Ова се изјави или на Бугари или на Македонци кои се на платени пропагандисти на ДПМНЕ, и сите овие се публикувани во гласила блиски на ДПМНЕ. Не знам зошто се правиш на удрен. Сеуште нема одговор на прашањето кој историски факт е ПРОМЕНЕТ и каде е ПРОМЕНЕТ? Повторно немаш приложено никаков доказ освен најефтина пропаганда.
Овој феномен на северњаците во Македонија го нема никаде, експеримент да се правеше со перење на мозоци, вакви резултати немаше да има.
Еве ја КЛУЧНАТА ТОЧКА од т.н. договор за добрососедство:
2.Во рок најдоцна до три месеци од влегувањето во сила на овој договор, со цел продлабочување на заемната доверба, двете Договорни страни ќе формираат Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на паритетна основа, за да придонесе за објективно и засновано на автентични и на докази засновани историски извори, научно толкување на историските настани. Комисијата ќе поднесува едногодишен извештај за својата работа пред владите на Договорните страни.
Имајќи предвид дека на едната страна се бугарите со нивниот неостварен сан стефански сон, а на другата заецо и сдсс кои играат all in со сѐ македонски, јасно е кои се тие "автентични докази", "историски извори", какво е тоа "научно и објективно толкување на историјата".
Плус, добрите ни соседи ги држат и конците по ова прашање и по прашањето за јазикот со она кое го користеа други наши добри соседи со години - ветото за почнување преговори со ЕУ, па така нема мрдање за сдс, иако и да немаше закани за вето не би постапиле поинаку.
Кажа заев, се договориле за Цар Самуил, Кирил и Методиј, ќе се договореле и за Гоце Делчев.
Кажа и пендарко дека Гоце Делчев се декларирал како бугарин. И така имаме ситуација да и македонските власти ја негираат македонската историја, и нормално бугарските власти и историчари.
Ама сепак, ниту ова нема да го гледате, и нема да ви е јасен показател каде е отидена работата, како и за името кое не е сменето, двојазичноста, тиранска платформа кои се во главите на вмровците, исто и ова, договорот бил добрососедски, само добро ни мислеле Бугарите како и во 1941 што ни мислеле добро и нѐ ослободувале...
И така никогаш нема да ни се доста добрините од соседите според вас, а за скоро Македонија има да ја нема заради тие добрини.