Да, да, младите криви сега што отишле да се забавуваат.
Ај да ве прашам нешто, кој ги организира тие забави? Кој ги одобрува тие забави? Кој се грижи за тоа дали протоколите се почитуваат?
Иначе во врска со отварањето на училиштата, ова за мене лично беше очекувано. Мора колективно да сфатиме дека тендерчиња мора да летаат, нели?
Само ме интересира, во случај на креирање нови кластери поради отварањето на училиштата кој ќе одговара? Дали ќе одговара новата министерка? Дали ќе одговара квази средношколскиот сојуз и нивниот "лидер" ?
Без разлика дали нешто ќе се деси или не, само едно знам - а тоа е дека за разлика од моите родители, јас нема да дозволам моето дете да се роди и да живее тука.