Е ако де. Те разбирам тотално. Ама неможеш да споредиш вина што не се од иста сорта. Бобин Дисан сум го пиел, не е лошо ама не сум импресиониран.
Можеш да споредиш Дисан и Армагедон. Дисан и Спешл селекшн вранец.
Ама Дисан и Пино или некоја друга сорта не се споредува.
И не е ова паметување или нешто слично. Затоа што виното не се споредува ко ресани или пудинг.
Најубава ми е нутелата. Неможе со виното така, не е исто.
Не е исто ако му придаваш значење и ако за тебе е битно. Ако не му придаваш, потполно исто е.
Ајде малце паралелни форуми.
Тема-Кој е според вас најубав кашкавал?
Перо-На Здравје Радово.
Кашкавалскиот Авенџер-Те разбирам тотално ама не можеш така. Дали е кравјо, овчо или мешано, можеш да споредиш пармезан со пармезан, горгонзла со горгонзола, гауда со гауда. Не може со кашкавалот така, не е ова порно филм, чоколадо, кафе или марихуана.
Тема-Која е за вас омилена порно глумица?
Перо-Адријана Чечик.
Порнографскиот Авенџер-Те разбирам тотално ама не можеш така. Дали е МИЛФ или млада, ебони или азијатка, дали снима анал и генгбенг или не, дали е шимејл или жена. Можеш да споредиш ебони со големи цицки со ебони со големи цицки, милфица со милфица, лезбејка со лезбејка. Не може со порното така не е ова кашкавал, чоколадо, кафе или марихуана.
Тема-Кое е за вас омилено чоколадо?
Перо-Киндер со тоа детето на слика.
Чоколадниот Авенџер-Те разбирам тотално ама не можеш така. Дали е 100% какао или не, има шеќер или нема, дали има полнеж или е клот, дали е од бразилските плантажи kakaus brazilikus или е од етиопските kakaus etiopikus. Можеш да споредиш Дорина со понеж од јагода со Милка со полнеж од јагода, Тоблероне со Колумбо. Не може со чоколадото така, не е ова кашкавал, порно филм, кафе или марихуана.
Тема-Кое е за вас омилено кафе?
Перо-Нес Кафе 3 во едно.
Кафеинскиот Авенџер-Те разбирам тотално ама не можеш така. Дали е арабика, робуста или мешано, дали е цело зрно или само никулецот, дали е термички препечено или не, дали ќе му ставиш млеко или не, дали го серел индонезиски глодар или не го серел. Можеш да споредиш турско од Агроплод со турско Рио Минас, еспресо од Лаваца со еспресо од Хаусбрандт, Нес кафе со Јакобс. Не може со кафето така, не е ова кашкавал, порно филм, чоколадо или марихуана.
Тема-Која ви е омилена трава?
Перо-Добрејцката.
Канабискиот Авенџер-Те разбирам тотално ама не можеш така. Дали е сатива, индика или рудиментиалис. Дали е на отворено растена, или од рефлектори со систем капка по капка, дали е со ниско или високо ТХЦ и ЦБТ, дали е пурпурен стрејн или портокалов, дали е даунерска или е аперска. Можеш да споредиш непрскана индика од портокалов стрејн со висок ЦХТ од амстердамско легло со непрскана индика од портокалов стрејн со висок ЦХТ од берлинско ама не можеш со истата од мексичкото оти таму на отворено ја растат без рефлектори. Не можеш со марихуаната така, не е ова кашкавал, порно, чоколадо или кафе.
И ова можам да го проектирам до бесконечност со филм, музика, мода и стил на облекување, со се.
Од сите овие паралелни форумски универзуми тебе "ти се паднало" или "си избрал" да бидеш винскиот Авенџер. И тоа е сосем во ред. Исто така ќе беше во ред ова да беше специјализиран вински форум и според тоа темава да беше стручна. Пошто не е, мене Дисанот ми е омилено македонско вино. Утре може ќе пробам некое розе и тоа ќе ми биде омилено без разлика што не е црвено. И не се замарам што боја е оти не сум расист. Вино е, за мене тука завршува дискусијата на оваа тема на форум Кајгана наменета за обичниот смртник. За тебе допрва почнува, оти за ова се интересираш и ти менува. Мене и на некои други не. Е затоа не можеш да кажеш, ама вино е, не е исто. Тебе не ти е исто, затоа што тргаш од авенџерска, а не објективна перспектива.
Не, мене ми е судено на форумов да морам да се дообјаснувам на долго и на широко, дури и на вакви теми со едноставно прашање.