СДСМ - Политичка партија

Дали ви се допаѓаат пратеничките листи со кои ќе настапува партијата на следниве избори?

  • Да.

    Гласови: 7 11,1%
  • Не.

    Гласови: 42 66,7%
  • Можеле да стават и многу подобри кандидати.

    Гласови: 14 22,2%

  • Вкупно гласачи
    63
  • Гласањето е завршено на .
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Ликовите како Тричковски, Саше, Миленко, Јанко, Томиќ и сл. се резултат на бедата која не опкружува. Баталете други општества: пред 30 години, какви и да сме биле, ваквите креатури биле незамисливи и по нивната појава обавезно се пуштала вода.
Сега расправаме за нив и им посветуваме внимание кое е толку незаслужено.
 
Член од
12 јули 2018
Мислења
1.816
Поени од реакции
5.917
Тричковски е простак, ниту го следам ниту го читам, но за Гоце и за Даме е во право. Гоце не можел да бега затоа што бил по гаќи, а Груев заборавил да стави стража во селото каде што биле, па напијано ги фатиле.
И намалете дојам за тоа стрелањето, аман.
Па и двајцата најверојатно биле предадени. Во секој случај, никој не смее да го оцрнува нивното дело.
Стрелањето го спомнав дека изјавата на Апасиев беше актуелна, инаку јас преферирам бесење.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.315
Поени од реакции
15.483
добро де....ако биле комити немале право да се поднапијат, нешто женско плус....

у ствари...кога ќе видам дека денес комитите ги критикуваат такви што ги превртуваат во кревет, наместо тие да превртуваат....:(
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
А што е битно дали е во право за Гоце и Даме?
Ни една историја на ни еден народ не е 100% па никој не моча по нејзе. У светот на лаги опстануваш со бранење на својата лага.....посебно на балканов.
Па и двајцата најверојатно биле предадени. Во секој случај, никој не смее да го оцрнува нивното дело.
Стрелањето го спомнав дека изјавата на Апасиев беше актуелна, инаку јас преферирам бесење.

А бе вие како да сте шесто одделение мајка му стара! Ќе стрелале, ќе беселе, а пушка само на Кантер страјк иамте видено. Седете мирни!
Кој се пали на Илиненско востание нека прочита што се случувало отпосле, со населението кога дошле Турците, а дечките комити ја здувнале. ај чао!
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.683
Поени од реакции
88.625
Classic Ланѓа, традиционално секогаш сере на вакви денови.
Еве пример на ден после пропаднатиот референдум...

20200802_192247.jpg 20200802_192302.jpg

Уште користи излишени финти од типот "пушка сте виделе само на Кантер"... се појавува на форумов само во одредени периоди само да сере, така е и сега, прво за изборите, сега ќе тропне нешто за Илинден, и можно е да испари до некој нареден период. Игнорирајте ја, и онака гледате дека не е со сите :)))))
 
Последно уредено:
D

Deleted member 12196

Гостин
А бе вие како да сте шесто одделение мајка му стара! Ќе стрелале, ќе беселе, а пушка само на Кантер страјк иамте видено. Седете мирни!
Кој се пали на Илиненско востание нека прочита што се случувало отпосле, со населението кога дошле Турците, а дечките комити ја здувнале. ај чао!
Дај ми добра М48 и пет куршума. На 400 метри сите пет ќе ги начукам во круг од 16цм.
Значи имам право да стрелам...
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028

Па историска грешка, не ја здувнале сите како што викаш, голем дел од четите остануваат и се борат.
 
Ајде де, дека напишавме не значи дека и вистина ќе стреламе, туку кажуваме дека тоа треба. Доста го чувавме кубурот скриен, време е да го извадиме!
А за пушка видување не се секирај, не се сите толку напредни, шетани и бањати, па да немаат видено, пукано, чистено и слични работи.
А, комитите пак ќе речам, не ги оцрнувај, затоа што додека некои седеле дома, тие гинеле за Македонија.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Тричковски е простак, ниту го следам ниту го читам, но за Гоце и за Даме е во право. Гоце не можел да бега затоа што бил по гаќи, а Груев заборавил да стави стража во селото каде што биле, па напијано ги фатиле.
И намалете дојам за тоа стрелањето, аман.
И да е така, тоа се случувало кај сите останати народи тука, па и секаде во светот, ниту Гоце бил светец, ниту па Даме, и кој може да знае од денешна гледна точка какви биле и што правале. Ама затоа можеме со сигурност да кажеме дека за разлика од овие денешните се далеку подобри, прво не бегаат за Будимпешта а второ барем они ебеле а на овие сега им ги соблекуваат гаќите а краватите сами си ги даваат.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Дај ми добра М48 и пет куршума. На 400 метри сите пет ќе ги начукам во круг од 16цм.
Значи имам право да стрелам...
Нема добра М48. Сите имаа голем трзај и мора да стрелаш 5 пробни за да видиш дали треба малку налево или надесно до метата да пукаш за да погодиш.
Автоматски споено мислење:

И да е така, тоа се случувало кај сите останати народи тука, па и секаде во светот, ниту Гоце бил светец, ниту па Даме, и кој може да знае од денешна гледна точка какви биле и што правале. Ама затоа можеме со сигурност да кажеме дека за разлика од овие денешните се далеку подобри, прво не бегаат за Будимпешта а второ барем они ебеле а на овие сега им ги соблекуваат гаќите а краватите сами си ги даваат.
Пешта била далеку тогаш, во Софија бегале.
Автоматски споено мислење:

Ајде де, дека напишавме не значи дека и вистина ќе стреламе, туку кажуваме дека тоа треба. Доста го чувавме кубурот скриен, време е да го извадиме!
А за пушка видување не се секирај, не се сите толку напредни, шетани и бањати, па да немаат видено, пукано, чистено и слични работи.
А, комитите пак ќе речам, не ги оцрнувај, затоа што додека некои седеле дома, тие гинеле за Македонија.
Кој седел дома? Луѓето ринтале како стока. Кон крајот на Османското царство не се знае кој пие кој плаќа во Македонија. Банди турски и каурски колку сакаш. На мојата прабаба татко и отишол по дрва во гората и не се вратил. Нит имало кому да се жалиш, нит да се поплачеш.
А види ги војводдите: со бради, европски одела, дотерани, исчешлани. Ако треба да бирам, би избрала да сум некој од нив, а не закрепостен селанец којшто може во секој момент да биде расчеречен на сред село.
Автоматски споено мислење:

Па историска грешка, не ја здувнале сите како што викаш, голем дел од четите остануваат и се борат.
Ако и останале, се засолниле на сенка. Не биле закачувани на ченгели, не им ги силувале сестрите на сред село.
 
Последно уредено:
Член од
12 јули 2018
Мислења
1.816
Поени од реакции
5.917
Кој седел дома? Луѓето ринтале како стока. Кон крајот на Османското царство не се знае кој пие кој плаќа во Македонија. Банди турски и каурски колку сакаш. На мојата прабаба татко и отишол по дрва во гората и не се вратил. Нит имало кому да се жалиш, нит да се поплачеш.
А види ги војводдите: со бради, европски одела, дотерани, исчешлани. Ако треба да бирам, би избрала да сум некој од нив, а не закрепостен селанец којшто може во секој момент да биде расчеречен на сред село.
Автоматски споено мислење:

Ако и останале, се засолниле на сенка. Не биле закачувани на ченгели, не им ги силувале сестрите на сред село.
Тоа е и една од причините зошто организацијата добила голема популарност и широка поддршка меѓу селското население кое било често малтретирано, крадено, тепано...
ВМРО имала авторитет како своевиден претставник на обичното македонско население, токму поради тоа што дотогаш немало кому да се пожалат.
Исто, првите афери, провали на организацијата, и затворања на членови на ВМРО биле поради ликвидација на локални бегови кои вршеле тортура.
Дома седеле градските господа, трговци, еснафи, било кои, со обезбедено богатство, без тортури од властите, со исклучоци.
Не биле сите војводи со одела, дотерани, такви се ретки. Впрочем, основачите на ВМРО биле дел од малиот број на интелектуалци од македонскиот народ, образовани низ Европа, во Цирих, Лиеж, Линц, па и на Балканот во Солун, Софија, Белград. Иако можеле да имаат релативно удобен живот и во странство, тие решиле да се обидат ги спроведат идеите за слободна Македонија во пракса преку формирање на организација која ќе се бори за слобода и ќе биде претставник на обичниот народ, а со тоа тие се спротивставиле на Турција, иако во почетните години турските власти немале појма за постоење на организација, група, која ќе ја поткопува Турската империја на територијата на Македонија.

Тие кои останале во Крушево не се засолниле под сенка, туку се бореле против околу десет илјади турска војска, а тие биле 350-370.
И нормално дека обичното население ќе го извлече подебелиот крај при неуспешно востание, за жал, тоа е за покажување на пример што ќе се случува ако некој се обиде да направи нешто слично. Така било и по Карпошовото востание, Разловечкото, Македонското (од Бугарија именувано како Кресненско од очигледни причини), така било и по Илинденското.

Тоа е тоа, подобро ужасен крај отколку ужас без крај. Таква е ситуацијата и денес, Македонците се обезименети, без сопствен јазик, историја, малтретирани и убивани од арнаути, граѓани од втор, трет, четврт ред во сопствена држава...
Затоа многу подобро е да се приклониме кон опцијата „колење, бесење”, отколку да трпиме сѐ ова. Ама сите обиди за тоа, како и за формирање на автентично македонско движење се уништувани од почеток, преку инфилтрација, малтретирање, затворање, негативна пропаганда итн.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
^Џабе објаснуваш точно нула страници има прочитано од историја и било што поврзано историја, а главен извор и' се досетки на твитер и хистерични пцуења по небањати од страна на покондурена слободоумна интелектуала.
Само чудно ми е мене зошто и покрај тоа што се куртули од Македонија и македонците и живее во западна Европа се навраќа на нас. Нели не' пцуеше од дното на душата и се откажуваше од нас милион пати.
Ајде и тоа до некаде е прифатливо, секој може да мисли и да прави што сака, но чим толку мразиш од дното на душата се што е поврзано со македонското и се откажуваш милион пати од све што те поврзува со истото е шизофрено и садо-мазохистички да се навраќаш на нас. Бркај си таму слободоумен живот без граници со арапи и црнци, дискутирај и дружи се со нив, а не вака без врска да хистеришаш и да се празниш како лудачка на нешто од кое си се откажала.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.535
Поени од реакции
9.422

ха ха имаше една порано (може уште чита кој ја знае), беше избегана дури во Босна, се пробила дури шанкер да биди, мразеше све македонско, од мајка татко па све до останато, а за чудо 24/7 беше тука со тие што од душа ги мразеше.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Нема добра М48. Сите имаа голем трзај и мора да стрелаш 5 пробни за да видиш дали треба малку налево или надесно до метата да пукаш за да погодиш.
Автоматски споено мислење:

Пешта била далеку тогаш, во Софија бегале.
Автоматски споено мислење:

Кој седел дома? Луѓето ринтале како стока. Кон крајот на Османското царство не се знае кој пие кој плаќа во Македонија. Банди турски и каурски колку сакаш. На мојата прабаба татко и отишол по дрва во гората и не се вратил. Нит имало кому да се жалиш, нит да се поплачеш.
А види ги војводдите: со бради, европски одела, дотерани, исчешлани. Ако треба да бирам, би избрала да сум некој од нив, а не закрепостен селанец којшто може во секој момент да биде расчеречен на сред село.
Автоматски споено мислење:

Ако и останале, се засолниле на сенка. Не биле закачувани на ченгели, не им ги силувале сестрите на сред село.

Прво ретко кој од оние што бегале во Софија и останувале таму, второ секој најобичен комита при ранување или афера морал да бега таму затоа што немало каде, таму било како сега што е Косово за Албанците, што и да направат никаков закон не ги стигнува.

А ова второво исто нема врска, биле облечени во одела, а што сакаш ти да носат кога биле учители, овчарски алишта ли?

Прво сите тие ја ставиле главата во торба, како ќе функционирале ако не земале пари за живот од касата на ВМРО и не се прикривале дека живеат боемски живот а не дека примарна цел им е ослободување на Македонија.

Теории на заговор можеме да правиме до утре, дали биле фатени на гаќи или на пијано не може да ги оцрни нивните дела за организацијата, туку со кои дела ќе се пофалат овие сега.

И пред се има многу војводи и комити кои ниту живееле таков живот но тоа не го спомнува никој како некоја одлика, секогаш кога се споменува вмро кај вас кои го мразите од дното на душата(нема друг народ што може да има омраза кон нешто што преставува организацијата за државата) прво ви се се софиските кафани, ебењето вдовици и распуштеници и оделата.

А тоа што Јордан Пиперката ги штител сите села во демирхисарско и бил страв и трепет за башибозукот, народот живеел послободно во неговото време, тоа што Чакаларов се борел на два фронта, не одстапувал ниедено село на гркоманите, им бил ноќна мора на властите и бил заштитник на народот, затоа и му ја сечат главата и ја сметаат за трофеј, тоа што го прави од тој дел на Македонија такви подвизи што не направил никој друг. А делото на Питу Гули кој наместо да ги извлече жената и четирите деца, одбира да умре за народот како пример, не мислејќи на неговите најблиски и нивната иднина чии деца остануваат подоцна целосно сираци и сите 3 сина исто гинат за Македонија. Или ова не ви е во полза да го спомнувате.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom