Не знам како се' уште не ви е јасно на сите дека шансата на овие избори беше трет пат (конкретно Левица), а останатото беше бирање на сиво и малку посиво (иста боја, друга нијанса).
Членот на кој сите му реплицирате го брани македонизмот иако во вмро моментално на раководни функции (вклучително и претседател) има најмалку такви фаци, а обратно во сдсм (како и секогаш) нема ни М од македонизам.
Не може вмро да помине добро на избори кога во 5ИЕ го праќа дурловски и истиот во битола го има вкупно 20 саати во цела кампања или пак да го стави во 4 Николовски да се бори со Заев (наместо Квиско), во 1 да ја пушти Гога комуњарката да игра латински танци наместо да агитира.
Во кампања, а ТРИ години е кампања - под услов да сакаш да се вратиш на власт, да не си секој ден на терен, да не си меѓу народ, да немаш фидбек од членството КОИ луѓе да ти се најдат на листи, да си ги бркаш членовите кои искрено ја сакаат партијата и на нивно место да си носиш кодоши на лидерот. Не оди тоа така.
Ќе си излезиш на кампања и по тв и интернет портали со КОНКРЕТНИ и ЈАСНИ ставови за сите отворени прашања, ќе си жртвоваш лагодност кај странски дипломати и ќе створиш сојузници меѓу народ и останати мали партии кои ќе ги собериш на едно место. Доколку имаше Жмицко јасни ставови за името и сл., лесно ќе правеше коалиција со Солза Бачев, лесно ќе прибереше и заќутеше кариеристи како Филипче реформаторот и слични.
НО ТРЕБА ДА НЕ СИ ЧОВЕК НА ГЕРМАНСКА БНД за да го направиш сето тоа, така да... јбг.
Крајно, не знам зошто рипате како попарени сите кои немате излезено на избори (а бројките покажуваат дека немате) за тоа каква ќе ви биде иднината следните Х години, ќе ви биде онаква каква што ќе ви ја сервираат курто-мурто и ДА во голем дел сами сте кабает.
Лидерот на Левица, доколку по некое чудо издејствува промена на изборен модел со една ИЕ и без излезен праг (%), во зависност од тоа колку пратеници ќе има и колку ќе знае да тактизира со странците може или да биди дел од идна влада или да ја доживее судбината на Борис Трајковски, времето ќе покаже што...
Во меѓувреме, луѓето како членот ЏоДалтон ќе се селат од државата (ако можат), а нивните родители во длабока старост и после 50 премрежја во животот своите деца и внуци ќе ги гледаат на вајбер додека соседите ги поздравуваат со "Честит Курбан-Бајрам комшија".