Причината зошто се користи тоа „распродавање на историја“ е затоа што не постои континуитет во наративот на државата. На пример (а има многу примери), државата Северџанистан изрично се откажува од „континуитетот“, односно наративот за постоење континуитет со државата Република Македонија. Државата Република Македонија се повикува на АСНОМ кога ја утврдува државотворноста на нејзиниот народ, а Северџанистан на Рамковен договор. Едното со другото немаат допирни точки и кога се чепка така осетливо национално прашање како државотворност, тоа значи дека се работи за сосем нова креација која се откажува од најбитните елементи на претходната.