Илинденски сведоштва

Член од
24 октомври 2012
Мислења
810
Поени од реакции
509
"Илинденски сведоштва" е книга во која се напишани сториите на многу наши илинденски учесници, обични луѓе, кои пробале и (не)успеале да се изборат за илинденската пензија која се давала во СФРЈ по војната.

Е сега, мене ме интересира дали некој од тука ја има книгата, или може да дојде некако до неа и да провери дали има нешто напишано за мојот прапрадедо, Блажо Црвчев или Црвчов, од с. Љубанци, Скопска Црна Гора, којшто според една книга на човек од тоа село, тој наводно имал учествувано во Илинденското востание и примал илинденска пензија по Втората светска војна. Ова го прашувам, затоа што сакам да знам дали вреди да ја купам "Илинденски сведоштва", бидејќи претпоставувам дека има голема цена, а моментално сум финансиски "стиснат". Благодарам на секој оној што ќе помогне на било кој начин.
Поздрав
и секое добро.
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
Знае ли некој да ми каже кај може да ги најдам илинденските сведоштва и по која цена се движат книгите?
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
20200306_202930.jpg
Една колекција. Кој знае дека некој негов предок бил илинденец нека ме праша слободен ќе проверам дали го има во некоја од книгите :D
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Прегледај го приврзокот 236499
Една колекција. Кој знае дека некој негов предок бил илинденец нека ме праша слободен ќе проверам дали го има во некоја од книгите :D
Прадедо ми не е Илинденец, ама сепак провери да не е таму негде пишан : Поп Стојан Ѓурчинов (првиот горе лево). Borci za sloboda na Maked.-Pop Stojan.JPG
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
Нема.
Ако е истиот на кој мислам човеков треба да е од Лабуништа-Дримкол.
Од Дримкол, како и од Порече скоро и да нема ниеден апликант.
Исто и од азот, велешко.
Убедливо највеќе апликанти има од регионите каде што биле најктивни борбите: демирхисарско, Преспа, битолско, прилепско, охридско, кичевско, леринско, костурско и воденско. 85% од апликантите се од овие региони.
Има преку 3000 апликанти, точната бројка не ја знам
Автоматски споено мислење:

Кај ги најде книгите?
Државен архив
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.794
Поени од реакции
17.158
Нема.
Ако е истиот на кој мислам човеков треба да е од Лабуништа-Дримкол.
Од Дримкол, како и од Порече скоро и да нема ниеден апликант.
Исто и од азот, велешко.
Убедливо највеќе апликанти има од регионите каде што биле најктивни борбите: демирхисарско, Преспа, битолско, прилепско, охридско, кичевско, леринско, костурско и воденско. 85% од апликантите се од овие региони.
Има преку 3000 апликанти, точната бројка не ја знам
Автоматски споено мислење:

Државен архив
Се плаќа или ги добиваш на одредено време?
 
Член од
19 август 2020
Мислења
6
Поени од реакции
8
Прадедо ми не е Илинденец, ама сепак провери да не е таму негде пишан : Поп Стојан Ѓурчинов (првиот горе лево). Прегледај го приврзокот 236501
По кого прадедо? Мене ми е прапрадедо
Автоматски споено мислење:

Нема.
Ако е истиот на кој мислам човеков треба да е од Лабуништа-Дримкол.
Од Дримкол, како и од Порече скоро и да нема ниеден апликант.
Исто и од азот, велешко.
Убедливо највеќе апликанти има од регионите каде што биле најктивни борбите: демирхисарско, Преспа, битолско, прилепско, охридско, кичевско, леринско, костурско и воденско. 85% од апликантите се од овие региони.
Има преку 3000 апликанти, точната бројка не ја знам
Автоматски споено мислење:

Државен архив
Од Лабуништа е. Куќата сеуште му е таму. Мене ми е прапрадедо
 
SNM

Член од
19 август 2020
Мислења
564
Поени од реакции
1.336
Прадедо ми не е Илинденец, ама сепак провери да не е таму негде пишан : Поп Стојан Ѓурчинов (првиот горе лево). Прегледај го приврзокот 236501
Роден е во струшкото село Лабуништа, тогаш во Отоманската империја. Тој стана свештеник и се бори против србизмот што се појави во Лабуниште. ВМОРО исто така поддржува. По Балканската војна тој емигрирал во Бугарија, каде што починал 1927 година.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Роден е во струшкото село Лабуништа, тогаш во Отоманската империја. Тој стана свештеник и се бори против србизмот што се појави во Лабуниште. ВМОРО исто така поддржува. По Балканската војна тој емигрирал во Бугарија, каде што починал 1927 година.
Не се бори против србизмот, туку се бори за слободна Македонија. Само што “ја имал таа среќа“ да после Балканските Војни тој дел паднал под српска управа. Ако бил под бугарска управа - ќе се борел против Бугарите. Им пречел на Србите како член на ВМРО на Петар Чаулев (со кого бил личен пријател, дедо ми ми раскажуваше дека тој и често идел кај нас дома).
Србите платиле околу 30 сребреници на некој од Албанците за да го убијат. Албанецот пукал од заседа но го убил само коњот, а предедоми се правел мртов додека Албанецот не си заминал. После тоа Албанецот честел во некоја меана оти “го убил папазот“. После тоа предедоми пребегнал во Албанија (имал намера да емигрира во САД - но децата биле спречени од српските граничари да ја преминат границата, за што малку и одлежале во затвор) каде бил управник на манастир. Таму се спријателил со протетекторот на Албанија Фан Ноли (добил и пенкало за спомен од него). Поради приликите во тогашните ВМРО-а раководството на Чаулевата ВМРО пребегнува во Италија (Милано) со нив заедно (или последователно) и предедоми.
Не можејќи да биде одвоен од семејството (жена му била почината, а имал четири деца) се враќа од Италија во Бугарија од каде што мислел дека полесно ќе одржува контакти и средби со семејството. Но она во што Србите не успеале успеале Бугарите - умира во 1927 година во Александриската болница во Софија (гробница на многу Македонски револуционери). Во Софија е и закопан, но не поради тоа што имал наклонетост кон Бугарите (дедо ми викаше дека единствено се борел за Македонија и за ништо друго - никогаш не слушнал од негова уста наклонетост за било која друга нација). Четиринаесет години подоцна неговиот син (дедо ми) се борел против Бугарите во Втората Светска Војна (за што има и одликувања) ама тоа е друга приказна...
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592

За Чаулев нешто поопширно да кажеш? Што човек бил и во врска со неговите односи со другите двајца члена на ЦК, Александров и Протоѓеров? Тој за разлика од овие двајца не се враќа во Бугарија, па поради тоа не му паѓа на памет да го повлечи потписот на Мајскиот Манифест. А и бил многу ценет од албанците како прекален борец и го раководел Охридското Востание.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom