Кајгана психолог

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Поздрав до сите што ќе го прочитаат ова, а очигледно очекувам некој и некогаш да го прочита.

Мојата мајка е полуфунционален алкохоличар повеќе години чија функционалност сега е уште повеќе нарушена од комбинацијата "прерана менопауза и тежок алкохолизам". Добро разбирам каков склоп на околности ја доведоа до оваа фаза и колку пати во овие 10 години се има потрудено да застани на нозе и колку е свесна за нејзината состојба чија свест е исто така сведена на 0. Сум се потрудил со најсмирени и најрационални пристапи кои само трпението ми го напикаа од задната дупка (простете), а дел од косата ми побелува. Причината за што пишувам тука е и за мене непозната, но едно знам дека моите блиски не сакам да ги оптоварам и не ми веруваат кога ќе им кажам што се случува. Не сакам уште да ја испратам на лекување, а знам дека е најреална опција. Во овој момент грижата спрема неа се претвори во гнев против нејзината несвесност за како ми наштетува мене, моите млади години и другите околу нас. Разбирам луѓе со проблеми, па дури и лоши навики кои сум ги усвоил и јас, но скоро никогаш - освен при некој досаден кафе-муабет - не замарам никого. Не знам дали е соодветна оваа тема да биде тука пишано моето мислење и не треба никаков совет освен ако некој поминувал низ слично и располага со техники на трпение и начини да се пружи помош на таква личност за која јас сметам дека е себична без разлика со кои материјални средства се трудела да ме задржи во нејзиниот живот.

П.С. Со мојот наведен проблем не сакам да омаловажам туѓи маки и бидувам повеќе од свесен дека од тешкото има и потешко.

За крај сакам да кажам дека имаме бариера во нашата комуникација со тоа што кога јас на пример пробам да кажам дека надвор врнело таа на тоа мене ќе ми возврати со тоа дека татко ми некогаш во минатото не ме сакал. Значи тешко ми е да се разберам преку говорен тип на комуникација, а богами и пишан.
Колку и што пие дневно?
 
Член од
1 септември 2020
Мислења
4
Поени од реакции
4
Колку и што пие дневно?
Претежно жестоко (коњак, ракија, узо mostly), со мала мешавина од црвено вино и таблетки за тироидна плус седативи. Количината ќе ја заокружам на околу еден литар (жестоко) бидејќи вообичаено ги наоѓам шишињата празни.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Претежно жестоко (коњак, ракија, узо mostly), со мала мешавина од црвено вино и таблетки за тироидна плус седативи. Количината ќе ја заокружам на околу еден литар (жестоко) бидејќи вообичаено ги наоѓам шишињата празни.
Toa e веќе опасно по живот на дневна основа пријателе....незнам што да кажам ако е точно.
 
C

CoolIris

Гостин
Не сакам уште да ја испратам на лекување, а знам дека е најреална опција. Во овој момент грижата спрема неа се претвори во гнев против нејзината несвесност за како ми наштетува мене, моите млади години и другите околу нас.
Неколку пати те препрочитав.....и ова...ова е клучното.

Види, алкохолот има огромна разорна моќ и не само што го "упропастува" алкохоличарот, туку и неговото семејство и луѓето околу него. Ти, како најблизок на твојата мајка ги чувствуваш директно последиците на овој подмолен убиец.

Поддршката од семејството е првото и најважно оружје за почеток на борбата. Знам и разбирам дека ти е тешко и не сакаш да ја гледаш таква, ама мора да размислуваш трезвено и со ладна глава. За нејзино добро, а и за твое добро, да имаш здрава мајка до себе и помалку фрустрации. Обиди се со директен пристап, искрено и отворено покажи и дека си спремен заедно да се борите против тоа проклето чудовиште. Покажи и разбирање, љубов, поддршка, доверба. Испровоцирај ја нејзината желба за живот, побуди го нејзиниот мајчински инстинкт. Мајчината љубов е безусловна.....само дај и до знаење...давај и до знаење. И зборувај, постојано зборувај, дека нема да се откажете и заедно ќе успеете!

.... на лекување мора да ја испратиш. Процесот е долготраен, ама покажи истрајност. Ако треба, побарај и ти разговор со психолог или психијатар. Секогаш е добро, да имаш некого на кого може да ги искажеш твоите проблеми. Немој да се откажуваш и требаш на мајка ти, а и таа ти треба тебе!
Автоматски споено мислење:

Претежно жестоко (коњак, ракија, узо mostly), со мала мешавина од црвено вино и таблетки за тироидна плус седативи. Количината ќе ја заокружам на околу еден литар (жестоко) бидејќи вообичаено ги наоѓам шишињата празни.
Литар жестоко и седативи?
 
Последно уредено од модератор:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Поздрав до сите што ќе го прочитаат ова, а очигледно очекувам некој и некогаш да го прочита.

Мојата мајка е полуфунционален алкохоличар повеќе години чија функционалност сега е уште повеќе нарушена од комбинацијата "прерана менопауза и тежок алкохолизам". Добро разбирам каков склоп на околности ја доведоа до оваа фаза и колку пати во овие 10 години се има потрудено да застани на нозе и колку е свесна за нејзината состојба чија свест е исто така сведена на 0. Сум се потрудил со најсмирени и најрационални пристапи кои само трпението ми го напикаа од задната дупка (простете), а дел од косата ми побелува. Причината за што пишувам тука е и за мене непозната, но едно знам дека моите блиски не сакам да ги оптоварам и не ми веруваат кога ќе им кажам што се случува. Не сакам уште да ја испратам на лекување, а знам дека е најреална опција. Во овој момент грижата спрема неа се претвори во гнев против нејзината несвесност за како ми наштетува мене, моите млади години и другите околу нас. Разбирам луѓе со проблеми, па дури и лоши навики кои сум ги усвоил и јас, но скоро никогаш - освен при некој досаден кафе-муабет - не замарам никого. Не знам дали е соодветна оваа тема да биде тука пишано моето мислење и не треба никаков совет освен ако некој поминувал низ слично и располага со техники на трпение и начини да се пружи помош на таква личност за која јас сметам дека е себична без разлика со кои материјални средства се трудела да ме задржи во нејзиниот живот.

П.С. Со мојот наведен проблем не сакам да омаловажам туѓи маки и бидувам повеќе од свесен дека од тешкото има и потешко.

За крај сакам да кажам дека имаме бариера во нашата комуникација со тоа што кога јас на пример пробам да кажам дека надвор врнело таа на тоа мене ќе ми возврати со тоа дека татко ми некогаш во минатото не ме сакал. Значи тешко ми е да се разберам преку говорен тип на комуникација, а богами и пишан.
Види многу е нормално она да започне со навреди (тоа е одбранбен механизам) кога ти ќе започнеш да и докажуваш дека не неа и треба помош. Сама нема да сопре. Мислам дека треба да им кажеш на тие твои блиски и некоја институција да и помогне. Тоа е кренато на задолжително правно правило- задолжително лекување на алкохоличари и точно се наведени институциите во кои тие се лекуваат. Можеш ти да се обратиш до тие иституции, можеби и тие ќе ти помогнат околу некој совет, но со оглед на тоа дека овој проблем трае 10 години, не гледам како тие не би ја институционализирале. Тие имаат свои програми, можеш и за нив да прашаш.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.188
Поени од реакции
10.158

Na koi institucii mislis!?
Se dodeka nejze ne I se upali sijaliceto u glava I sama dobrovolno otide na lekuvanje, dotogas familiijata, nazalost, maki tantalovi ke si trgaat.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Na koi institucii mislis!?
Se dodeka nejze ne I se upali sijaliceto u glava I sama dobrovolno otide na lekuvanje, dotogas familiijata, nazalost, maki tantalovi ke si trgaat.
Она вечно ќе негира, не знам за каква сијалица зборуваш! 10 години е огромен временски интервал, па и за оние кои имаат 50 години. Имаш закон по тој треба да се постапи, не гледам ама апсолутно ниту една причина зошто уште денес не би ја институционализирал некој. Па уште меша алкохол и лекови! Она вечно ќе негира дека нема никаков проблем и секоја дискусија ќе се сведе на размена на навреди. Башка претпоставувам дека голем дел од денот спие и има загубено телесна тежина, прашање на време е кога ќе започне да има проблеми и со срцето.
 
Sijaliceto duso vo mozok sto treba da svetne I da alarmira, da ja razbudi, da ja otrezni deka treba da prevzeme nesto za promena na svojot zivot, da bara spas, lek...
Nema institucija kaj nas koja ke te sobere so sila od doma I ke te odnese u bolnica.
 
Што ако таа сијалица не светне?
Ај дека има! Читај ја постапката, може ја имаш некаде на нет.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Ako ne se zapali sijalickata, zivotot e a agonija za cela familija..
Koja postapka?
Ама зошто упорно ме цитираш? Нема сијалица, прегорела.
Постапката за задолжително лекување алкохоличари (и наркомани).
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.188
Поени од реакции
10.158
Ама зошто упорно ме цитираш? Нема сијалица, прегорела.
Постапката за задолжително лекување алкохоличари (и наркомани).
Koga bi funkcionirala taa postapka, sigurno ne bi setale tolku narkomani I alkoholicari po ulici.
Greota se tie familii sto imaat vakvi problemi...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom