СДСМ на парламентарните избори во 2016 освои 436 981 гласови, додека на овие во 2020 СДСМ+БЕСА освоија 327 408.
На изборите во 2016 БЕСА освои 57 868 гласови, ако овиe гласови се одземат од вкупно освоените на СДСМ+БЕСА на овие избори, тогаш се доаѓа до реалната бројка која ја освои СДСМ, а тоа е 275 540 гласови. Пад на поддршката на оваа власт од 436 981 на 275 540 гласови во еден мандат.
Чисто за споредба, покрај се што (не) направи оваа власт, ДПМНЕ има пад на поддршката од 454 577 освоени гласови во 2016, на 315 344 во 2020.
Бројките вриштат, си тераат по старо партиите. Народот бил крив велат штапските стаорци.