Дечки имам проблем со температурата на колата, па ако сте имале слично искуство, совет би бил добредојден.
Се работи за Нисан Микра од 1998. Температурата крева кога се вози на пострмен пат со нагорнина. Мислевме дека проблемот е термостатот па го сменивме, но повторно се случува истото. Потоа го миевме ладњакот неколку пати со вода. Излезе мн нечистотија и колата беше ок некое време, се до пред некој ден кога повторно на нагорнина температурата качи. Само што ке се застани и колата се става во лер, температурата паѓа и можи да се продолжи со возење. Ова се случува само ако се вози на нагорнина подолго време, на рамен пат или наизменично нагоре надолу нема проблем. Пр од БТ до ПП би стигнала без проблем, но накај Плетвар веќе би загреала и неколку пати треба да се застани за да излади.
Некој со сличен проблем и како го решил?