Види вака, батали ги прегледите и коментарите. Самото видео аплоадирано е пред 16 часа од канал на Сител, што значи дека сега станало вирално, овие денови. Зошто иначе телевизија како Сител би постирала видео за некој настан што се случил пред 4-5 месеца или година дена? Ова е тазе, можеби не е буквално од синоќа, али најверојатно се има десено месецов.
Што се однесува до самиот настан, се согласувам, дел од коментарите се идиотски. Иначе и мене лично ми се има случено нешто слично, минус боксовите, бев само вербално нападнат, и бев на исти години како детево во видеово, такашто многу добро знам какво е чувството. А згора на тоа, бев со другари кои решија да си стојат на "страна" за да не си го добијат и они. Ние бевме 4, тие беа 10-15.
Иначе пред да му го удрат вториот бокс, некој нешто му збори од негова десна страна, на којашто детево се врти барем 45 степени пред да го удрат пак, што најверојатно значи дека измеѓу тој што му збори и овој другиот што го мава има барем уште неколку луѓе, пошто ако се двајца, нема логика да има толкаво растојание меѓу нив.