Роботски правосмукалки

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Денес имавме објава на порталот за Roborock S5 Max, па сакам да отвориме дискусија околу роботските правосмукалки. Дали некој од вас има роботска правосмукалка од Xiaomi и како е задоволен? Да се разбереме, не зборам за оние "AliExpress" верзии од 1.500 денари кои само вртат околу подот како детска играчка и не прават ништо посебно, туку за вистинските роботи со сензори, смарт апликации и тн :)

Го споделувам и текстот во целост:

ВРАТЕТЕ СИ ГО НАЗАД СЛОБОДНОТО ВРЕМЕ
Roborock S5 MAX – за чист дом без напор!

Чистењето со правосмукалка и џогирањето се едни од оние досадни работи кои мораме редовно да ги правиме, а ни одземаат значајно парче од слободното време. Што ако ви кажеме дека постои уред кој истовремено и самостојно може да ги прави и двете, додека вие го користите вашето време на други активности?


Кажете им збогум на досадните испреплетени кабли од вашата стара правосмукалка и внесете новина во вашето секојдневие – запознајте ја роботската правосмукалка од брендот Xiaomi – Roborock S5 MAX! Roborock е бренд што произведува роботски правосмукалки за Xiaomi уште од самиот почеток, како првата генерација на добропознатиот Xiaomi Mi Robot.

Чувајте го вашиот дом секогаш чист и свеж со одличната моќ на вшмукување што ја нуди роботот и големиот капацитет на неговите резервоари за вода и прашина.

Основни карактеристики
Сите знаеме дека при секое проветрување на домот, на подот се наталожуваат безброј штетни честички и бактерии. Сега, можете да им кажете збогум бидејќи тука е Roborock S5 MAX.

Роботот се карактеризира со вшмукувачка моќ од 2000Pa, доволна да ги собере и најситните парченца, трошки, влакна и останати честички кои се наоѓаат на подот. Опремен е со 14 сензори со чија помош лесно навигира низ просторот и искачува препреки со висина до 2цм. Ако чувате домашно милениче, не грижете се за влакната оставени зад себе – за нив лесно ќе се погрижи Roborock S5 MAX.

Сепак, доколку на подот имате оставено кабли, полначи од телефон и слично, добро би било да ги отстраните додека роботот чисти, бидејќи може да се заплетка во истите.


Оваа роботска правосмукалка е опремена со литиумска батерија со капацитет од 5200mAh, овозможувјќи автономно чистење во времетраење од речиси 3 часа, правејќи го Roborock S5 MAX идеален ако имате дом со поголема површина или на повеќе ката.

Се прашувате што ќе се случи доколку батеријата на роботот се испразни при работа? Без грижа! Интелигентниот Roborock S5 MAX умее сам да се врати базата за полнење, за потоа да продолжи со чистење токму од местото каде што прекинал.


А што е со вредните работи или мебелот? Дали можат да настрадаат од евентуални удари при чистење? Не се грижете ни за ова – роботот е опремен со браник и сензори не дозволуваат да го оштети или изгребе мебелот за време на чистењето.

Џогирање
Roborock S5 MAX
е многу повеќе од обична „роботска правосмукалка“. Една од омилените функции на корисниците е способноста за детално џогирање – што значи уште повеќе слободно време за вас и работите кои ви значат! Roborock S5 MAX не само што ќе ги вшмука сите трошки, прашина, остатоци од храна и друго, туку и ќе го освежи подот, без притоа да остави ниту најмала дамка.

Напоменуваме дека производителот не препорачува користење на никакви средства за чистење или детергенти со кои би го наполниле резервоарот. Тие придонесуваат за оштетување на резервоарот, но и на самиот робот. Доколку сакате, пред употреба можете да ја навлажните или напрскате со средство единствено крпата на роботот.

Доколку имате теписи, сигурно веќе се прашувате како се снаоѓа со нив за време на џогирањето? За разлика од останатите роботи, Roborock S5 MAX е дизајниран и опремен со сензори кои доколку се автоматски ги препознаваат теписите и го регулираат изнесот на вода, не дозволувајќи нивно навлажнување.


Два резервоара со одличен капацитет
Роботот е опремен со 2 резервоара, еден за вода со капацитет од 290мл и еден за прашина со капацитет од 460мл. И двата лесно се отстрануваат и се чистат едноставно со помош на четкичката која ќе ја најдете во самото пакување.

Апликација
Преку апликацијата Mi Home можете да управувате со роботот дури и кога не сте дома. Креирајте виртуелни ѕидови, обележувајте зони кои не сакате да бидат исчистени, прегледувајте ја состојбата на крпите или пак закажете датум за наредно чистење.


Xiaomi дизајн
Како и сите други роботи од брендот на Xiaomi, така и Roborock S5 MAX е доста препознатлив по неговиот ергономски дизајн и елегантни линии. Во каталогот на Смартус роботот можете да го најдете достапен во две бои, бела и црна.

Заклучок
На сето ова на крај би додале дека роботот дефинитивно е на ваша страна во секоја смисла на зборот. Наместо слободното време да го користите за чистење на домот, искористете го за прошетка или за кафе со најблиските. Чистењето доверете го на Roborock S5 MAX, а тој со сигурност нема да ве изневери. Вашиот дом ќе блеска и ќе биде свеж во секое време.

Роботот може да биде ваш со нарачка на македонската онлајн продавница Smartus.mk по одлична цена од 34.990 денари. Нарачајте го од удобноста на вашиот кауч, а ќе го добиете со бесплатна достава до дома и гаранција од 2 години.

За сите читатели на Кајгана обезбедивме и промотивен код со кој добивате дополнителни 1.200 денари попуст за нарачка на Roborock S5 MAX (КОД: MAX1200) како и попуст од 600 денари за нарачки над 15.000 ден. на сите останати производи од каталогот на Smartus.mk (КОД: KAJGANA600) - за нарачки направени до 31.08.2020.

 
Последно уредено:

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.314
Поени од реакции
6.174
35.000 денари и кучето да го изапе лом да го направи....

Абе за 35.000 невеста од пустец ќе си зеам бе ало :icon_lol:

Ама сериозно, НЕ сте нормални ако дадете пари за вакво срање, фани бе правосмукалката издувај бе шо маж си ебате мажот.....
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
35.000 денари и кучето да го изапе лом да го направи....

Абе за 35.000 невеста од пустец ќе си зеам бе ало :icon_lol:

Ама сериозно, НЕ сте нормални ако дадете пари за вакво срање, фани бе правосмукалката издувај бе шо маж си ебате мажот.....
А ако немаш куче, имаш вишок работа и помалку време за одмор? :)
Еве, пример заглавуваш на работа до 5 и кусур, а децата те чекаат да ги прошеташ. Зошто, не би го оставил роботот да ја заврши работата додека ти си надвор? За тоа дали е висока цената, претпоставувам дека зависи од куповната моќ на секој поединечно. За некого и 5.000 е многу, за друг и 50.000 е прифатливо да се даде на вакво нешто (Особено ако земеме во предвид дека обично луѓе даваат по околу 1.500-2000 денари месечно за чистачка) :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ова еднаш го купуваш и тера со години, не ќе даваш 35,000 денари секој месец или година... Имам 4 години ама Roomba е, не се замараш со ништо освен да го испразниш тек тук, гланц си е станот. Се мести и од колку до колку саат да чисти ако не сакаш да ти смета ама и така не е нешто бучно, нека шпарa, што му е работа :icon_lol:
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Многу ми треба ова ама никако да купам, кучето ми прави влакна и остава друго ѓубре цело време, како идеално ќе биде за тој простор кај што го планирам.
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.765
Поени од реакции
29.041
,,,od iskustvo,,,ushte od prvite generacii na vakvi robot pravosmukalki, koga se nema vreme navistina vredno si ja odrabotuva zadachata , sekade se provira i do mesta kade nemozhe so obichna pravosmukalka , raboti i na site podlogi , taka da mislam deka vredi , e sega okolu cenata toa e vekje relativno individualno mislenje,,,
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.538
Поени од реакции
747
Ја си го имам дома моделот Xiaomi Mijia STYJ02YM и сум релативно задоволен, го нарачав преку Aliexpress, преку магацин од ЕУ, ама Македонија не е опција во тој случај. Ова е кинеска верзија, па говорните команди и се на кинески, лесно се поврзува и контролира преку апликација на англиски.

Релативно сум задоволен од работата, скенира целиот стан прави мапа, која може да ја модифицираш. Усисува по дома, ако и ставиш канистер со вода тогаш може и да брише подови. Усисувањето е солидно, не е како рачна да се разбереме, ама олеснува доста работа. Функцијата за бришење треба да го правиш генерално во присуство поради истек или слични работи, а ако е станот и повшината поголема треба да се достави вода. Не смее во канистерот да се става средство, тоа може да се стави на крпата, која доаѓа заедно со правосмукалката.

Може да се контролира од апликација и одлично е ако сте на работа, па да се ја пуштите во меѓувреме или имате миленик или немате доволно време. Ја гледав и на Roborock, ама оваа ми дојде некаде околу 16000 и по мене вреди за парите.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.558
А ако немаш куче, имаш вишок работа и помалку време за одмор? :)
Еве, пример заглавуваш на работа до 5 и кусур, а децата те чекаат да ги прошеташ. Зошто, не би го оставил роботот да ја заврши работата додека ти си надвор? За тоа дали е висока цената, претпоставувам дека зависи од куповната моќ на секој поединечно. За некого и 5.000 е многу, за друг и 50.000 е прифатливо да се даде на вакво нешто (Особено ако земеме во предвид дека обично луѓе даваат по околу 1.500-2000 денари месечно за чистачка) :)
Дајте некоја што ќе чисти прашина по мебелот :D

За луѓе без деца и миленици искрено смукањето не го гледам како сериозен проблем, 50тина квадрати ние ги смукаме и џогираме плочки/ламинат за 30 минути еднаш во викенд и сме раат цела недела, ама бришењето на прашина во секое ќоше е pain in the ass :D
Автоматски споено мислење:

35.000 денари и кучето да го изапе лом да го направи....

Абе за 35.000 невеста од пустец ќе си зеам бе ало :icon_lol:

Ама сериозно, НЕ сте нормални ако дадете пари за вакво срање, фани бе правосмукалката издувај бе шо маж си ебате мажот.....
800 евра за стројникот + мораш на нусето и на нејзините да му купиш злато, па и одржување отпосле поарно земи си правосмукалка поефтино ќе те фати :D
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Сега ми текна, јас кога го зедов чудово еден параноик ми искоментира во стил, купувате вакви работи, не сфаќате дека собира дата што димензии ви се становите па сето тоа оди кај големите корпорации :facepalm:

А за миленик, што знам, ми доаѓале со миленици на гости, имам и јас, не го ни регистрираат дека шета а и не ми делува конструкцијата дека така лесно би се оштетила.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.412
800 евра за стројникот + мораш на нусето и на нејзините да му купиш злато, па и одржување отпосле поарно земи си правосмукалка поефтино ќе те фати :D
Не можеш да ебеш правосмукалка...
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.724
Поени од реакции
9.759
Бев кај една бивша на посета, студентка беше па и купиле старите мал стан за да не се замара по студентски домови. Станот 28 квадрати со се купатило и гледам Roomba...си велам заеби, од оваа домаќинка не бидува :icon_lol:

Пошто и јас нели ерген и живеам сам, се мислев помеѓу робот и оние безжичните правосмукалки во рака што се и се одлучив за второво. Повеќе контрола, повеќе "сила", различни површини...20-30 минути неделно не се којзнае што.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.343
Јас мислам да ја земам да ми чисти, измеќари да не плаќам, на долг рок ќе ми се исплати @Vladimir1984 изгледа ќе леташ од работа
 

Kajgana Shop

На врв Bottom