Klin
Колце
- Член од
- 6 јануари 2014
- Мислења
- 4.411
- Поени од реакции
- 7.871
Не знам дали и тука е соодветно, затоа шо е СДСМ против ДПМНЕ, а мислам не е баш таква ситуацијата ![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
Мијалков си отвори Фејсбук страница и прв пат јавно го објави семејниот бизнис
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
Мијалков си отвори Фејсбук страница и прв пат јавно го објави семејниот бизнис
![](https://libertas.mk/wp-content/uploads/2020/07/mijalkov-696x491-1.jpg)
Неколку дена пред изборниот ден, поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков си отвори официјална Фејсбук страница и прв пат јавно го објави семејниот бизнис.
На официјалната Фејсбук страница на Сашо Мијалков има само две фотографии од македонското знаме и негова лична фотографија, но многу детали од неговата биографија и официјални податоци за неговиот семеен бизнис.
Мијалков за „Фокус“ потврди дека страницата е официјална и e направена со негова авторизација. Како информации за контакт наведени се телефонски броеви и официјална страница и мејл од фирмата „Бест Веј“, за која медиумите пишуваа дека ја формираа уште во 2015 година. Сепак досега Мијалков никогаш не потврди ништо за неговите бизниси. Како основач и директор на компанијата се води неговиот син, Јордан Мијалков. Според официјалниот опис, компанијата се занимава со нафта, угостителство и хотелиерство, игрите на среќа, транспортот и развојот на инфраструктурата. Компанијата претходно се спомнуваше како дел од „Дивелоп груп“ која пак е сопственик на хотелот Мериот во Скопје.