom