Лампард на доживотна игра во Англија
Хозе Мурињо смета дека Френк Лампард треба да ги „откачи“ „Барселона“ и својата кариера да ја заврши во „Челзи“.
Шефот на англискиот тим смета дека неговата желба е лесно остварлива, ако се земе предвид новиот договор.
Фудбалерот од „Манчестер Јунајтед“, Гери Невил, се обиде да го испровоцира Мурињо, велејќи му дека неговите клучни играчи ќе се разбегаат по европските клубови.
Што се однесува до Лампард (27), тој има уште три години игра пред истекот на досегашниот договор потпишан на 90 000 фунти неделно. Мурињо во врска со тоа ќе изјави: „Верувам дека пред да му истече договорот, ’Челзи’ ќе му понуди договор за до крај на неговата кариера.
Мислам дека нема шанси Френк да и се приклучи на ’Барселона’. Тој има таков договор што се сомневам дека некој друг клуб може да го понуди. Ние немаме потреба да продаваме играчи и тој го сака Челзи,“- објаснува шефот на англискиот тим.
Мурињо исто така стави до знаење дека сака да го задржи францускиот одбранбен играч Вилијам Галаз, кој го привлече вниманието на „Јувентус“.
За претстојниот натпревар против Худерсфилд што треба да се одигра утре Мурињо смета на Маниче кој дојде од „Динамо Москва“.
„Доколку е потребно, заедно со Макалеле, Лампард, Есиeн, Дидра и адаптација на Џо Кол или Еидур Гудјонсен, Маниче би бил последниот дел од стабилноста на централната зона“- зборуваше Мурињо, кој за „Ливерпул“ додаде дека биле досадни.
Сепак, Португалецот признава дека тоа е тим со одлична одбрана и дека надмудрувањето е единствениот начин за победа. Според стручњакот во борбата со конкурентите, емоциите треба да се остават настрана