Ок, еве, да тргниме се настрана.
Дали е според тебе океј, луѓето што се незадоволни од Лукашенко, и што си го искажаа револтот а работат во фабрика да останат без работа поради тоа што на Лукашенко му е повредено `егото`, а исвирканиот плачко да им се одмаздува на работниците на таков начин (нормално, доколку е точна веста) ?
Да се разбереме, можиш да платиш и да организираш/наведеш 10.000-20.000 луѓе да излезат на протест, ама 100.000+ луѓе тоа неможе да се направи ако стварно нема незадоволство..
Ете спореди со Либија на Гадафи. Гадафи уживаше голем рејтинг, му се намерачија и го турнаа. Но во Либија не видовме 100.000 протестанти..Видовме 10-20 илјади изгубени души, а војната ја водеа платеници од соседните земји. Во Белорусија, во неделата имаше преку 100.000 незадоволни белоруси кои бараат подобро. Не велам дека некои центри на моќ не пробуваат да си ги присвојат и окупираат протестите, но не мора да значи дека секој протест што се води против т.н. диктатори, е платен,поткупен инструиран. Во толку народ секакви ќе најдиш, но главниот тригер барем во Белорусија, сепак мое мислење е дека не е сорос и компанија, што не значи дека не се обидуваат да вмешаат прсти.
А ти си слушнал ли за изразот корисни идиоти, или не беше во Македонија во 2015 и 2016 година ?
Шареноликите идиоти беа токму тоа - корисни идиоти кои си ја одработија својата работа за плавите жолтици и за белокосиот унгарски Евреин со резиденција во САД.
Јас лично познавам добар дел од шареноликите корисни идиоти и мило ми беше кога пвеводбениците и нивниот пастир си заминаа од власт, но никогаш не ги поддржував шареноликите идиоти бидејќи освен "нема правда = нема мир" и балони и кондоми полни со боја и песок, немаа ништо друго да и` понудат на јавноста.
Несомнено не беа сите шаренолики идиоти директни поддржувачи на плавите жолтици, но сепак добро одработија за потребите на плавите жолтици и за белокосиот унгарски Евреин во САД и тоа е најважниот дел - крајниот резултат, а не идејата од која започнало целото движење.
Истата приказна ја имаш и во Белорусија.
Да, има незадоволни граѓани во Белорусија кои протестираат, од кои некои се партиски определени, а некои се партиски неопределени, но заедничкото што го имаат - освен граѓанското незадоволство - е и` нивниот статус на корисни идиоти за потребите на надворешните нарачатели на овој државен удар во Белорусија, бидејќи ако историјата нешто не` има научено - а особено историските настани од изминативе 20 години - тоа е дека не е доволно само да си одат овие кои не чинат, туку треба и однапред да се спречи на нивно место да дојдат некои кои се/ќе бидат бетер од нив.
Единствено останува уште да видиме кои слободарски и демократски режими ќе бидат меѓу првите кои ќе ја признаат слободната и демократската влада на Белорусија со седиште во Литванија. Сценариото е веќе познато - признавање на надворешна влада во егзил, потоа воведување на санкции и на крајот или уште поголеми протести и немири, или ново крвопролевање и соборување на владејачката структура.
Од непозната причина нешто не им успеа ваквото сценарио во Венецуела, а таму народот има вистински проблеми - за разлика од граѓаните на Белорусија, Венецуелците гладуваат со години и заработуваат плати со кои можат буквално само меѓуножјата да си ги бришат и ништо повеќе, па дури и тоалетна хартија од празните продавници не можат да си дозволат со тие плати.
За жал корисни идиоти имало, има и ќе ги има, прашањето како едно општество ќе се справи со такви луѓе нема универзален одговор.
Во Египет го соборија Хосни Мубарак, две години подоцна истите тие кои го соборија беа соборени и им беше вратен статусот на терористичка организација кој го имаа и пред да го соборат Мубарак.
Во Либија го искасапија и го масакрираа Моамер Гадафи, за денес над 60% од територијата на државата да биде под контрола Либиската Национална Армија предводена од страна на генерал кој беше негов лојалист.
Во Сирија крвопролевањата траат веќе 10-та година по ред, очајнички се обидоа да му припишат вина и одговорност на Башар ал Асад за биохемиски геноцид, но не им успеа, сега се обидуваат да ја поделат државата според моделот на Северен Виетнам и Јужен Виетнам колку за да не изгубат образ слободарските и демократските режими, ама некако не им оди од рака.
Така да, секој народ си има свои маки и патешествија, од кои несомнено најголеми и најпроблематични се корисните идиоти, но не постои универзален одговор за тоа како треба еден народ да се справи со такви луѓе, секој мора сам да си изнајде свои решенија за сопствените проблеми, а не да очекува некој од надвор да му каже кое е најдоброто решение.