Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
10 септември 2016
Мислења
9.007
Поени од реакции
17.940

Скоро две години како немам муда да го догледам видеото до крај, а умирав од смеа на "случкава" пред тие скоро две години. Заебано е што го има во некоја од овие фејк анкетите кои се направени од дечките кои го водеа Дневњак, па кога ќе ги загледам некогаш, и наеднаш налетувам на ова, такво необично чуство никој пат не чуствувам за други работи во текот на секојдневието, језиво.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Пред три години некако ја преживеав Despacito, пред 8-9 месеци едвај куртулив од Dance Monkey, кога сега ме стаса нова белја - Watermelon Sugar или како и да се вика тоа песниште... Вчера возам од работа, ја преслушав два пати за пола саат, вртеше и кога ја изгасив колата. Сабајлево влегувам во кола, давам контакт, кога пак од радио ми грмнува истата песна... Почна алергија да ме фаќа од она Breathe me in, breathe me out...
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Тргнете ги гаќите од по прозори и балкони во Ѓорче, за да дојдат до израз раскантаните улици, тротоари, ѓубрето, распаднатите фасади, загадениот воздух, поплавувањето при најмалиот дожд.......до сега од обесените гаќи сме ја промашувале суштината.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.048
Поени од реакции
55.600
Добар и убав ден на сите освен на ботовите на инстаграм што сакаат да ми испратат порака. Отварам и глеам пиштол на вода, праска, цигара, линк, дланка, дрво, лубеница и слични рандом емоџис.

Мрш. Никад нема да ви биде прифатена пораката.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
По некад како сега толку се осеќам бесполезно, млитаво и немам идеја што да правам а толку ми е кул ќе речеш бинго ми паднало.....може е од 6-те кафиња и од тишината која ме опкружува. Ај ќе одам дома и ќе се бањам малку у базен, ќе спортувам нешто, да видам што ќе се смени. Животот е убав...треба да се зграпчи секој момент, и како што стои у песничкава
Never refuse an invitation
Never resist the unfamiliar
Never fail to be polite
and never outstay your welcome
Just keep your mind open and suck in the experience
And if it hurts, you know what it's probably worth it.....
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Денес пред банка си чекам ми дадоа бројче имаше зомби апокалипса изгледа денеска пензиите ги дават па се создават колони мислиш се чека ред за влез на Iron Maiden,и си чекам така трпеливо,и почна тука толпата да се зголемува,и мирисаше во воздухот дека ќе се креира еден Mosh pit нема ова стариве се ужас БУКВАЛНО,еве ако знаете некој што работи у банка прашајте го искуство со еден пензионер(на дневна основа) да видите кој се резултатите,и добро продолжуваме понатаму,бев некаде у колонава 3-4 ама тоа скоро,и да нема значење бидејќи ''само да прашам нешто" еден се џбурна,еден друг временски патник исто се провлече отпозади без никакво значење во општеството(човеков мислам беше од други галаксии),и си чекам културно се обидувам да држам дистанца колку што се може нели,маска опремен се комплет,и наеднаш тс не знам отпозади го имам овој момент

Еден заталкан старец со спуштена маска под брада ми дише у врат(а ја се израдував некоја пичондра ми го удрила меракот па да се забавуваме малку),кога да се свртам Дракула го имам зад мене,се тргаш настрана како што се тргаш он се испапчува напред,односно е во предност,е сеа е најдобриот дел од приказната,ова е врвот значи вакво нешто немам посведочено.Дракула позади мене вика мене не ми треба бројче,ја сум бројче :pos:,океј,женава позади него си бара бројче,и зад нејзе имаше уште неколку луѓе обезбедувањево почна да ги дели тие ливчињата на кој му стигне,односно ако женава која дреме 15 минути место да добие број 7 она го има тоа со 15ка,а тој што тукушто дошол го добива 7,и всушност на шалтер ќе даде 7,и човеков ќе си заврши работа за секунда,а ова џабе дремела 15минути,и уште толку ќе скапе,и сеа го имаш моментов албум со сликички на панини:pos:зошто го нареков тоа така бидејќи откако овој ги расфрла бројчињата на кој стигне мора самите да се организират,и да се менуват за кој стигнал прв,кој последен и да ги заменат односно изгледаше вака:


Откако се сменија,со една жена се гледаме,и ја имаш реакцијава обострана:


Дами и господа ја сум whatto ви посакувам се најдобро,и како и секогаш колку и да ви звучи досадно,монотоно,мојата порака за вас останува иста,а тоа е чувајте се.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.350
Поени од реакции
6.329
Коа сме веќе кај сообраќај. Ми се допаѓа тој хазардерски начин на живот на велешките „моторџии“ со велосипеди со помошен мотор до 50 кубика и ауспух бушен од чичко ти по методот „глеај сеа чичко ти Миле ко ќе напраи, пиченцата да се влажнат од тунелот до долни дуќани“.

Бацињата претекнуваат од десна страна, се вртиш лево десно на секое померување на колата да не го закачиш некое од овие копиленца, се пазиш како скопјанец од комарци, како циган од поштена работа, како македонец од жирантски потпис.

Милиција ги казнуе за неносење на кацига на секое вртење, ама џабе, нема толку платни налози во МВР колку што има „моторџии“ во Велес, а богами и немаат толку инат во нив да бркаат дечишта по сокаците.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.500
Поени од реакции
16.158
Драга

После долго, долго време имав шанса да добијам пари на кладилница. Чувството беше како после долго време да си сингл и да се видиш со неа, арно ама ме изеба селтик, се да му ебам. Да даде Господ полоша судбина од Ренџерс да ги најде!
 
Последно уредено:
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.653
Поени од реакции
13.130
После долг book hangover кој ме мачеше 2 и кусур месеци конечно завршив еден македонски класик. И имам чувство на истрчан маратон со препреки на 50 метри. А што убаво ветуваше годината на почеток.... Работава дефинитивно ме уништи.
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.451
Поени од реакции
19.711
Драа

Мноо ме нервираф клише муабети.Толко ли сте тапа да не можете да кажете некој муабет на сфој начин.Од такт ме вади кд ке слушну или прочитам муабети од тип:
Вукојебина,шта речи,дно дна,гаси интернет,северџанистан,где је печат,киша око Крагујефца,животе џоестику,Маѓарска нема море...
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.048
Поени од реакции
55.600
Драга,

Значи дно дна, шта речи за оваа вукојебина наречена северџанистан. Све едно исто се дешава, идеш на шалтер сите документи спремни и таа со цвикерите ти вика а где је печат. Не знае ни да ти објасни што ти фали. Идеш вртиш као киша око Крагујефца, никој жив не знае да ти каже, нема кого да прашаш до душа. Го глеаш школскиот твој што едвај завршил школо седнал пицнат у кошула, позади пц ти се смешка те подјебава, еее животе џоестику расипан.. и ти да не се осетиш потчинет му пушташ смешка ееее те боли к.рот тебе што Маѓарска нема море хехехе хахаха кај си што праиш, ти враќа со некоја убер лоша смешка и така си идеш накај дома како умрен. Ја бараш смислата за живот што ја нема, едноставно гаси интернет мотај каблове.

:oeoeoe:
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.790
Искрено, многу ми е смешно кога читам како селективно се насочува гнев и хејт кон едни припадници на сообраќај, според тоа на која група и припаѓа хејтерот, и која е нели сликата за дадени учесници... као искочија луѓе пандан на оние орди "чипирна е, има 175 коња...сакаш маче до Водно да те одведам да видиш како влече" "Ништо не ми е со две три пијачки, баш боље возам така" и тн и тн.

Епа другари, ја еве 1 година скоро сум возач и учесник на сообраќај со автомобил и долгогодишен учесник со велосипед можам да констатирам некои работи.

Се тоа што сега се набуста и нахајпа за употреба на велосипеди е за поздрав и за почит. Но, мора да сфатите дека секоја група е горе-доле “секта” - пандан на она горново со нашиве "2 fast 2 furious" категорија на орки.

Имено, факт е никој од новородените "миленијалци" кои сеа сe разбудија и сфатија дека живеат у вукојебина кај што на прсти се бројат подрачјата со велосипедска патека, и јасно ги напаѓаат очигледните припадници на горната категорија на орки, НЕ носат велосипедска кацига во градски средини... ама затоа гордо се носат при нивните "пикторескни" фамозни планински тури, нешто што никако не ми станува јасно до ден денес.

Уште посмешно е што во средини каде што има услови за велосипедисти (дали тоа е патека, или широк тротоар), сеуште постојат многу 'woke' велосипедисти кои си пичат по улица. Друга ствар, не само што пичат по улица, пичат ептен на средина, наместо на крајот... пошто очигледно онoj "self-centered" моментот кај нас е доминантен и секој учесник мисли дека е бог на коловозот и сообраќајот.

Трета ствар, велисипедистите не се на Тур Д Франс па да возат као допингуван Ленс Армстронг. Колку пати сум сведочел на “за влакно судар” меѓу пешак и велосипедист, не сакам да навлегувам.

За “пешачки ми е кај што к*р ќе ми текне” тип на луѓе, не ми се ни почнува.

Секако, нема што да се лажеме овде, се знае која категорија учесници предизвикуваат најголем број проблеми, незгоди и несреќи. Но, иритантно (и скроз непродуктивно) е морализирањето од една група кон недостатоците на друга.

Супер е што се гледаат се повеќе и повеќе луѓе на велосипеди или тротинети. Но, тоа не е повод за moral high ground и за селективно критизерство. Со тоа што ќе дадете 400 евра за тротинет и ќе пичите без заштита и кацига, не сте елфови, и не сте ја достигнале горната граница во урбаност, него баш напротив, поголеми лицемери сте... и тука вашата “woke” борба не завршува, туку тука почнува.

Секоја социјална група во нашата држава има проблем во поглед на конструктивна самокритичност, и објективно (unbiased) гледање кон реалноста. Секој ја сфаќа реалноста само низ призмата на општествената група на која и припаѓа и затоа не можеме за бејзик ствари да се договориме на цивилизиран начин.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom