Сите ученици и студенти да си седнат на своите клупи

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.578
Поени од реакции
7.569
Швајцарија прва ги отвори училиштата и цели два месеци беа отворени мај и јуни и немаа покачување на случаи. Од септември школската година започнува, нема трте-мрте

Швајцарци и Американци кои живеат во Америка сега се враќаат во Швајцарија за да ја фатат школската година и децата да им одат на школо од страв дека во Америка тешко дека ќе се отворат училиштата поради набојот кој моментално постои меѓу демократите и републиканците

Член од
3 мај 2019
Мислења
17.762
Поени од реакции
9.559
Знам за дете со дијабетес. Рука у огин ставам дека неговите нема да го пуштат од септември.
Родителите на тоа дете зарем не одат на работа, сигурно не седат дома нон стоп, па и до продавница да одат, можат да го закачат вирусот и да го донесат дома..постои ли сигурност ако некој седи само дома а други шетаат дека нема да се заразиш?
Нема....и што да се прави, да се седи дома и да се чека, децата нека тупавеат, да заостанат со образованието, економијата нека влага у бунар и што..што сме добиле чекајќи до некое време што никој не знае до кога?? Година, две, три...нема да може така да функционира светот.
Младиве се отпорни на вирусот, посебно децата, да се надеваме дека нема да расте бројот на заболени меѓу нив.
Може да ги преполоват паралелките, па да одат и на смени, па ако треба и во сабота една група, а друга во недела.....мора материјалот да се научи ако сакаме да имаме барем писмена младина....
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.303
Поени од реакции
78.987
Ако збориме за основно образование.
Нашето основно образование, такво какво што е, нема да загуби ниту јота од сврхата и таа ефективност што ја има, ако биде онлајн.
Автоматски споено мислење:

Еве на пример, донесат одлука за отворање на училиштата.
Дали си свесна колку родители нема да ги пуштат децата?

Кој? Оваа држава, ваква каква што е, ќе му каже - пушти го ти детето у школо, у оваа ситуација. Тоа некој ќе го послуша, после сите здравствени фарси кои ни ги приреди државава у кризава?
Автоматски споено мислење:

Родителите на денешните деца се нажалост најконтрадикторни гомна у државава, верувај ми дека у случај у септември да ги отворат училиштата и да следат неоправдани за учениците кои што нема да одат на настава дека одма сите ќе ги пуштат децата.
Дали ти си зборел со некој родител на оваа тема?
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.471
Поени од реакции
5.474
Ви се разболувале вашите дечиња кога имало сезонски грип?
Тоа треба да ви ги реши сите дилеми за тоа дали вашите дечиња треба да идат во училиште од септември ако не се смири ситуацијава. Во декември ако не се лажам, со колешка што има 3 деца кажуваше колку нивни другарчиња биле болни, грипосани, како одделенијата биел преполовени и слично. Рачунајте дека короната во најмала рака е исто таква, само ќе мора 2 недели да седите во самоизолација ако не дај боже се заразите. Да, може да помине и само со 2 дена температура како обична настинка ама тоа е во најдобар случај.

Не е воопшто исто децата да ги пуштиш да се возат по автобуси за да отидат до школо, да седат во затворени училни по 30 денца итн. Мислиш дека основците и особено средношколците (тинејџери) ќе ти поштуваат закон за маска? И во Автобус и во Училна? Македонија е ова.Јас дур бев средно, униформите од 2ра година па се до 4та се мачеа да не научат да ги носиме. Што ќе враќаш деца ако немаат маска? Па и таа маска мора да ја носиш правилно. Не смееш да ја фаќаш со прљави раце, не смееш да ја тргаш, не смееш да ја носиш подолго од Х саати и сл. Очекуваш ДЕЦА да го почитуваат тоа ?
Од друга страна колку несовесни родители има ? Колку пати болни деца доаѓале кај мене во клас/одделение знаеш ? Па и ја сум одел јабана пошто иам проблем со носот и се затињам лесно. Секој грип и ја сум го прележувал пошто некоја експерт мамичка си го пуштила прицот/принцезичката затнат со кашлица во училница.
На 50 заболени на ден ги оставивме децата дома, сега на 200 се е нормално и уште сакаме во школо да идат.
А и уште си против вакцината... Да и ја не би се вакцинирал дур не е тестирана, дур не поминат барем 5-6 месеци со вакцинации.

Он Лајн(о) наставата е катастрофа. Што заради тоа што имаме ЛОШ кадар во образованието, што заради тоа што на трчање ја направија цела платформа. Низ повеќе западни држави со години веќе има Онлајн курсеви,колеџи,среди школи и слично. Кај нас, држава што е 0 во тој поглед тоа не може да функционира освен ако не се состави баш ЕКСПЕРТСКИ ТИМ од стварно учени и талентирани луѓе и да напраи платформа стабилна се ќе биде пропадната инвестиција. Се дур со партиска книшка се одлучува за онлајн образование ќе ни биде вака. Па електронските дневници од кога ги воведоа едно 3-4 години не функционираа како што треба. (на моја среќа). Не знам сега дали уопште функционираат како што треба.

Немаме ние култура за да се пуштат училиштата. Немаме ни култура да се учи онлајн.
Извини на израз ама буквално кај нас сега на оваа тема е
Дали змија да те апне или магаре да ти го бапне...
 
C

CoolIris

Гостин
Кога веќе отворија ресторани, кафичи, дискотеки, кладилници, луѓето прават свадби, родендени, крштевки, не гледам бојазност од отварање на основните и средните училишта како и факултети.
Оф колку дупки имаме кои треба да си ги пополнеме.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.471
Поени од реакции
5.474
Кога веќе отворија ресторани, кафичи, дискотеки, кладилници, луѓето прават свадби, родендени, крштевки, не гледам бојазност од отварање на основните и средните училишта како и факултети.
Оф колку дупки имаме кои треба да си ги пополнеме.
Мислам дека ти имаше некаде кажано дека си медицинско лице ако не се лажам. Те молам објасни како тоа 30 деца ќе седат во 1 училница. Нели вирусот и во воздух се задржува, нели и преку „очи“ може да се пренесе итн.
Едно е ти луѓе што идат на работа или прават родендени и слично само со блиски или што и да е. Сосем друго е да пуштиш деца од Петровец до Волково да се мешаат по автобуси, училници итн.

Едно е возрасен човек сосем друго е ДЕТЕ. Нас ова ни е од возрасните што претеруваа и се заебаваа. Што мислиш нивните деца што ќе напраат ? Па реално сега има Х3 заболени/луѓе што прележале од тоа што имаат објавено официјално. Државата ни е веќе трула. Тотално уништена. Фали уште дечињата меѓусебно да се испомешаат и баш колективен имунитет ќе градиме. Само здраството наше колку тоа ќе може да го издржи е друг муабет.
 
Тоа што се обидувам да кажам е дека било какви мерки и да се превземаат народот нема култура. Зошто учениците и студентите да не одат на школо и на факултет, а да прават журки?!
Кај нас децата не одат на школо, родителите ги шетаат по пракови, ги мешаат во гужви. Каква заштита е таа? Каква превенција? Колку и да се пазиш, ако другите околу тебе не внимаваат, џабе е!
Сум ЗА да се отворат училиштата, основни и средни, како и факултетите, секако со протоколи за работа!
Кога веќе се заебавме во државата, барем писменоста да не ја испуштиме скроз од контрола, иако и ова ни е на катастрофално ниво.
 
Писменоста од дамна ја нема веќе. Образованието ни е отидено у шоља и пуштено е вода. Кога на хартија имаш повеќе Економисти и Правници од фризери и електричари/водоводџии - тури му пепел. Дипломите за 10 години ни во косово нема да ни важат ако продолжиме вака.

И пак ќе кажам, има разлика. Како сакаш сфати ме. Едно е ДЕЦА друго е возрасен човек. Баш заради тие несовесни возрасни луѓе - РОДИТЕЛИ нас ни е ваква ситуацијата. Со деца пуштени по школи, само господ ќе може да не спаси. Рачунај 1 заболено дете да иде во училиште 5 дена ќе испозарази уште минимум 40 деца во таа недела. Тоа ќе ти бидат 40 фамилии од по 3,4,5 члена.

Ако не, дај да тргнеме се, и самоизолацијата да ја укинеме. Јас 22 дена ги дремам дома пошто некоја лудача отишла на работа со 38-39 температура. Околу 30 и нешо фамилии со по 3+ члена дремеме дома. Зарем мислиш дека таква особа детето нема да си го пушти у школо? Кога самата идела на работа со таква температура во време на епидемија?
Баш пошто немаме совесни граѓани државичкава мора нешто да праи. На крај краева или нека пушти се или нека почне да тепа. Пошто вака топло-ладно има само контра ефект.
Еве мене лично више ми е преку qр. Јас да пазам да се замарам други да си играат qр и ја да го јадам на крај дома ко будала. Да губам време, пари, здравје (ментално) итн. Не, ние не сме Кореа или Јапонија каде што имаат свест. Каде што деца сами си чистат ходници, училни и слично (јапан). каде што и за обична настинка си ставаат маска за да не заразат некој.
Ова ти е балкан. Ракија и салата менталитет сме.
 
Тоа ти го зборам бе душо! Џабе поштуеме ние мерки, кога некој трет не се замара!!!
Животот мора да продолжи! Државата нема намера ништо да превзема, а и да го направи тоа, сега веќе е касно. Кога би бирала образование или журки, со сигурност сум ЗА ОБРАЗОВАНИЕ!
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.471
Поени од реакции
5.474
Тоа ти го зборам бе душо! Џабе поштуеме ние мерки, кога некој трет не се замара!!!
Животот мора да продолжи! Државата нема намера ништо да превзема, а и да го направи тоа, сега веќе е касно. Кога би бирала образование или журки, со сигурност сум ЗА ОБРАЗОВАНИЕ!
Само требаат озбилни реформи во образованието. Вакво какво што е не го бива. Верувај исто мислиме за се друго освен за таа работа - ад идат децата во школо. Нема да можам јас да издржам моите блиски да идат по автобуси преполни кога секој ден има заболени. јас глумев шофер по дома само за некој да не иде со автобус до работа и назад за на крај ради идиот да се зарази некој мој близок.
Затоа сум само против. Гајле ми е за другите, мојот двор го гледам. Несакам мој блиски да страдаат, несакам некој што не е должен да страда од мене или од мој близок. Стравот е за моите дома, за моите блиски што ќе мора да користат јавен превоз со уште иљадници средношколци на којшто ги заболе дали ќе заразат некој,нив како и да е 99% се шансите да им помине само со затнат нос и 37.5 температура. :)
Се надевам дека ме сфаќаш зашто сум против.
Башка, ако дозволат, не дај боже 1 заразен да има, ќе повлече огромен број на луѓе да идат во карантин. Треба и карантин и самоизолација да се тргне за да може да се пуштат школи и факултети :)
 
Те разбирам што ми зборуваш. Истиот став го имав до пред некој ден. И сега немој да ми кажеш како тоа сум си го променила ставот во рок од една недела. Во овие неколку месеци, на дневно ниво сум ги менувала моите ставови и мислења... Ако средношколците не одат на школо, ќе идат на журки.... и пак има шанси да го рашират вирусот (што веќе се случува низ неколку градови во Македонија).... same shit, different way.
 
J

joli1

Гостин
Писменоста од дамна ја нема веќе. Образованието ни е отидено у шоља и пуштено е вода. Кога на хартија имаш повеќе Економисти и Правници од фризери и електричари/водоводџии - тури му пепел. Дипломите за 10 години ни во косово нема да ни важат ако продолжиме вака.
Убаво рече, образованието у МК е едно големо срање, толку големо што не би ни верувале постарите генерации.

Секој обид за било каква реформа е уништен од страна на партиски вработените професори кои немаат појма од ништо и кога нешто не им одговара ги манипулираат децата и ги мобилизираат на протести.

Чист пример беше екстерното тестирање, погодите кому не му одговараше? Се разбира дека на професорите кои си лупаа оценки онака како сакаа, некому подобри поради познанства и лижење газ, а некому помали бидејќи ученикот "го довел авторитетот во прашање" на професорот, како и на учениците кои добиваа оценки преку врски и на оние чии што оценки не беа правилни.

Не дека екстерното тестирање беше најбоља мерка икад уведена, си имаше и тоа пропусти од типот на паѓање на серверите, ретардирани прашања итн, но сето тоа можеше да се среди. Секој кој што имал заслужена 5ка по било кој од предметите истото и го добиваше на екстерното тестирање.

Кога учев у Скопје околу година дена, искрено бев многу задоволен од професорите и нивниот начин на предавање, како и тоа дека нонстоп ги туркаа напред талентираните ученици според тоа за што се талентирани, но во мојот град образованието е толку срање што мислим дека повеќе време имам пројдено во канцелариите на директорите и кај психологот него во училница поради мојот револт спрема професорите кои уопште не се ни трудеа да не научат нешто или да ни објаснат нешто у врска со предметот кој го предавават, па нивното "предавање" беше од типот отвори таа и таа страна, прочитај, напиши ги прашањата од книгата во тетратка и напиши одговори.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.303
Поени од реакции
78.987
хах, ќе ги пуштеле училиштата
колку само деца нема идат на настава, тоа е чудо едно
 
Kajgana Shop

На врв Bottom