Жекс е будала и јас апсолутно не делам никакви ставови со него.
Не гледам ниту поента во изедначувањево, демек луди Жекс го форсира тоа, автоматски е глупост.
Мање-више исто државни пари?
Ако кампањата на Жекс вродила со плод кај мене, тогаш што да кажам на ова? Мислам, истиот муабет од Вучиќ што рече дека јавно ќе обелодени кој колку зема, мавташе со листови и наеднаш го снема. Па потоа немрзеливите новинари ископаа и видовме дека тоа ,,мање-више", е ,,мање" за едните, а ,,више" за државниот проект.
Резултатите во Европа се во еден дел директна последица на неверојатниот буст и монопол во ЛингЛонг тралала вана би фудбалската лига, а во друг дел ,,и ќорава кока..."
Розенборг го измлати Челзи и го набрка Мурињо. Така што, воопшто не треба да ме допре тоа што Ѕвезда случајно го победила Ливерпул.
Сезоната со Грофот е штелувана, само Ѕвезда требаше да се појави со Вождовац и да врзе повеќе од три додавања. Едниот услов. Вториот во меѓувреме се искомплицира и газдата на трговскиот центар и Вождовац се премисли и не дозволи да ги извалка рацете. Единствената непремостлива пречка, таму бургијата сепак не успеа да избуши.