Бугарите не дигнале побуна, дигнале четите на ВМРО заедно со локалното македонско население, а Бугарите како и секогаш си седеле настрана и чекале исходот. Да им беше толку битно востанието на "браќата бугари" во Вардарска Македонија немаше да седат со скрстени раце.
Инаку, чудно делува ослободувањето на "србите" по 500 години турска власт. Еве неколку примери како српската војска го ослободувала "својот народ":
ТЕРОРОТ ВО КОЧАНСКО-ВИНИЧКИОТ И ЦАРЕВОСЕЛСКИОТ РЕГИОН ВО ПЕРИОДОТ ЈУЛИ-АВГУСТ 1913 г.
Териториите на Кочанска околија, Виничко и западниот дел од Царевоселска околија (Каменичко), за време и во првите денови по завршувањето на втората балканска војна, ги снашла вистинска катастрофа, како во поглед на човечкиот потенцијал така и на сите видови на материјални добра. Оваа територија за време на втората балканска војна често ги менувала воените господари, бугарски, српски, час со неа владееле бугарските, час српските и црногорските војски.
Со оглед на тоа што ова подрачје се наоѓало во центарот на воените дејстнија, тоа било посетено од членовите на Карнегиевата комисија, која (во својот труд Анкета на Балканите, меѓу другото, забележала: „Селото Виница, означено во српските документи како изгорено и опустошено од Бугарите при отстранувањето, српските војници при навлегувањето во него веднаш почнале да ги прашуваат селаните еден по еден, дали се Срби илн Бугари? Оној што ќе речел дека е Македонец, ужасно бил тепан. По ова, началникот на војската избрал 70 души и дал заповед да ги стрелаат… На 10. 07. 1913 г., три дена по ова во селото се вратила бугарската армија, а по извесно време пак го напуштила селото. Тогаш, освен старците, сите селани се повлекле со бугарската војска
Од цивилното население, поради здобиените рани за време на тепањето, умрел Коле Атанасов.
„Во село Блатец се повторува истата историја. Турците ги клеветат македонците како сомнителни. Затвораат дваесетина од нив, му ги извртуваат очите на едно момче за да посочи каде се сокриени парите, друго едно го фрлаат во оган за истата цел, а потоа ограбиле и опожариле цели квартови. По ова ги извеле осомничените надвор од селото. Офицерот извикал: кој може нека се спасува. Војниците стрелале на нив и ги избиле сите. Поради ваквата бесмислена осветољубиво-користољубива заповед на еден војник, недостоен да го носи тоа име, во с. Блатец, Виничко, загинале:
1. Зафир Момчилов Трајков, бил измачуван, му биле извртени очите, за да покаже каде се сокриени парите
2. Доне Темов, му биле извртени очите
3. Алекса Темов, жив изгорен
4. Ангел Мирчев, стрелан
5. Трифун Митрев,
6. Симеон Стојменов,
7. Поп Спиро Стојанов, 8. Павел Синадинов,
9. Михаил Ангелов,
Како и други 11 души селани кои биле затворени и измачувани во турската џамија, а потоа, изведени надвор од селото и во месноста „Оризарски брест”, биле стрелани.”‘
Одмаздата на српските војници врз имотот, честа и животите на селаните од с. Лаки, Виничко, била уште поголема. Тие се (нафрлиле врз селаните како на стока и ги тепале каде ќе ги престасале и со се што ќе им паднало во раце. Двајца современици, кои на некој начин успеале да го преживеат крвавиот масакр, сведочат:
„Селото беше сардисано од сите страни. Војниците влегуваа во куќите и секој што ќе го најдеа дома го тепаа и бараа пари. За пари многу го мачеа соседот Серафим Ѓоргиев. Тој пискаше колку што можеше да го држи гласот. И колку повеќе пискаше, толку повеќе го тепаа. Едно време тој го изгуби гласот и татко ми рече: „Му ја зедоа душата, кучиња!” Од
спротивната страна се слушаше врисок на женски глас. Тоа беше дода Евда Цекова. И таа престана по едно време да вика. Тогаш, татко ми рече да бегаме низ задната врата. Така и сторивме, побегнавме во шумата, во месноста „Грбовец”. На ова место пред и по нас се собра многу народ. Оттука гледавме како изгоре селото. Од 145 куќи, само 3 не беа изгорени, беа останале случајно. Кога се враќавме кон селото, на патот кај месноста „Бел Камен” го препознавме трупот на Тодор Марков, овчар, убиен на овчарската колиба. Малку панастрана од него беа парчосани други двајца, кои едвај, можеше да се препознаат оти се луѓе. Кога се вративме во селото ги најдовме избодени и потонати во крв:
1. Иван Мицев
2. Серафим Георгиев
3. Мите Јанев, парчосан на делови. Неговите блиски го „собраа” во вреќа и го однесоа во гробиштата да го погребат.
4. Евда Цекова, целата беше избодена со ножеви и беше искрвавена,
5. Марко Гоцвв, убиен во овчарската колиба
6. Атанас Марков, негов син
7. Харалампие Митев, стрелан и избоден
8. Александрија С. Домазетов, од с. Бигла, Царевоселско,
9. Саво Александров,
10. Спасо Петров,
11. Андан Стојков,
12. Илија Пецев,
13. Петар Христов,
14. Герасим Александров,
15. Георги Јовев,
16. Ефтим Темелков,
17. Милош Еф. Темелков,
18. Стоилко Митвв,
19. Илија Гошев,
20. Коле Лазаров,
21. Мите Јанев,
22. Саво Георгиев,
23. Георги Атанасов,
И селаните од с. Безиково биле изложени на страотен терор од страна на српските војници. Кога го зазеле селото, војниците се пуштиле во грабеж и силување на жените. Две од групно силуваните жени умреле на лице место, а една друга жена умрела нешто подоцна од последиците на повредите добиени од војниците-насилници. На една од жените што ја силувале, и го испекле детето на оган. Детето штотуку наполнило една година старост. Од мажите во с. Безиково, од оние што биле фатени од војниците, не преживеал ниту еден. Имињата на убиените се:
1. Атанас Велков, дете
2. Стојмен Јанакиев, дете
3. Атанас Стојчев, стрелан
4. Иван Каранфилов,
5. Велко Илиев, ги изгубил и синот и жената
6. Георш Арсов,
7. Теодосие Христов,
8. Мито Христов,
9. Никола Ангелов,
10. Симеон Ангелов, стрелан
11. Гаврил Арсов,
12. Ангел Арсов,
13. Велин Јанакиев,
14. Лазар Тасев,
15. Стојмен Иванов, и уште 3 други селани чии имиња не се познати.
Пакрај масакрот српските војници го опожариле селото, куќите, плевните, овчарските
колиби и собраната летнина. Останатиот дел од населението побегнале во планината и во Бугарија. Стоката за која немало кој да води сметка била разграбена и стрелана од страна на војниците.
Во селото Липец српските војници паднале под влијание на Турците и крваво се пресметале со голем број селани. Едни биле стрелани, други избодени со бајонети и друго ладно оружје, а оние што останале живи, кусо време по тепањето, умреле. Селото во два наврати било ограбувано. Во првиот грабеж биле убиени:
1. Трифун Јакимов, учител
2. Нико Јакимов, брат на учителот
3. Филип Јакимов, исто така брат на учителот.
Пред да бидат стрелани долго време биле измачувани во турските гробишта. Мачителите од нив барале пари и оружје. Бидејќи немале ниту пари (ниту оружје, биле избодени со бајонети, а потоа закопани во плитка дупка од каде што им се гледале нозете. На истото место по нив биле закопани и:
4. Захариј Постолов
5. Тодор Постолов Чорбаџиев
6. Трифун Постолов 7. Симеон Ароов
8. Ампо Постолов
9. Иван Постолов
10. Мите Дамјанов
11. Илија Тирелков, гајдаџијата
12. Симеон Арсов
13. Цветан Митрев
Војниците не се задоволиле со овие жртви, туку повторно се вратиле во селото и почнале да ги измачуваат жените и уште неколкумина мажи. Меѓу сите нив на најголеми маки бил изложен свештеникот П. Георгиев на кого српските војници му забиле нож во устата. Од свештеникот војниците барале пари и оружје. Заедно со попот биле тепани и затворени:
2. Панчо Трајанов, сокршен од тепање
3. Гиго Трајанов,
4. Мише Манов,
5. Крсте Георгиев,
6. Теодосиј Постолов, беследно исчезнал
7. Спасе Иванов, тепан и измачуван
8. Мите Трајков,
9. Петар Иванов,
10. Стефан Мишев, одвлечен во шумата и беследно исчезнал
11. Евгенија Тодорова, групно давена
12. Стојна Григорова, „
13. Агница Симеонова, „
14. Стојанка Стојанова, „
Има и уште вакви ослободувања, не биле само поради востание, побуна, туку од банални причини, и не биле само во Тиквешко и Охридско.
Вакви нешта ни на душман не му се прават, а камоли на "сопствен" народ.
Со вакви приказни и страдања полна е историјата на македонскиот народ, страдања предизвикани од наводните ослободители. И сега денес, истите тие ослободители тврдат дека го ослободувале својот народ и со договори, декларации, спогодби и кузне какви други глупости го бришат прво ова, страдањето на населението, сопствените ѕверства, а после и борбата на македонскиот народ за слобода, македонскиот карактер на таа борба, на организациите, друштвата, но ни националноста на најголемите македонски херои. Ама џабе е сѐ, овие нешта се пренесуваат преку генерации, тешко дека вакви злосторства ќе се заборават и дека ќе се избришат од историјата.
Плус:
Ваквото расположение кај народот, меѓу другите го воочиле и: Љубо Јовановиќ, министер за внатрешни работи, М. Драшковиќ, министер за градежништво и М. Гуричиќ, началник во министерството за внатрешни работи на Кралството Србија, кои по извршената обиколка на Македонија констатирале:
„нема да заплачи ниту едно македонско око, ако си заминат Србите од Македонија”.
Ете и ослободителите биле свесни какво ослободување правеле.
А еве го детално периодот на целото "ослободување" од 1912 до наредното "ослободување" во 1941.
НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА ☼ ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА ☼ ако има Македонија ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА
www.makedonijaese.com